Ви се случило ли некoгаш фризерот да ве "осакати"?

  • Креатор на темата Креатор на темата SNooPy
  • Време на започнување Време на започнување
Во седмо одделение ме осакати бајаги во шишкиве. Нешто пократки и од овие ми ги напрај, лудило.
83796695_Detail.jpg
 
аууу...не да ме имат осакатено...шишки 0ми ги напраи една неписмена фризерка:pos2::pos2:
 
Сега ќе ви кажам вистинска случка. Жената на еден пријател земала да го шиша пријателот, ама немала некое искуство во шишање и го направила за никаде. И пријателот ја зема колата и оди на бербер и стигнува таму, седнува на столчето и вели: мајсторе можеш ли ова да го поправиш. Кога го здогледал берберот прво што рекол било: А бре кој те шишаше да му го ту*ам. А пријателот, како да каже дека женаму го шишала. Само молчел..... И така ми вели тој на мене додека го поправил берберот едно десетина пати повторувал: Абе кој те шишаше да му го ту*ам...:toe:

П.С. Наравоучение: Не дозволувајте заради едно шишање, берберот швалер да и биде на вашата жена...:helou:
 
Баш пред некој ден убаво ме осакати. Косава не ја шишав(уште то ми фалеше), ама зато шишкиве ми ги напрај ко со заби да ми ги кинела...скали. Една година сама ги шишав и ај си прам сега постручно демек, и се зафркнав.
 
Мене еднаш се скали, скали ме направи. Па одозгора ми вели: Е што бе ти да не сакаш за 100 денари лифт да ти направам. :uvo::nesum:
хаах:pos2: јака финта е оваа

Инаку мене не ме имаат осакатено, туку јас ја имам осакатено сестра ми како мала кога испробував да бидам фризерка на неа (очигледно не ме бивало):toe:
 
хаах:pos2: јака финта е оваа

Инаку мене не ме имаат осакатено, туку јас ја имам осакатено сестра ми како мала кога испробував да бидам фризерка на неа (очигледно не ме бивало):toe:

Добро е што на прва си сфатила дека овој занает не ти оди. :) Има фризери што сеуште не сфаќаат дека не не имм оди занаетот и упорно осакатуваат луѓе. :) :smir:
 
Мене ме имаат осакатено и тоа многу!!! бев знам прва година средно и отидов кај една фризерка што многу ја фалеа... И и објаснив се како сакам и онака знам дека беше нешто пред летен распуст!! а јас претходно се имав шатирано и и викам малку шатираново да ми го извади и само врвовите скоро 2 сантиметри, а она не 2 сантиметри туку 30 сантиметри!!!! имав многу убава долга коса и на крај си отидов со кратка никаква коса што немав ни за репче.. и од тогаш немам отидено кај неа..:nesum:
 
Пред 3 години бев во фризерница која што се наога во моја населба..и дадов слика како сакам да ме шиша и горните делови од косата ми ги направи кратки ко шишки..безвеза ама сепак не ми беше толку грижа зашто косата брзо расте :smir:
 
не... а и не сакам да замислам како би изгледал кога би ми ја утнале фризурата :ija:
 
Да...бев кај една фризерка што премногу ја фалеа и многууууу ми ја скрати косата. Ама ако ќе ми порасти .:salut:
 
Фризер/ка не се сеќавам да ме осакатил.
Можда понекоаш да ме скратиле пократко од шо сум им рекла, ама ептен екстремно нагрдвење не.

Ама, зато е тука брачеда ми златна. :back:
Ко сме биле мали, ме фатила ме иштрапала со ножиците, дупки по цела коса, убо шо ми била бушава. И шишките до пола чело ми ги напрајла. И после ме мачкала со еурокрем на глава за да не се познават :pos::pos:
Идиот.
 
дааа
Пред некој ден бев на фризер, ми ја скрати многу косата и ми направи високи степени....ич не се аресам ама ајде ке порасне....
 
Да ми се има случено фризерот да ме осакати...едно 100 пати!
Кога бев мала плачев ,сега веќе не се замарам.
 
Па еднашка бајаги ме има заебано...Како мал прв пат бев на шишање сам иначе со татко ми одев.И одев кај еден фризер ама турчин и зборуваше македонски, ама не можев да го разберам многу чудно зборуваше.И нешто ме праша и не го разбрав и му реков ДА.И човекот ме ишиша кратко само шишките ми ги остави подолги за нагоре да ги кревам(ние во струга го викаме кремче тоа).И од што ми беше срам да му речам да ги скрати шишките си отидов таков.Кога дојдов дома сестра ми се изгази од смеење, а родителите се воздржуваа да не се насмејат.И после мајка ми ме среди ми ги ишиша и шишките.
 
Секогаш идам кај истата фризерка и секогаш пред да се шишам некако поразлично од минатиот пат се плашам да не ме осакати и на крај се испаѓа добро. Не знам зашто имам толкава недоверба во жената а ме нема до сефа зезнато :toe:
И за полуматура кај неа отидов да ми направи фризура и пак така се плашев и и цвилев дома на мајка ми и на крај супер ми испадна... Бог да чува :jaj:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom