Некое дете отишло да го краде крстот во црквата и попот го видел и му вика стој, детето рипа низ прозорецот, попот не знае да рипа. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето го краде крстот, попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трча попот не знае да трча. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето го краде крстот, попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трча и попот трча, детето се качува на дрво попот не знае да се качи. Вежбач вежбал и научил.
Следниот ден детето го краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трча и попот трча, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегло од дрвото попот не знаел да слезе. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето го краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трча и попот трча, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегло од дрвото и попот слегол од дрвото, детето рипа во реката попот не знае да рипне. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето го краде крстот, попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трча и попот трча, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегло од дрвото и попот слегол од дрвото, детето рипа во реката и попот рипа во реката, детето почнало да плива, попот не знаел да плива. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето го краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трча и попот трча, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегло од дрвото и попот слегол од дрвото, детето рипа во реката и попот рипа во реката, детето почнало да плива и попот почнал да плива, детето излегло од реката попот не знаел да излезе. Вежбал вежбал и научил.
Следниот ден детето го краде крстот попот вика стој, детето рипа низ прозорецот и попот рипа низ прозорецот, детето трча и попот трча, детето се качува на дрвото и попот се качува на дрвото, детето слегло од дрвото и попот слегол од дрвото, детето рипа во реката и попот рипа во реката, детето почнало да плива и попот почнал да плива, детето излегло од реката и попот излегол од реката и го фатил:
- Е ај сега кажи зошто толку време го крадеше крстот?
- Добро ќе ти кажам, но немој да кажеш на никој.
И попот не кажал на никој.