Ви се случило ли некoгаш фризерот да ве "осакати"?

  • Креатор на темата Креатор на темата SNooPy
  • Време на започнување Време на започнување
Хаха... шојма да ме осакати, војничка фирзура е стандард, кај кој и да појдиш бербер сите знаат да ја стрижат :), така да си неам мака до сега видено.

А и коса е јебига, расти, за 2 месеци пак треба да се стрижи.


П.С. Немојте главата само за стрижење да ви служи.
 
ме нема онака убаво осакатено ама се нервирам кога ќе им кажеш само врвови да скратам а они уште 10 цм повеќе:nerv:
 
Кој баксуз сум јас само ...умирам за долга коса и сите околу мене ги замарам ,и отечувам...и се , и на крај ме ошутуват...така!!!!
 
Само нека смее да ме осакати пак јас има да ја осакатам...Косата ми беше вистинска свила за да на крај морав да ја носам приберена,а за шишките да не зборам.Ко пасена да бев од напред,срека можев да ја приберам во шнола инаку немаше да излегувам од дома со месеци.:icon_lol:
 
Ошутено ја носам така да нема шанси да ме промаше некој :) :) :)

Патем за коса кога ќе слушнам дека плачел/а некој/а ми иди да си пукам во главата О_о
 
Ошутено ја носам така да нема шанси да ме промаше некој :) :) :)

Патем за коса кога ќе слушнам дека плачел/а некој/а ми иди да си пукам во главата О_о

немој да си пукаш ти углавата. трба на тој/таа да се пука углава

инаку на темава. ми се има мн пати да ме УНАКАЗИ вербер али јбг не си набивам комплекси коса е расте сепак. фала боги и брзо ми расте :)
 
Патем за коса кога ќе слушнам дека плачел/а некој/а ми иди да си пукам во главата О_о

Не си сигурно женско...не знаеш какво е чуството кога имаш пократки шишки отколку што треба a притоа си платил,за што?да личиш на пасен :pos: :icon_lol:
 
Не си сигурно женско...не знаеш какво е чуството кога имаш пократки шишки отколку што треба a притоа си платил,за што?да личиш на пасен :pos: :icon_lol:

Ќе одиш кај некој проверен фризер и додека те стрижат нема да мижиш или муабетиш ќе гледаш и ќе објаснуваш каде и колку да те скрати.....а не секој месец на нов фризер :) :) И сепак стојам на тоа дека е глупо да се плаче за коса
 
Sama se sisam sama se farbam se sama si pravam na kosava.
 
Ми се има случено еднаш. Ме направи толку неубаво, што ми идеше да си ги земам парите назад и да ја треснам со нешто по глава. :D
 
Се случило и тоа многу пати, ама се најдуваат добри фризери, секогаш гледајте дали фризерот работи 1-3 години или има долго искуство повеќе од 15 години, идете кај такви знаат да ви погодат фризура:-)
 
Ми се случило кога се шишав, ме направија како печурка во главата.:eek:
 
За машка фризура се знае бе, ќе идеш кај бербер/фризер кој ја има толку разработено раката и толку е прецизен што неможе да те осакати, а не кај стилисти дрн дрн..
Еднаш реков ќе идам кај еден фризер, не е бербер :giggle:, кога се вратив дома, цел унакажан бев, врска си немаше човекот, па мораше на кец да се шишам после.
 
Во средно кога правев фризури со подугачка коса откако ми ја направи 0.5-1 десната страна а 1-1.5 сантима левата(за ко че сум ја чешлал на десно да ми доела иста Ме утепа со муабетот хахахах Ама кај него одевме за мезење повеќе, се расфрлаше со бисери така да простено му беше.
 
Ми се има случено 2-3 пати у најмала рака. Ако се смета и тоа надвор од очекувањата тогаш повеќе од 10 пати.
Интересно ми беше помал, ко ме осакати еден ептен... гледаше формула 1 додека ме стрижеше, и ми удри рецка под 45° у шишките али онака мртов ладен као да му беше у план, и така ме остави... ја дома ко си отидов приметив... оти немам навика да ја чепкам косата додека не се измијам (а тогаш немаше миење после стрижење) :) И шо беше најинтересно ми прави реклама од ко заврши... „Да им кажеш на другарчињата до осмо одд шо се за 50 денари стрижам“. Ја прва бев тогаш... камо ли да бев осмо барем ќе знаев зошто сум осакатен... :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom