Вицеви без наслов 2 дел

Изгледа од исто место сме ги копирале вицовите... Ама овој ја што го копирав како поубав ми изгледа :pos2::pos2::pos2:
 
Во автобус едно дете буљи еден човек.
- Чиче, да не си Јапонец?
- Не, не сум.
После некое време.
- Чиче, мора да си Јапонец?
- Не, не сум.
После некое време.
- Чиче, а бе Јапонец си!?
- Е добро де Јапонец сум и престани веќе!!!
- Чиче, е ако си Јапонец зошто не ти се коси очите?
 
Влегува господин во неговиот омилен ресторант и седнува на неговата омилена маса. После мало разгледување забележува млада убава жена како седи сама. Го вика келнерот и му вели да и однесе на младата дама шише од најубавото и најскапото вино. Господинот е уверен дека ако го прифати виното го очекува долга и возбудлива ноќ. Келнерот го носи виното и и вели:
- Ова вино е од господинот што седи на онаа маса.
Жената ладно го гледа шишето и одлучува да му испрати порака на господинот. Припремува парче хартија и му ја дава на келнерот. На хартијата пишува: "За да го прифатам виното кое многу љубезно Ми го понудивте морате во гаражата да имате Мерцедес, 1 милион евра во банка и во гаѓите да имате 20 сантиметри!"
Господинот ја чита пораката и одговара на истиот начин: "За да ја исполнам вашата желба би можел да ги продадам Ферарито и Ламбурџинито па дури и мојот Ролс-Ројс за во гаражата да ми остане само Мерцедес SLR. Би можел да инвестирам, па дури и да поклонам 19 од 20те милиони евра што ги имам во банката, но за ништо ама за ништо на светот па дури ни за убава дама како што сте вие не би отсекол 5cm од тоа што го имам во гаќите! Затоа бидете љубезни и вратете ми го моето вино!"
 
Скокаат двајца падобранци од авион и не можат да ги отворат падобраните.Паѓајќи надолу така по патот сретнуваат двајца што одат нагоре и ги прашуваат:Еејјј да не знаете како се отвараат падобраниве?А овие двајца велат:Не бе, ние сме деминери.
 
Се карале три црнчиња чиј татко е поцрн:
- Татко ми кога ќе се исече, црна крв му тече!
- А татко ми кога ќе се исече, црна коска му се гледа!
- А татко ми кога ќе прдне дома, три дена сме во темница.

:pos: :pos: :pos:
 
Во купе во воз седат Грк, Македонец, стара баба и плавуша.
Влегува возот во тунел и за неколку секунди се слуша силен сочен шамар. Кога возот излегол од тунел гркот имал црвен образ, но никој не прозборел - па така секој размислува во себе:

Бабата си мисли:
- Сигурно Гркот ја фатил плавушата па оваа му плеснала една...

Плавушата мисли:
- Хмм, Гркот сигурно сакал да ме фати, но во темница ме промашил ја фатил бабата и оваа му плеснала една...

Гркот мисли:
- Македонецот сигурно ја фатил плавушата, а таа сакала да му удри шамар, но го промашила и ме удри мене...

Македонецот мисли:
- Уф, едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го рашамарам Грков!
 
Отишол Цветко во полициска станица целиот истепан со модрици, и го прашуваат:
- Кој те истепа така бе?
- Жена ми
- А зошто?
- Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашин.






Отишол Перо струмиџанецот во Србија и седнал во некоја кафана...Дошол келнерот и го прашал што ке се напие и овој одговорил:
- Па може чај.
Келнерот го прашува:
- Чега???
Перо: Па може и од чега


Наставничката го прашува малиот Трпе:
-Што треба да се јаде пред спиење?
-Бибер.
-Како бибер?
-Па мојот татко на мајками секоја вечер и вика:Срце дај да ти го забиберам за подобро да спиеш

toa ti e cista vistina se raboti za blagoj istatov koj koga igral za partizan so drugarite posle trening otisle na caj i go prasale caj moze od cega moze i od cega :)
 
Умрел Бил Гејтс и отишол кај Господ и бидејки направил многу за општеството Господ му рекол да бира каде сака да биде во рајот или пеколот. Оди Бил во рајот гледа потоци славејчиња, добри луѓе, и потоа оди во пеколот. Таму гледа журки, пиење стриптиз свашта! и се враќа кај Господ и вели во пеколот ке одам. Господ рекол добро како сакаш ти, и оди Гејтс во пеколот и веднаш го стават во казан и го варат! и Бил го прашува на Ѓаволот - абе кога дојдов не беше вака ! еее епа тоа беше SCREEN SAVER братче!!!

Некој вентрилоквист приредувал претстава. Таму , со неговата кукла кажувал секакви вицеви, вклучувајќи и вицови за плавуши. По еден час, некоја плавуша не можела да издржи повеќе и почнува:
-Како не ти е срам да кажуваш такви вицови. Зар бојата на косата не прави нас, плавушите, некакви други суштества, а не луѓе? Зошто мора секој да не дискриминира за постојано да не исмеваат? Заради луѓе како вас ние не сме прифатени како нормални човечки суштества во општеството.
Вентрилоквистот почнува да се извинува , а плавушата:
-Ма ќути ти, не ти зборам тебе, на таа куклата и зборам.

Си разговарале 3 пријатели за своите синови. И првиот вика :
-Мојот син е многу успешен. Почна како обичен дизајнер, а сега има своја фирма и дури му поклони една куќа на еден пријател.
Вториот : Јас сум многу задоволен од мојот син, започна како продавач на коли а сега има своја фирма. Дури му подари 2 нови коли на еден пријател.
Третиот : Мојот син беше продавач во една продавница за бела техника. Сега е сопственик на неколку продавници и на еден пријател му купи плазма телевизор, ДВД плејер и компјутер.
Потоа им се придружил уште еден човек кој рекол:
Мојот син не е многу успешен. 12 години работи како фризер и стана хомосексуалец. Ама од друга страна, последните 3 дечковци му купија куќа, 2 коли, компјутер, телевизор и ДВД.:pos2:
 
Две плавуши заглавиле во лифт и еднава целата успаничена почнала да вика: помош, помош ...
Другава ја гледа и и вика ај да викаме заедно. И оваа почнала: заедно, заедно
 
Како се вика на Бумбар на унгарски?
- Несереешмедтурбo.:pos:
 
ова е дефинитивно најгадниот виц што сум го прочитала


- Доаѓаат 3 болни од туберкулоза во болница ама немаат кревети во болницата.
Ги сместуваат во eден ходник. Болниве немаат што да прават и викаат ќе плукаат во една кофа.
Кој промаши ја пие кофата. И плукаат и ја полнат до врв. Еден од нив промашува и почнува да пие.
Пие, пие, пие... и наеднаш застанува.
- Што застана бе, го прашуваат другите двајца.
- Малку да си поџвакам...
:pov:
 
Некој ученик на часот по логика прднал. И наставникот веднаш го истерал надвор.
И ученикот цело време во ходникот повторувал дека нема логика.
Го слушнал директорот и го прашал што нема логика, а ученикот му одговорил:
- Па на час по логока јас прднав а наставникот ме истера надвор мене да дишам чист воздух, а другите ги остави внатре да стојат во смрдеја.:vozbud:
 
Седат Перо и неговиот шеф, и Перо му вика на шефот:

- Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?

- Како тоа бе Перо?

- Така бе, нема човек жив на светот што не ме познава!

- Абе иди губи се бе тиквар некој, тебе те знаел цел свет.

- Ајде бе шефе, кажи еден човек на планетава, кој било, сигурно ме знае!

Шефов вика: - Ајде бе! ...Те знае ли...Том Круз?

- Пих...како не ме знае, нормално дека ме знае!

- Ајд бе креле едно, јас плаќам карти, одиме во Америка! - се изнервирал шефот, и фатиле авион, директно во Холивуд, му ѕвонат на Том на врата.

Отвара Том Круз, и ко од пушка: Hey Pero! How are you man? Come on in! Come! Го гушка Том, Перо а, шефот вчудоневиден!

- Глеаш шефе дека сите ме знаат?

- Гитла бе ти некоја фора ми правиш...Те знае ли бе Џорџ Буш?!

- Тууу бе шефе, Џорџ ми е еден од подобрите пријатели!

- Епа ај дур сме тука, идеме до Вашингтон, ќе ти ебам, тебе претседател на Америка нема шанси да те знае...

И одат Перо и шефот во белата куќа, ѕвонат, и отвара Лора Буш:

- Ohoo Pero, what a wonderful surprize! Come on in, George is in the backyard!

Шефот вилицата до земја! Не му се верува што гледа! Делириум...па вика:

- Перо, нема шанси тебе папата да те знае!

- Хахахаа шефе бе, па Папата ми е куќен пријател! Со моите од мали нозе се знае!

- Оди бе лажго еден, одиме во Ватикан одма! -вика шефот...

Одат во Ватикан, Недела ден...Папата од Балконот миса држи, а илјадници верници пред него..Перо вика:

- Шефе, нема да ме види вака, многу гужва е, ќе одам јас, ме знаат стражарите, ќе ме пуштат да се качам докај него...

Шефов паѓа од смеа, ама ај, му вика, оди.

Се качува Перо на балкон со Папата, се прегрнуваат, Папата мафта на народот, Перо исто до него, двајцата насмеани и мафтаат....

Се симнува Перо доле кај рајата, и го бара шефот, гледа на едно место собрани поголем број луѓе во круг. Се бута Перо, и гледа легнат шефот на земја, срцев удар доживува...

- Шефе бе! Шефе бе шо ти е?!

- П...п...п.п.перо....не мможам......пппперо бе...

- Кажи шефе, кажи!

- Се можев да поднесам...и Том Круз, и Буш....те гледам и тебе горе...со папата...ама дамла ме удри кога еден тука ме подбуцна, и ме праша: - Абе, кој е оној горе до Перо?!
 
ова е дефинитивно најгадниот виц што сум го прочитала


- Доаѓаат 3 болни од туберкулоза во болница ама немаат кревети во болницата.
Ги сместуваат во eден ходник. Болниве немаат што да прават и викаат ќе плукаат во една кофа.
Кој промаши ја пие кофата. И плукаат и ја полнат до врв. Еден од нив промашува и почнува да пие.
Пие, пие, пие... и наеднаш застанува.
- Што застана бе, го прашуваат другите двајца.
- Малку да си поџвакам...
:pov:
Еве еден погнасен:
Си седеле на иста маса во народна кујна лепрозен,слепец и поп....
И јадат а попов почнал да повраќа..
Лепрозниот му вели:
-Попе да не ти се гади да одам јас на друга маса??
А попот му враќа:
-Абе не е до тебе овај слепецов цело време наместо од ваганче од на тебе мака
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom