Да на сите нас ни се случило по некоја само, која е производ на фантазијата, која на потсвеста, која на сонот и парализа во сонот ( ќе ви објаснам подоцна ), а ретко која РЕАЛНО.
Вака луѓе ќе ви раскажам што преживеав и што преживувам јас затоа што ретко кој ми веруваше тогаш. Единствената натприродна работа која ја имам видено до сега ( се надевам и така ќе остани ). Се враќав од тренинг на 15години, живеев во една потемна уличка и осамена која не беше асвалтирана и затоа коли не поминуваа навечер таму. Одеќи кон дома си пеев нешто во умот и оддеднаш се свестив дека се наоѓам пред куќата во која се обеси еден човек. Тој се обеси во гаражата која беше наспроти куќата а мене ми паѓаше право во очи. Најстрашниот дел е што таа гаража имаше едно мало прозорче. Одеќи по патот и пробуваќи да останам присебен се свртив накај прозорчето. Како да знаев. Оддеднаш здогледав бел и блед лик на човек, значи не оформена глава само лик. Додека се свестив во истиот момент крвта ми се прелади и ми се стопли народски кажано. Неможев да слушам ништо ниту да зборувам, но за среќа можев да трчам како никогаш во мојот живот. Отприлика од таа куќа до дома со нормално одење има околу 60сек. т.е. 1мин. Успеав да заѕвонам на ѕвонде за 5-6 сек. Мајка ми и татко ми не ми веруваа и сакаа да ме носат на тоа место пробуваќи да ми докажат дека уличното осветлување се рефлектирало или пробуваќи да ме убедат дека јас не видов ништо. А зошто ? затоа што бев мал да сватам дека постојат натприродни работи.
Како и да е улично осветлување или било каква светилка таму немаше. Во гаражата немаше запалено ламба затоа што луѓето нижат тутун таму и си легнуваат порано. НЕМАШЕ НИШТО СО КОЕ БИ МОЖЕЛО ДА СЕ РЕФРЛЕКТИРА СВЕТЛИНА.
Како и да е таман помина стравот од тоа, јас пораснав. Замислете на 17 полни години мене ми се случи најголемата траума. Праевме муабет на училиште за духови, и јас до тогаш како голем фан на хорори, мистерии, натприродни работи на чело на темата. Инакупосле тоа со прозорецот бев многу храбар незнам зошто. Обожавав да гледам хорори обожавав мистерии и сл работи. Да се вратам на темава. Одкако си отидов дома легнав да спијам но приказните кои ги раскажуваа ми се вртеа во главата и оддеднаш добив страв како порано. Неможев да спијам ми се чинеше во секој момент дека има некој до мене. Стресни моменти има уште неколку но нема да ги напоменам од лични причини. Имав тест по хармонија, а вечерта си легнав кај 8чассот да преспијам до кај 12 и да учам цело сабајле потоа. Беше Ноември. Учев до 4 и веќе се имав повторено по неколку пати и немаше што да правам, ајде ќе спијам во дневната. Тоа беше втора по ред најголема траума. Како што спијав сонував некои глупости и наеднаш сонував како некоја жена ми се приближува и зборува/пее нешто и полека лазеќи се приближува до мене и наеднаш тој глас исчезнува со шептење и јас се будам препотен и сум убеден дека шептењето беше реално. Одев по бајачи незнам каде пробуваќи да го разјаснам ова, на бајачите ме исплашија уште толку. Страшна работа.
Се наежувам ден денес кога зборувам за ова. Колку само бев преплашен и тоа беше врв, ми кажуваа натприродни работи што нема да ги напоменам затоа што се морничави. Како и да е 2013 година сме, луѓе ако имате проблеми со духови постои "google". Се ви пишува ама апсолутно се. Духовите постојат да, али не во таква форма какви што си ги замислуваат оние кои се исплашени. Инаку еве што ми се случи мене.
Тоа со будењето продолжи во следниот месец и да биде уште пострашно, се разбудив 2-3 пати ТОЧНО ДО СЕКУНДА ВО 03:03. Според гугл тоа беше време на ѓаволот или незнам што не е битно битно беше многу страшно, необјасниво. Како се будам во 3 и 3 кога сум легнал во 12 преморен ? ПРЕМОРЕН или ПРЕНАСПАН или ПОЛН СО СТРЕС или БИТЕН ТЕСТ, КОЛОКВИУМ или нешто сл. е одговорот.
Поточно ПОТСВЕСТА Е ВИНОВНА ЗА СЕ. Да разјаснам за тие што незнаат. Свеста е она нешто кое ве одделува од луѓето кои "не се свесни дека постојат" ( ретардираните и сл. ). Потсвеста е исто така свест но која делува подоцна. Значи таа меморира се што вие меморирате со свеста и се што правите за подоцна да ве доведи да размислувате за тоа и да го сонувате нештото. Ако вие се плашите дека ќе се разбудите во 3 и 3 потсвеста делува и таа ги брои секундите за да ве разбуди во 3 и 3 само заради тоа што вие и повторувате милиони пати несвесно. Ако вие не сте свесни дека сте пред куќа со духови за која некој ви кажал, потсвеста е, вие можете да видете натприродна работа во куќата само заради тоа што потсвеста е толку моќна што може да креира илузија. Подоцна вие ќе раскажувате како вие сте виделе дух, но не сте мислеле на тоа не сте ни забележале дека сте пред таа куќа и дури одкако сте виделе вас ви текнало. Ова е објаснение на првото мое натприродно искуство.
А второто ? Кратко и јасно парализа во сон.
Детално: Кога вие заспивате под стрес, преуморени или пренаспани и сл. вашето тело има нарушен циклус на живот. Значи ако сте спиеле по 10 сати секој ден, а денес спете само 2 вие кога ќе легнете ќе чувствувате или мала доза на умор или огромна. Но колку и да не е забележително потсвеста си го прави своето. Вие заспивате и влегувате во REM фаза ( Rapid Eye Movement - Рапидно ( Многу брзо ) движење на окото ), и оддеднаш вашиот мозок се буди но командите кои треба да ги испрати до вашите екстремитети не функционираат. Што значи дека вие сте свесни. Односно тоа е тоа кога велите полу буден, или пак се разбудив и неможев ништо да мрднам ниту да викам. Едноставно е никој дел од телото не функционира, туку само мозокот се буди од сон. А зошто ?
Вие сте свесни но не целосно. Мозокот е неверојатно нешто. По природен пат тој не си дозволува да команда ниту еден дел од телото заради што вие сте САМО ПОЛУ БУДНИ. Што значи вие сте и свесни и сонувате. Сонот е причината. Ако мозокот почне да дава команди тие команди можат да се синхронизираат со сонот, или пак доколку ги отворите очите сонот да го гледате реално. Мозокот веднаш ќе го приспособи во вашата соба. Ако сонувате некој починат 100% се шансите дека ќе го видите пред вас и тоа ќе биде последно нешто кое сте го виделе. Значи дефиниција за парализа во сон е:
Будење на мозокот од REM фазата, кој за да го заштити телото од синронизирани движења со моменталниот сон, или слични илузии од истиот, не дозволува вие да помрднете ниту еден дел од телото се додека не се разбудите целосно ( што трае неколку секунди ). Ова не е страшно ниту опасно, може да биде единствено ако си направите филм дека вас ве мачеше сениште или дух како што направив јас како мал.
Значи луѓе според мене се е производ на потсвеста и на природата. Духови можеби постојат но не во форми кои можебе да си ги објасниме. Но иако толку сум цврсто убеден, јас сум голем верник и никогаш, ама апсолутно никогаш науката не сум ја ставил пред верата. Иако толку многу сум свесен и знам факти за потсвеста сеуште некои работи неможам да ги објаснам. Но едно да ви биде јасно, БАЈАЧИ, ГЛЕДАЧИ и нешто слично не се добредојдени во вашиот живот. Освен ако тие се луѓе кои ви ги препорачале многу и се стварно моќни. ДА ПОСТОЈАТ И ТАКВИ. Се што се случило необично денес, ќе биде уште понеобично утре ако размислувате се уште за тоа. Игнорирајте ги таквите работи. На почеток е тешко но потоа ќе се навикнете.