Вицеви без наслов 2 дел

Врв на пијанство: Си доаѓаш дома камен пијан и му викаш на татко ти: Познат си ми од некаде.
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 14:51 ---




Тројца војници ги заробила непријателска сила и ги спремала за погубување. Пред да ги погубат, на секој од нив му дале како последна желба да си го избере последниот оброк.
Италијанецот:
-Јас сакам порција шпагети.
Му даваат порција шпагети, па го убиваат.
Французинот:
- Јас сакам суфле.
Му дале на него суфле, па го утепале.
Македонецот:
- Дајте ми мене порција јагоди.
Овие зачудени:
- Јагоди сакаш?! Па сега не е сезона на јагоди!
Македонецот:
- Е ако де, можам јас да чекам.
 
Врв на пијанство: Си доаѓаш дома камен пијан и му викаш на татко ти: Познат си ми од некаде.
Тоа му се случи на едно мое другарче од средно. Се направил муле, си отишол дома, не можел да отклучи за да влезе, татко му слушнал дека тропа и му отворил.
Овој камен пијан почнал да му вика: "Кој си ти бе? Шо бараш тука?". Татко му го скинал од ќотек и после цело средно, кога излегувавме, се враќаше дома секогаш то полноќ :D
 
Рамче и жена му сакале да пренесат твор преку граница, иако бил забранет пренос на животни. Пред граница:
Жено бутај го творов во гаќи!
Ама Рамче смрди многу.
Бутај го мори!
Ама смрди, труе…
Абе бутај го, па ако треба и нека се отруе.

:D
 
Математика
На час учиш: 2+2=4
За домашна имаш:2+2-3=1
На тест: Летаат две овци, едната розова, другата десно. Колку кошта килограм асвалт, ако кравата има 7 години?
 
Ќерката го замолила својот строг татко да излезе со другарките.По многу молење тој се сложил но и рекол да биди дома во 23:00. Ќерката си дошла во 23:30,цела искината во облеката и расплакана.Таткото: Кај си мори досега??Знајш колку е сато?? Ќерката:Ама тато ме силоваше еден мањак! Таткото: Силовањето трај 10 минути а ти касниш,кај беше досега?


Еден ден си возела змијата точак.Ја сретнал зајакот,и и рекол: Ej,каде вака? Змијата:Eве,си возам со точакот. Зајакот:A како возиш точак кога немаш нозе? Змијата:Ејјј,дааа бее! и паднала... (многу е глуп вицот ама се имам отепано од смеење,незнам зошто)
 
Си бил некој силен човек и отишол во странство да работи како пожарникар.
Кога стигнал таму веднаш се фатил за работа. Една зграда горела и тој бидејќи бил силен останал да ги лови жртвите долу. Неговиот колега ги фрлал луѓето и тогаш фрлил еден црнец и тој го оставил да падне. Тогаш колегата го прашал:
- Зошто го остави?
А тој одговорил:
- Па нели ти реков изгорените да не ги фрлаш. :)



Жената сонува страшен сон и се буди со врескање. Мажот се буди и ја прашува:
- Душо што ти е?
- Сонував дека ме бркаат канибали, а пред мене бездна. Немав избор и морав да скокнам. За среќа успеав да се фатам за една гранка која што штрчеше од карпите и се разбудив.
- Гледаш, те спаси гранката. Сега можеш да ја пуштиш и да продолжиме со спиење.
 
Се заебаваат двајца цигани:
-Ај кажи два?
-Два.
-Да ти го кла.
Сеа другиот вели:
-Ај ти речи девет?
-Девет.
-Да те ебам вкревет.
Другиот сеа да му врати му вика:
-Ај речи ти молив?
-Молив!
-Да те ебам!!!! Можи нема рима, ама има за ебење! :pos:
 
Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.
Професорот надмено вели:
- Птиците и свињите не седат заедно.
- Во ред, тогаш јас ќе одлетам. – се преместил студентот.
Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.
Доаѓа време за полагање. Студентот оди и одговара за десетка. Професорот му поставува последно трик-прашање:
- Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?
- Со парите, професоре.
- Јас, пак, би го зел паметот. – остро рекол професорот.
- На кого што му фали, тоа ќе си земе. – му одговорил студентот.
- Во просторијава има еден голем идиот! – свикал професорот.
- Но, добро е што барем си признавате. – одговорил студентот полн со разбирање.
Професорот нервозно го зел индексот и во него напишал само ГОВЕДО.
Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно рекол:
- Извинете професоре, овде само сте се потпишале ама не сте ми ставиле оцена.
 
Влегуваат во кафич Туборг, Бекс и СКОПСКО. Туборгот порачува Туборг. Бексот порачува Бекс. СКОПСКОТО порачува Пепси. Го прашуваат:
- Зошто порача Пепси?
- Па кога никој не пие пиво, нема ни јас.
 
Командирот на некоја полициска станица им рекол на полицајците наредната вечер сите да одат на Фигаровата женидба(опера). Полицајците се спремиле,се костумосале,купиле подароци и така дотерани стигнале ...Командирот кога ги видел почнал да вреска: Глупави едни,тоа е насловот на операта,вие буквално свативте дека ќе има женидба!Колку сте прости! Тогаш еден од полицајците му рекол: Па добро командире,ние не ви се смеевме ниту пак ви викавме кога отидовме да го гледаме Лебедово езеро а вие дојдовте по купачи.
 
Два лиљака висат на гранка во нивната претпознатлива положба.
Едниот се исправа , стои така 10 минути и повторно се враќа во првобитната положба.
-Брат , шо ти бидна бе ?
-Еј , ќути брат , се онесвестив !!!
:LOL::D:LOL:
 
Уапсиле странец кој ограбил
златара. Го сослушале но ништо не
го разбрале па викнале преведувач.
Му рекле:
- Кажувај каде е златото! Преведувачот му превел, а
уапсениот одговорил:
- Не сум ограбил ништо.
Преведувачот превел.
Полицаецот извадил пиштол, му го
ставил на лицето на уапсениот и рекол:
- Кажувај каде е златото, инаку ќе ти
го разнесам мозокот!
Преведувачот му превел на
уапсениот и овој веднаш
одговорил: - Го сокрив во паркот, го закопав до
корените на најголемиот бор.
Преведувачот преведува:
- И да пукаш нема да ти кажам!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom