Веќе со години една случка не ми дава мир па реков да ја споделам.
година 2001 локација ( некаде во македонските шуми )
Јас како и некој други несреќници бевне мобилизирани, два дена поминавне во зградата на централното училиште .
Откако добивне униформи оружје команди и прекоманди секој со ранец и пушката на грб на позиции, некој имаа среќа да бидат распоредени во обрачот околу скопје некој ја немаа таа среќа јас еден од нив, бевне распоредени во едно напуштено село на тромеѓето македонија-косово-србија.
Уште одејки кон селото капетанот и неговиот шофер загинаа от како џипот во кој што беа нагази на противтенковска нагазна мина,знам војна е се случуваат срања и нормално е да те прати она гадно чувство дека нешто постојано те демне и само чека мало невнимание за да те раскине, но чувството кое што го имав не беше само поради тоа имаше и нешто друго но не знаев за што се работи.
По првичниот шок од случката продолживне кон селото, се стациониравне во напуштеното школо, спремивне кујна спална, митралески гнезда, наоколу поставивне нагазни мини од прилагодени М-78 на кратко го обезбедивне теренот поставивне стража и радио врска и тоа беше тоа, наше беше да не дозволиме продор од косово.
Уште првиот ден направивне патрола низ селото, куќи распаднати запуштени штали, племњи, дворови село кое што некогаш вриело од живот и детски џакор но во последниве 40 сетина години и врапците му се ретки посетители.
Редовна патрола ни беше околината на селото самото село и позициите кај што се имавне вкопано над селото, при една таква патрола враќајки се назад кон школото заостанав малку на другите двајца кој што беа со мене им довикнав дека ќе седнам малку и дека ќе ги стасам, таман тие додека да сварат по едно кафе јас ќе дојдам.
Седнав на една камена плоча која беше издигната на два камена пред една полу распадната порта со распаднати ѕидови, пушката со куршум во цевка ја потпрев на плочата, запалив цигара .полека започнав да ја одврзувам десната чизма затоа што ми имаше влезено некое камче кое што ужасно ме нервираше.
Наведнат јас ја собувам чижмата и се подигам за да ја истресам наеднаш со крајот на левото око забележав човечка силуета, уплашено и во паника не знаејки како е можно некој да ми пријде толку блиску кога се наоѓам во авлија од двете страни ѕидови ( да разрушени но сепак ги има ќе забележиш ако некој ги прескокнува ) ја грабнав пушката и ја свртев накај човекот, бев подготвен да пукам.
Полека де полека војниче, ми се обрати човекот со едната рака дигната кон мене со отворена дланка а во другата секира и ортома.
Дај да запалиме по едно цигаре, се насмеав но сеуште скептичен и не симнувајки ја цевката од него се брцнав во џебот ги извадив цигарите, двајцата седнавне на плочата и запаливне по една.
Го прашав што бара тука не ли знае дека можат да го убијат да настрада .
Абе чиче војна се води што бараш ти овде ?
Човекот ме погледна и со горка насмевка на која што и денес кога ќе се присетам ми се ежат влакнава на вратот ми одговори.
Јас немам никој и да ме нема на никој нема да му недостасувам, гледаш ли онаму ? покажувајки со прстот кон едно ритче.
Гледам одговорив.
Ете таму ми ги заклаа децата, таму ја оставив душата.
Не ми беше згодно да го распрашувам што како се случило, затоа што почна горчина да ми се собира во грлото од самата помисла дека ќе барам од татко да ми раскажува како си ги изгубил децата.
Цигарите веќе беа при крај , ме распраша и кој сум и што сум и од каде сум, ми даваше совети од каде најбрзо се стига до кој дел од селото ми ги покажуваше скришните долови и засеци, ми даваше совети каде е најдобро да застанеш без да те видат, ми го кажа местото од каде што целото село и околината се гледаат како на дланка.
На крајот фрлајки го пикавецот од којзнае која цигара по ред, ми рече синко немојте ни за жива глава да се лажете да одите онаму покажувајки кон еден дел од шумата, ги гледаш ли оние камења ?
Да ги гледам.
Тоа е проклетија немојте таму да одите .
Поминаа 20 дена имаше наизменични пукања и неколку нападни врз нашите позиции но се држевне, дојде наредба од гш тие и тие кординати да се постави гнездо. Што ќе правиш наредба си е наредба, полека полека отидовне до кординатитепочнавне да се вкопуваме, откако работата беше завршена почнав да се рашетувам нагоре надоле и да разгледувам приметив дека насекаде низ шумата има бели мермерни плочи вкопани до половина во земја,во тој момент се присетив на муабетот со чичето за проклетијата и за тоа дека не треба ни да се приближуваме, а ние се вкопавне токму во средиштето на некој си стари гробишта.
Се насмеав самиот на себе од како ми помина језата, му раскажав на беровчанецот што беше со мене тој кутриот одма почна да паничи и да се крсти, му велам не биди будала вампири ли ке не јадат ?
Абе ме се занесувај воа не е на арно на вакво место не се иди а не па да се спије, ми одговори. низ шала и смеа и заебанции на негова сметка помина денот.
Две вечери поминавне таму , третата започнаа браќата да не напаѓаат имаше пукање од двете страни беровчанецот и прилепчанецот ропотеа со пушко митралезот јас со наизменични рафали ги покривав кога правеа пауза за да се олади цевката или кога ставаа нов сандак муниција.
Се повеќе и повеќе ни се приближуваа, започнаа и со гранатирање од рачни ракетни фрлачи но бидејки бевне повисоко успеавне да ја задржиме позицијата, огнот стивнуваше и се разгоруваше целата ноќ се додека негде околу два часот не ескалира до граници на лудило, не се знаеше кој каде е се пукаше во сите правци. Започнаа да маваат по нас со минофрлачи и да не потиснуваат,чекавне засилување од скопје да дојдат хеликоптерите но никаде ги немаше. почна да врне мислиш небото и земјата се споиле а ние под силен оган се повлекуваме кон една напуштена варница за ракија , успеавне ноќта да се одржиме колку толку.
Утрото повторно наизменични пукања повторно се запнавне напред, пак сме на старата позиција чекаме засилување но никаде го нема, квечерината повторно се засилија нападите, кога во шумата зад нас забележав сенки повеќе животински ми изгледаа отколку човечки и повторно го добив она чувство дека некој ме набљудува и дека само чека момент на мало невнимание за да ме раскине, се свртев кон шумата и истресов еден рафал кон сенките. За момент се се смири завладеа една злокобна тишина која што не можам да ви ја опишам, кога одеднаш од коријата од која што не напаѓаа учките зе зачу урлање страшно животинско урлање кое што не верувам дека некого би оставило рамнодушен, се помешаа човечки и животински крици толку ужасни што не беа подносливи , долу од селото ни се јавија на врска да не прашаат што се случува дали звуците доаѓаат од кај нас. Збунет исплашен, само им одговорив НЕ и ја спуштив слушалката на рупот.Звуците на кинење ржење кршење на дрва и лелекање траеа не цели 5 минути ( мене ми се чинеше како 5 дена да траат ) Кога во сред таа конфузија повторно истите сенки од предходно што ги видов зад нас се појавија пред нас од правец на позицииве на шпонциве, се доближија на некој си 30 сетина метри, беровчанецов и прилепчанецов распалија со пушко митралезот им се придружив и јас, со сета преостаната муниција пукавне во сенките.
Повторно завладеа проклето тешка тишина, полека се повлековне кон варницата за ракија, повторно почна да врне цела ноќ слушавне детски плач не оној како што плаче гладно дете туку тежок плач потиштувачки плач кој во коските ти буши кога ќе го слушнеш , полека како што наближуваше зората така стивнуваше и плачот за да на изгрејсонце во потполност престане.
Утрото излеговне од варницата и повторно дојдовне на позиција, некаде околу 8 часот ми се јавија на рупот се договоривне да видиме што се случило и една извидница да се направи, затоа што на овие од доле не им се верувало она што им го кажале оние што беа горе на чуката.
Се симнавне долу влеговне во коријата, на сите страни имаше расфрлано крвави парчиња од униформа и крвишта имаше на сите околни грмушки и дрвја дури и земјата како да беше прелиена со крв. Им раскажав за нашата случка заклучивне дека нај веројатно се работи за волци кој што ги нападнале учкиве а потоа ни се пуштиле и нас да ни се гоштеваат, иако ми немаше логика волк да нападне во сред борба посебно кога два дена постојано се пука. Тргнавне нагоре,беровчанецот веќе пребаруваше на местото каде што се појавија сенките но не можеже да најде ништо освен големи кучешки траги кој што беа преголеми за било кое куче или волк кое што јас го имам видено, повеќе по големината наликуваа на мечкини но не беа од мечка.
Беровецот во деца се колнеше дека барем едно има упукано и дека го слушнал како квичи кога го погодил, но ете немаше ни крв ни куче ниту волк.
Решивне на никого да не му кажуваме за случката и воопшто да не ја спомнуваме повеќе ни помеѓу нас ниту пак на било кој друг.
Полпаднето дојде смена од скопје со засилување , ние се пакувавне и спремавне за одење тие се распакуваа. Случајно еден постар резервиста кој што беше дел од смената кажа дека потекнува од селото, муабет нагоре надоле се пукаше не се пукаше шо беше небеше, му кажав дека не притиснаа и дека се повлековне во варницата, овој само зачудено ме погледна и со ококорени очи и зарипнат глас ми рече.
Не сте требале таму да влегувате таму ,тоа место го викаат детски гроб турците и качаците подолу и во варницата имаат заклано деца овчарчиња , децата ги заклале кучињата ги убиле а овците ги собрале. Таткото на децата го начекале кај што бере дрва и со секирата му ја отсекле главата.
Не знаев што да кажам, не знаев што да мислам ,
Цело време по патот додека се трускавне на дрвените клупи позади во камионот, ми се вртеше во глава човекот кој што ми побара цигара првите денови, за тоа што ми го кажа дека децата му биле убиени и дека тој на никого не би му недостасувал,човекот кој што после тој ден не го видов повторно ниту пак некој друг го имаше видено.
Поминаа 12 години од тогаш јас не верувам во надприродно, но што се случи таа вечер не знам да ви кажам, што беа сенките што ги видовне ни тоа не знам, кој ги распартали учките ни тоа не знам но сигурно не бевне ние тоа го знам,дали слушавне плач на деца во варницата или го слушавне завивањето на ветрот ни на тоа не можам да ви одговорам. Знам само дека се случија ебано чудни нешта за кој што и денес немам одговор како и што беше искрено кажано не ни сакам да знам.
Но ете тоа е она што толку години го носев и морав да го кажам, тоа е една од мистериите кој што ден денес не можам да си ги разјаснам.