Еден од вицевите што поубаво ме насмеале у последно време:
Иде зајко кај мечката цел енергичен и и вика: Мецо дај бе да размаваме некој, иам вишок енергија, ми се тепа нешто!
Мечката му враќа: Ајде бе може, кој да тепаме?
Зајакот: Ајде на волкот ќе му се ставиме!
Мечката: Абе добро зајко, ама ни треба причина, не можеме туку-така да му дојдеме и да го истепаме.
Зајакот: Епа ајде, ќе го истепаме пошто не носи капа!
И одат кај волкот, го гледаат без капа и зајакот му вика: А ти не носиш капа, а? - И го истепале.
По некој ден доаѓа пак зајакот со вишок енергија и истиот муабет, пак да му се стават на волкот. И вика: Ај овојпат ќе му побараме цигара, ако ни даде со филтер, ќе му кажеме "зашто даваш со филтер а не без?" и ќе го истепаме. Ако ни даде без филтер, обратно.
И одат кај волкот и зајакот му вика: Волче, дај цигара!
Волкот: Добро ама... со филтер или без?
Зајакот и мечката се гледаат меѓу себе, па по 10 секунди зајакот му вика: А ти пак не носиш капа а ?!
