Вицеви без наслов 2 дел

Седи рибар на брег од едно езеро и лови риба. Му приоѓа еден човек и го прашува:
- И, како оди ??
- Одлично !! Уловив крап од 20 килограми.
- Прекрасен улов. Но, да се претставам, јас сум чуварот на ова езеро, а овде риболовот е забранет.
- А јас господине сум најголемиот лажго меѓу рибарите.
 
Се изгубил некој човек во пустина и после неколку часа на силното сонце, исцрпен, најдел извор со вода и еден змеј до него како спие.
Почнал да го мава змејот со камења,и после некое време змејот му вика
-Шо ме маваш цело време бе, шо сакаш?
-Сакам да пијам вода од изворот.
-Епа пиј бе кој ти брани.
:pos:
 
Седи мажот пред ТВ и вика “А БЕ ШО ПРАИШ БУДАЛОО... НЕЕЕ, НЕЕЕЕ!!! ПУУУУ СЛЕПЕЦ ЕДЕН!!! ...“
излегва жената од кујната и го прашува “Шо гледаш миличок?“
“Снимка од нашата свадба“
 
Таткото го прашува синот:
- Сине, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
- Водоводџија, чистач на базени, пожарникар....
- Женоооо, малиов ги нашол порничите!!!

Хахаха
 
Касно во ноќта ѕвони ѕвончето:
- Кој е ?
- Полиција, отворете!
- Нема никој дома!
- А кој зборува?
- Ви се причинило.
- А зошто свети?
- Чекај сега ќе угасам!
 
Мажот се прибира дома и нaсекирано и вели на жената:
– Имам сериозен проблем на работа...
– Драги, сега сме во брак. Никогаш не вели "јас имам проблем", речи"ние имаме проблем".
– Добро. Ние имаме проблем на работа. Нашата секретарка ќе има дете од нас.

Кога мажот и зборува безобразни работи на жената тоа е сексуално вознемирување, а кога жената му зборува безобразни работи на мажот, тогаш тоа е 45 ден. минута + 18% ДДВ ...

Одат дечко и девојка во кино и дечкото бара 2 карти .
Благајникот прашува : За Hobit нели ?
Дечкото :Не,не таа ми е женска ....
 
Влегува човек во аптека:
- Ве молам лек против икање.
Аптекарот се доближува до човекот и му залепува шамар. Овој изненаден:
- Зошто ми удривте шамар!?
Аптекарот:
- Тоа секогаш помага, а нема да ве чини ништо.
Човекот:
- Да, ама лекот е за жена ми.
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 23:00 ---
Полицаец кара пијан шофер:
-Абе, нели знаеш дека ако си пиел воопшто не смееш да го допреш воланот?
-Доста бе шефе, јас и вака едвај возам, а камо ли без раце…
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 23:01 ---
-Душо какво кафе сакаш?
Би сакала да е јако, но меко, нежно да го преврти мојот внатрешен свет, да ми ги открие искушенијата на овај свет и да ми предизвика нови чувства.
-А да ти ставам јас една ракија?
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 23:02 ---
Пријатели на телефон:
Ало брат како си , што правиш?
Еве бе брат и помагам на жена ми усисавам со правосмукалка.
Како бе не ти е срам, остави жената нека си работи!
Па брат бе, како она ми помага кога перам!!!!!
 
Овчарот Трпе се оженил. Бидејќи работата му била да ги пасе овците во планина се договорил со жена му кога ќе пукне со пушката оваа веднаш да дојде и да имаат секс.
Еднаш така било, вторпат исто, третиот пат овој пукал, пукал, жена му никаде ја немало. Се симнува Трпе лут од планината, влегува дома, и го прашува татко му.
- Кај е онаа мојана, цел саржер потрошив!
- А бе сине откако почна сезонава на лов, онаа твојана не се прибра дома
 
Oди девојка на пластичен хирург за да и ги зголеми градите, се свлеква и доктора ја гледа.. пули рамни гради ... мали цицња... се мисли се мисли и и вели:
А да ти пришијам кур ??
 
Влегол човек во продавница за домашни миленици и бара да купи папагал. Продавачот му покажува три и му вели дека првиот чини 5.000 денари.
- Зошто е толку скап?
- Па знае 1,000 зборови, а решава и математички задачи.
Вториот чини 10.000 денари бидејки знае 5,000 збора, решава математички задачи и креира компјутерски програми.
- А третиот колку чини?
- Епа овој е 20.000 денари.
- Па што знае овој да прави?
- Не знае ништо, ама овие другите го викаат ШЕФ
 
Татко и син на пазар.
Синот - "Тато тато шо се овие? "
Taткото - "Црни сливи".
Синот - "Ами зошто се црвени?"
Таткото - "Оти уште се зелени"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom