Шетаат малиот Гоце со татко му и Гоце цело време прашувал нешто.
- Тато, што е она?
- Тоа е црква сине, таму се оди за празници, за крштевки...
- А тато, што е она? И покажува на јавна куќа.
- Ееее тоа ти е сине мало, скапо ама слатко задоволство.
И стасале дома и татко му му дава 100 денари да си купи нешто.
И нормално Гоце право отишол кај малото слатко задоволство. Ги ставил парите на шанк и побарал нешто слатко. Жената кога го видела му намачкала три лепчиња со џем. Овој двете веднаш ги изел а на третото само го излижал џемот. Кога дошол дома кажал на татко му дека бил на тоа слаткото место и на овој му паднало мрак на очи.
- Тато, двете ги мавнав како од шала, а за третата немав сила па само ја излижав.
*****
Диме бил на печалба во Германија и не му текнувало да се врати дома. Еден ден му се јавува Паца:
-Слушај море Диме, кај не доаѓаш, прати барем една слика да те видам, а и мајка ми сака да те види, те заборавивме како изгледаш.
Диме решил да им ја исполни желбата па се сликал гол. Долниот дел од сликата сакал да ја прати на жена му, а горниот дал на баба му. Арно ама ги смешал сликите и така ги пратил. Кога пристигнале сликите Паца го гледа горниот дел на сликата...
-Е Диме Диме без мене си ослабел, никаде ти ги нема образите.
Во исто време и баба му ја гледа долниот дел од сликата, ги става наочарите...
-Е Диме Диме истиот си остана небричен, запуштен и краватата пак на криво си ја врзал
*****
Мите му вика на Господ: - Цел живот сум бил побожен, не сум грешел, не сум правел бељи, е сега би сакал пред смртта ако може до Хаваи да отидам. Тоа отсекогаш ми била желба. Само ако може до таму мост да ми направиш за да возам, бидејќи се плашам од висина и не можам да одам со авион, а од бродови добивам морска болест па ќе ти приумрам додека дојдам таму. - Види Мите, технички е невозмоно, океанот е длабок, не е возможно да направам толкави столбови, па морето е немирно, може да биде многу опасно! Ај кажи друга желба. - Добро тогаш, ај објасни ми ја женската филозофија .... - Слушај, сакаш мост со две или три ленти?