Вицеви без наслов 2 дел

Тргнал тигарот да се шета во џунглата и видел некое магаре, почнал да кружи околу него, па го прашал: - Абе, магаре, кое е најсилното животно во џунглава? Магарето цело потресено: - Па, ти си тигре, нормално. Продолжил тигарот понатаму, па видел елен. Се приближил до него и му го поставил истото прашање. Еленот пребледнел кога го видел, ама собрал сили па одговорил: - Тигре, нема посилен од тебе! Тигарот полн со самодоверба, оди понатаму, се доближува до еден слон и го прашува: - Еј, слону. Кое е најмоќното животно во џунглава, а? Слонот го фаќа тигарот со сурлата околу вратот, го крева и треска двапати од земја, го витка како топка и го акнува од дрво. Се созема тигарот, па коментира: - Добро бе слону, ако не го знаеш одговорот, не се нервирај толку.
 
- Што е тоа: тешко е 300 килограми, зиме грее, а лето виси на дрво?
- Немам појма.
- Печка.
- Е како печка да виси на дрво?
- Па шо ти е гајле тебе јас кај ја држам печката лето.:toe:
 
Млада девојка од село се подготвува да замине на студии во град, па мајка и ја подучува:
- Слушај ќерко, градот е опасно место за младите девојки од село! Таму ќе ти пријде некое момче, ќе ти каже дека си убава, ќе те однесе кај него во стан, таму ќе скокне на тебе, а потоа лелееее, ќе ти умре мајка!
По два месеци ќерката се враќа дома, а мајката ја прашува:
- И како беше?
- Леле мамо, се беше како што ми кажа! Само што пристигнав, ми пријде едно момче, ми кажа дека сум убава, ме однесе во својот стан ...
- И?
- И таму јас скокнав на него, нека умре неговата мајка!
 
Бил Ладен распишал конкурс за терорист кој ќе се удри со авион во Ајфеловата кула. Во последниот круг на тестирање останале Талибанец, Ирец и Србин.
Бил Ладен го прашува Талибанецот:
- Ти бе, колку пари бараш?
- Милионче! За жена ми, и 10-те деца да имаат што да јадат.
Сега го прашува Ирецот.
- А бе, јас би сакал 2 милиона, еден за жена ми, а еден за љубовницата.
И на крајот доаѓа на ред србинот.
- А ти бе, колку сакаш.
- 3 милиона!
- Е ај не заебавај, што ќе ти се толку пари кога ќе умреш?
- Е па вака: еден милион за тебе, еден милион за мене, и еден милион за Талибанецот да ја заврши работата!
 
Како умрел Мујо ?
Си купил нов бумеранг, а стариот го фрлил.

***

Влегува баба кај лекарот:
-Докторе,мене сите ме игнорираат!
-Следниот!

***

Некој ѓуптин полагал за кола.
Оди во авто-школа и возат со инструкторот, по некое време инструкторот го прашува ѓуптинот:
Каков знак е овој?
- 100% алумиуниум шефе.
 
Се шетаат двајца пијаници навечер по една улица, едниот погледнал во небото и вели:
- Види го сонцево што свети, ме заболеа очите!
Другиот му вели:
- Тоа не е сонце, туку месечина!
Одејќи понатаму се среќаваат со еден човек, па го прашуваат:
- Извинете, ик...дали она горе е сонце или месечина?
- Кое: ова лево или она десно?
 
Си биле глуп, поглуп и најглуп и паднале на пуст остров! И фатиле златна рипка и таа му рекла:
Ако ме пуштите ке ви исполнам 3 желби и тие ја пуштиле.
И сега глупиов викат:Јас имам жена да ме вратиш! И таа го вратила.
На поглупиов викат:Јас имам жена и деца да ме вратиш! И таа го вратила.
Најглупиов незнаел што да рече и рекол врати ми ги двајцата!
 
Ги собрал лавот сите животни на работ од една огромна карпа и им рекол:
- Кој ќе има муда да рипне од карпава, ќе биде мој најдобар другар и ќе може да ми ја секса жената.
Се гледале животниве збунето меѓу себе, поминало еден час, поминале два часа, три часа, ништо не се случува. Таман лавот решил да си оди, бидејќи ништо не се случувало, кога одеднаш слушнал едно дебело ТРАС. Дотрчал лавот до карпата, погледнал надолу, кога го гледа медо како станува и се тресе од прашината. Погледнал мечокот нагоре и рекол:
- Лаве, кажи и на лавицата да се спреми за жесток секс, а тебе, зајко, има да тибам матер.
 
На час по логика Ацо прдна, ама цела училница засмрдела, да копа. Професорката го избркала. Ацо излегва и почнува да пцуе:
- „Да ти ебам логиката...“
Директорот го сретнува и го прашва зошто пцуе по логиката.
Ацо вели:
- „Мене ме избркаја од час да дишам свеж воздух, а тие внатре дишат смрдеа, шо логика е то???“
 
Се јавува човек на пријателот:
- Еј, што викаш да свртиме партија шах вечер?
- Не можам, баба ми умре.
- Големо чудо, ај ти ќе бидеш со црни фигури.:pos2:
 
умираат пушач, пијаница и наркоман и се наоѓаат во чистилиштето.
Пушачот вели:
- умрев од пушење, белите дровови за никаде
Пијаницата вели:
- умрев од пиење, црниот дроб за никаде
Наркоманот вели:
- леле ама сум се надувал и со мртви зборувам
 
Се возел човек во автомобил. Било глува доба од ноќта. Мирното возење во ноќта било наеднаш попречено од едно црвено џуџе кое како од земја да никнало пред автомобилот. Човекот изнервиран излегува од автомобилот и вика:
-Па добро бе дали си ти нормален ?...Знаес ли дека можев тост да те напраам?...
И џуџето му одговара:
-Јас сум црвено џуџе и сум педерче, и сум многу гладно...
Човекот се сожалил , отишол до колата и му дал некој сендвич
Продолжил со возењето, но пак бил попречен од џуџе , но овој пат од зелено.
Џуџето му рекло:
-Јас сум зелено џуџе и сум педерче и сум многу, многу жедно.
Човекот и покрај тоа со бил бесен, се сожалил и му дал минерална вода од автомобилот.
Таман да си рече дека е тивко и убаво....неговото возење било попречено од сино џуџе.
-Па добро бе дали си ти нормален? Знаеш ли дека можев да те напраам плескавица?
Знам се...ти си сино џуџе и си педерче и ај кажи сеа што сакаш?
-Ве молам господине вашата возачка дозвола,сообраќајната и личната карта..... :pos:
 
Неколку жени тргнале на одмор и влегуваат во хотел на чија врата пишува "Само за жени".
На рецепција симпатичен младич им објаснува: "Хотелот има пет ката. Одете кат по кат и изберете го оној што најмногу ви одговара. Но кога ќе поминете на повисок кат, нема да можете да добиете соба на некој од пониските". Тргнале жените по скалите и на првиот кат прочитале: "Тука ќе ве служат мажи со куси и тенки". "Ха", рекле тие и продолжиле понатаму. На вториот кат стоел натписот: "Тука ќе ве послужуваат мажи со куси и дебели". Тие заклучиле дека работите одат на подобро, па продолжиле на третиот кат. Таму пишувало: "Тука ќе ве задоволуваат мажи со долги и тенки". Уште подобро, но сепак се упатиле на четвртиот кат, каде пишувало: "Тука ќе ве послужат мажи со долги и дебели". Жените се воодушевиле и се упатиле на петиот кат. Но таму пишувало: "Тука нема мажи, бидејќи жената е невозможно да ја задоволиш!"
 
Во купе во воз седат Грк, Македонец, стара баба и плавуша.
Влегува возот во тунел и за неколку секунди се слуша силен сочен шамар. Кога возот излегол од тунел гркот имал црвен образ, но никој не прозборел - па така секој размислува во себе:
Бабата си мисли:
- Сигурно Гркот ја фатил плавушата па оваа му плеснала една...
Плавушата мисли:
- Хмм, Гркот сигурно сакал да ме фати, но во темница ме промашил ја фатил бабата и оваа му плеснала една...
Гркот мисли:
- Македонецот сигурно ја фатил плавушата, а таа сакала да му удри шамар, но го промашила и ме удри мене...
Македонецот мисли:
- Уф, едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го расшамарам Грков!
 
Бил Зајко в кафана и се опијанил многу.И трнал да си оди ама многу бил пијан и паднал под некое дрво и заспал.Дошле двајца волци и почнале да се тепаат за кој да го изеде на зајко.Се тепале така и се убиле двајцата еден со друг.Станува зајко сабајлето ги гледа волциве умрени цели во крв и вика:Море ко че се опијанам не знам шо прам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom