Дошла зебрата малку во Европа, да види што има, малку да се прошета. И, на една фарма, најпрво среќава една крава.
- Извини, што си ти?
- Јас сум крава.
- А со што се занимаваш, за што служиш?
- Па ништо, јадам трева, после ме молзат заради млекото, понекогаш ме колат заради месото и така...
На зебрата и паднало чудно и продолжила понатака, кога таму гледа една свиња.
- Кој си ти, што си?
- Јас сум свиња.
- А за што служиш ти?
- Јас само јадам, ме гојат, и потоа пред крај на годината ме колат и од мене прават колбаси, пршки и слично.
Господ да чува,помислила зебрата и тргнала понатака, па наидува на кокошка.
- Што си ти, жити мајка?
- Кокошка.
- А ти за што служиш?
- Јас си клифкам наоколу, понекогаш ќе снесам јајце, и на крај ми ја откинуваат главата и ме печат, или така нешто слично.
Леле луд свет - помислила зебрата и тргнала понатака и доаѓа до една штала, а во неа коњ.
- Кој си ти сега?
- Јас сум коњ.
- За што служиш ти?
- Слечи ја пижамата па да ти покажам!