Некоја бабичка оди во златара и вика:
- Дајте ми ја буквата В за на ланче.
А златарот и одговара:
- Немаме, се потроши, знаете гужва е сега.
- Леле, и сега што да му купам на Вилипче за матура?
Две госпоѓи во најдобри години решиле да излезат навечер сами без мажите. Вечерале, се напиле доста и дошло време за дома. Попат им се примочало. За да не им светкаат белите газиња во градската темнина решиле да скршнат во гробиштата покрај кои минувале и таму да ги извршат природните обврски. Нормално немале тоалет хартија. Првата се забришала со своите гаќи и ги фрлила. На втората и било жал за гаќите, па откинала парче од венец и завршила работа.
Утредента двајцата мажи си се пожалиле меѓусебно:
- Знаеш, жена ми синоќа се врати дома пијана и без гаќи - рекол едниот.
- Не е тоа ништо одговорил другиот. - Мојата исто се врати дома пијана без гаќи, а од газот и штрчеше лента на која пишуваше: ".... Никогаш нема да те заборавиме. Перо, Миле и фудбалски клуб Слога"!!!
Заљубена девојка праќа СМС со многу љубов на мобилниот телефон на својот сакан:
Љубов моја,
Ако спиеш, прати ми го твојот сон,
Ако се смееш, прати ми ја твојата насмевка,
Ако пак плачеш, прати ми ги твојте солзи.
…Те Сакам!
Дечкото одговара:
Љубов моја,
Серам…. Што да ти пратам??