Вицеви без наслов 2 дел

Купил некој дечко порше и шиба на автопат 150, кога на ретровизорот гледа коњ одма позади него. Си рекол овој "Абе ова порше е, не е заебанција" - и стиснал на гаста. Оди поршево 250, а коњот уште позади него. Се изнервирал дечково, па застанал во кафана покрај патот и порачува две дупли виски. Келнерот го гледа изнервиран, па го прашува:
- Што е бе дечко, што се нервираш?
- Абе остај, порше купив и ја мислев кола сум купил, а тоа на 250 еден коњ ме следи, ко точак да возам.
- А, коњот бел ли е?
- Да...
- Абе остај го тој будала е!!!
 
Во еден бар седат заедно еден богат и еден сиромав.
Сиромавиот го прашува богатиот:
- Што и купи на жена ти за роденден?
- Мерцедес и 24 - каратен дијамантски прстен - одговара богатиот.
- Зошто си и купил две работи?!
- Па, ако не и се свиѓа прстенот, ќе се качи во мерцедесот и ќе оди да го врати.
Кратко време потоа ништо не зборуваат. Потоа богатиот прашува:
-А ти што и купи на жена ти?
- Јас и купив фикус, влечки и вибратор.
Богатиот се збунува малку, незгодно му е, но сепак прашува:
- Зошто си и купил три работи?
- Па ако не и се допаѓа фикусот може да си ги облече влечките и да оди да се ебе!
 
Оди еден маж на лекар:
-Докторе,имам голем проблем,само мора да ветите дека нема да ми се смеете!
-Секако дека нема,јас сум професионалец,и еве за овие 20 години работа,не сум се насмеал на еден единствен пациент.
-Во ред-вика мажот и ги соблекува гаќите.
-Докторов го гледа најмалиот алат на светот,и наспроти ветувањето почнува малку да се смешка.Така се повеќе и повеќе,и почнал да се смее до солзи.
-Навистина ми е жал...незнам што ми стана,нема да се повтори.Добро,кажете ми во што е тука проблемот?
-Отечен е. :pos2:
 
Маж се прибира со жена од бар. Утрото се буди и вика:
- Крокодил, крокодил!
Жената се буди и го прашува:
- Каде, каде?
Мажот одговара:
- Леле, леле, па и зборува.
 
Другари прават муабет:
-Мора да ја одржуваш кондицијата. Пример баба ми почна да пешачи на 60 години, сега има 94 и сеуште не знаеме каде е.
 
- Мамо, мамо, учителката денес ме праша дали имам браќа и сестри кои треба да почнат со училиште наскоро.
- Убаво од неа што прашала. Што ти кажа кога и одговори дека си единец.
- Имало господ!
 
За време на ручек, таткото го советува синот:
- Сине ќе ти кажам три
причини зошто не треба да јадеш толку брзо:
1. Не е културно;
2. Не е здраво;
3. За мене и мајка ти нема ништо да остане!
 
Зошто маж и жена никогаш не се разбираат?
Зашто кога жената вели:
-Тука е таков неред, дај.
Мораме ние двајцата да се спремиме.
Твоите работи лежат на подот
и ако не ги дигнеме и не ги испереме веднаш
утре ќе бидеш без облека.
А еве што мажот слушна од ова:
Бла бла бла бла бла ДАЈ
бла бла бла бла бла НИЕ ДВАЈЦАТА
бла бла бла бла бла НА ПОДОТ
бла бла бла бла бла ВЕДНАШ
бла бла бла бла бла БЕЗ ОБЛЕКА
 
Како почнува тестаментот на Киро Глигоров? -АКО некогаш умрам...
 
Еден дечко ја вози девојка си накај дома кога таа одлучува да спие кај својата другарка наместо дома. Нејзината пријателка живее подалеку од патот па таа му вели на своето момче дека ќе се соблече гола за него, ако тој ја одвезе кај пријателката.
Момчето вели ок, и девојката ја соблекува целата облека од своето тело, и останува целосно гола.
Момчето е толку зафатено гледајќи ја голата девојка и успева да го заглави автомобилот, а и себе си измеѓу воланот и седиштето…
И вели на девојката да оди по помош, таа одбива бидејќи е гола и се срами да оди така, а тој и го дава својот чевел за да ги сокрие своите интимни делови…
Девојката истрчува така гола, само со чевелот меѓу нозе и стигнува до една бензинска пумпа.
Таму му вели на човекот кој полни бензин: Брзо, помогнете ми, помогнете ми, дечко ми се заглави…Можете ли да ни помогнете?
Човекот гледајќи ја гола само со чевелот меѓу нозе, и вели: Жалам, но тој веќе е премногу внатре…
 
Што последно му кажува жена самоубиец на својот маж откако ќе се нареди со бомби пред огледало?
-Да не ме прават дебела?
 
Си Разговарат Двајца пријатели и едниот му вика на другиот Ако на еден брод имало 99 патници, колку останале кога се превртел во морето.
- Поим немам!
*- Па 66!
 
-Се шетаат двајца луди по улица....
-Едниов му вели на другиов:
-Ако педерите светеаа Атина ќе беше Лас Вегас.
 
Бил Гејтс добил пиштол на подарок, на којшто пишувало: "Press any key to continue"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom