Вицеви без наслов 2 дел

Се јавува директорот на лудница во полициска станица и бара помош за фаќање на пациентот кој избегал тој ден.
- Висок е метар и педесет, многу е слаб и тежок околу двеста килограми...
- Тоа не е можно, човек од метар и педесет, слаб, а тежок двеста килограми?!
- Па нели ви реков дека е луд!
 
Отишла некоја тетка на гениколог арно ама многу ама баш многуууу била дебела и едвај седнала на столот..Се соблекла и се наместила па докторот започнал со работа...гледал одоздола гледал се чудел... гледал така 1 саат...гледал 2 саата ...Тетката исплашена од ситуацијата му рекла на докторот:
-Докторе абе шо биде оваа..2 саата ме гледате ништо не кажувате..само гледате!!
Докторот: Тетке ај прдни,чисто за ориентација.:pos2:
 
Мара влегува во продавница за домашни миленичиња и на излогот гледа еден папагал од 100 ден.
- Во што е штосот, зошто го продавате толк ефтино, прашала Мара...
- Ех, знаете тој папагал живееше во јавна куќа па кој знае што има научено таму...
Бидејќи на Мара не и сметало тоа си го купила папагалот. Кога стигнале дома папагалот почнал да зборува:
- Нова куќа, нова домаќинка...
Мара се насмеала, во тој момент влегува ќерка и папагалот почнал повторно:
- Нова куќа, нова домаќинка, нова девојка...
После некое време Блажо си доаѓа дома и папагалот почнал:
- Нова куќа, нова домаќинка, нова девојка, здраво Блажо...
 
Си седат госпоѓа и господин во воз! Госпоѓата ненадејно прднала и се вцрвенила.
- Извинете господине, ќе ве молам ова да остане меѓу нас!
- Меѓу нас!!! Море отворај прозор!!!
 
Отишле две русокоси да направат тест за бременост. Прво влегла едната, па по 10 минути излегла од ординацијата.
- И како помина? - ја прашува другата.
- Па добро ...
- Тешки беа прашањата?
 
Разговараат татко и син:
- Тато, ај бе купи ми тротинет!
- Синко, немам пари, нема тротинет.
- Ајде бе тато, сите деца имаат.
- Ама ти не си како сите деца.
- Тато беее ...
- Марш бре у п.... матер, Нема тротинет.
Детето разочарано излегува во дворот и го гледа петелот како ги брка кокошките и им се качува. Зело тоа еден камен, го ѕвекнало петелот по глава, тој "капут", а детето коментира:
- Маме ти е..., ако јас не возам тротинет, и ти нема да возиш кокошки.
-------------------------------------------------------------------------------
Татко и Мајка решаваат да се сексаат арно ама децата нонстоп со нив по дома и никако не можат па тој и рекол кога ке седнеме да ручаме ти ке си истуриш супа на тебе и ке одиш до тоалет и ја као ке идам да ти помогнам и ке напраиме работа. И добро седнале да ручаат и мајката истурила супа на неа и почнала леле што напраив па таткото почнал да и вика несмасна кокошко и отишла оваа во тоалет и татково вика ке идам ја да и помогнам и почнале таму работа да праат и после некое време едно од децава вика што направија бе овие ке одам да видам и кога отишол да види гледа дека се сексаат и вика: Немој некој да истурил супа тато ке го утепа од ебење!
--------------------------------------------------------------------------------
Дедо немал секс со баба подолго време.Седејки до ќумбето му се дигнал и радосен и вика на баба да оди горе во спалната и да се спреми. Идејки нагоре со бастунот му требало повеќе време почнал да му се спушта и пак се вратил назад да се грее. Така неколку пати. Се изнервирал дедо го земал лопатчето го наполнил со жар и пак почнал да се качува нагоре. Кога видел дека пак почнува да му се спушта го ставил под него и му рекол:
- ааа жиж, жиж.
 
Во автобус едно дете буљи еден човек.
- Чиче, да не си Јапонец?
- Не, не сум.
После некое време.
- Чиче, мора да си Јапонец?
- Не, не сум.
После некое време.
- Чиче, а бе Јапонец си!?
- Е добро де Јапонец сум и престани веќе!!!
- Чиче, е ако си Јапонец зошто не ти се коси очите?
 
Вистински случај
Во авион седат Французин, Шкотлаѓанец и Авганистанец. Поминува стјуардесата и ги прашува што ќе се напијат:
Шкотлаѓанецот: Дај ми мене шкотско виски.
Французинот: За мене ќе донесете француско виски.
Авганистанецот: Фала, не треба ништо за мене, ќе го возам авионот сега.
 
Авион лета на релација Загреб - Скопје
Се приближува авионот до Скопје и се јавува пилотот и вели
- Контрола овде летот Б95 имаме проблем со вратата доле кај тркалата не се отвара!
-Овде контролата лет Б95 пробајте исклучете ја навигацијата да се редуцира енергијата можеби ќе се отвори вратата
- Ама контрола навигацијата е веќе исклучена.
- Лет Б95 пробајте да го исклучите едниот мотор и тоа ќе ја редуцира енергијата.
-Контрола негативно едниот мотор веќе одкажа летаме со само еден, што да правиме се приближуваме до пистата.
- Лет Б95 повторувајте сите по мене " Оче наш ти кој си на небеса ...... " :pos2:
 
- Зошто градниците се поскапи од гаќите?
- Па млекото секогаш е било поскапо од јајцата...
 
Се побуниле животните од зоолошката поради лошите услови за живеење.
И нормало отишле пред парламентот да штрајкуваат. Влегува лавот како цар на животните да преговара. Излегува после 10 минути нервозен бидејќи никој не го есапел. Сега се понудило магарето да влезе, да проба и тоа да преговара.
Ете го излегува магарето за 5 минути, целото накезено:
- Момци завршив работа, сите услови ни ги прифатија, не сум знаел колку школски другари сум имал тука!
 
Се враќа жена доцна навечер дома. Ја пречекува мажот и ја прашува:
М: Кај си мори до сега ти?
Ж: На курс.
М: Тоа "С" на крајот за камуфлажа да не ти е?
Ж: Не бе, за множина.
 
Синот го прашува татко си:
- Тато, зошто се врти светот?
- Ти, пак си пиел од моето шише, а?
 
Си биле двајца ретардирани и се наоѓаат на улица.
Првиот: Се извинувам колку е саат?
Вториот: (вади топломер) Четврток.
Првиот: Фала не пушам.

:pos2::pos2::pos2:
 
Македонец Грк и Бугарин се возеле со авион и паднале на пуст остров Ги фатило глад и во остатоците на авионот нашле една искршена јадица, но за нивна среќа со таа јадици ја фатиле златнат рипка која му рекла стандардно "ако ме пуштите ќе ви исполнам на сите тројца по една желба".

Бугаринов и Грков посакале од рибата да ги врати дома, рипкава се согласила и ги вратила. И на крајот дошло ред на Македонецов, се мислел...се мислел и рекол: абе враќај ги ваму што можеш побрзо, што ќе праам јас на островов.



Блажо имал многу проблеми со мувите во неговиот стан, никако не можел да заспие. Утредента заминал на пазар и на една тезга здогледал спреј за муви.

- Извинете да ве прашам, како се користи овој спреј за муви, го прашал Блажо продавачот.
- Па види вака, најпрво ќе ја фатиш мувата за крилјата и со спрејот ќе и шприцнеш два пати директно во фаца, и за неколку секунди мувата ќе умре.
- Па добро јас ако ја фатам мувата ќе ја отепам, во тој случај не ми треба спреј.
- Добро, можеш и така, а можеш и вака како што ти кажав.




Блажо имал голем проблем со меморијата, отишол на доктор и му рекол:
- Докторе! Помагајте имам голем проблем...

- Кажи бе Блажо, за каков проблем се работи?
- А бе д-ре, заборавам како се викам, каде живеам, како се вика мојата жена, каде работам, се заборавам... помагај те молам!
- А од кога си ваков? го прашал д-рот.
- Каков бе д-ре....? зачудено прашал Блажо.




Ѕвони телефонот во полицијата се јавува цајканот и слуша:
- На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И ќе исклучи. После некое време пак ѕвони и пак исто:

- На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И пак ќе исклучи. И така 7-8 пати и на цајканот му се здосадило и го чека пак да се јави. И еве го вика пак:
- На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И цајканот му вика:
- Море човек што ако стигнале дрва таму?
- Море како што ако. Ти знаеш ли кој живее во таа куќа?
- Е кој живее?
- Море човек, таму живее Перо.
- Е што ако живее Перо?
- Море тој е најголем дилер на дрога, и дрогата ја пренесува во дрвата.
И му ислучува и типот ѕвоне кај Перо:
- Перо сеа ќе дојдат десетина цајкани да ти ги исечат дрвата. Тоа ќе бидат истите што лани ми го ископаа лозјето кога бараа хашиш!:pos2:

- Докторе, вие ли ми ги препишавте овие таблети за јакнење?

- Да, зошто?
- Не можам да го отворам шишенцето.:pos2:

Ловат двајца рибари...

не им гризе, си муабетат:
- А бе што имам дома жена, ружна, поружна - здравје!
- Немој бе така, жена ти е!
- Што бе жена, да видиш каква е згужвана у фаца, дебела...
- Немој бе, нема смисла...
- Што бе нема, прљава, смрди целата, не се издржува...
- Па добро бе, што не ја оставиш ако ти е толку одвратна?
- Ми сере црви за по риба!:pos2::pos2:

Што е разликата помеѓу штрковите некогаш и сега?
Порано носеле деца, сега птичји грип!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom