"ВИ РЕКОВ !"-Фудбалска тема за предвидувања

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Само за ПЛ накратко:
Фабрегас најдобар играч во ПЛ до јануари, после подобро да го пратат Челси на позајмица во Витезе,
Ди Марија ќе биди прогласен за најдобар играч во Јунајтед на крај од сезона, истото и за Санчез во Арсенал. Сити нема да освои ниедна титула, а Арсенал 5то место, титулата за 4то место нема да ја имаат. Стерлинг и Маркович ќе бидат незапирливо дуо во Ливерпул. Диего Коста најдобар стрелец, одма зад него Фалкао. Руни и Мата го губат местото во првите 11. Челси шампион. :cool:

Шпанска лига ќе звучи како пристрасно, затоа не предвидувам, а за другиве друг пат.
:tapp::nesumjas:
Срам ми е да предвидувам нешто за следнава сезона.
 
Не си толку лош, добри ти се предвидувањата за Фабрегас Санчез, Сити и Челзи.
 
^
Сум заебал ептен кај делот за Маркович и Стерлинг. :place:
Чекај да те утешам малку. Еден другар пред почетокот на сезоната 2013/2014 рече дека Милан ќе ја заврши сезоната со скор 33 победи, 5 нерешени и 0 порази.

Првото коло се играше уште во август, на 25ти мислам. Сезоната ја отворија Верона и Милан во 18.00 часот. Верона победи 2-1 и тоа со пресврт со два гола на Лука Тони. Мојот другар успеа да го промаши предвидувањето на првиот натпревар во првото коло.
 
Ингс во 2015-16 ќе даде повеќе голови од Ламберт во 2014-15.

Мислам дека ова ми е сигурно, друго стварно не знам.
 
Во Македонско првенство очекувам да има тешка битка за титулата меѓу Вардар и Шкендија кои направија состави какви што одамна немало на нашава фудбалска сцена.
Од сегашен аспект мислам дека Шкендија ќе ја осигура титулата на две кола пред крај, додека ние после 9 години пауза ќе играме финале на куп и ќе го освоиме. Противник веројатно ќе биде Работнички.
Металург ќе игра плеј-аут и бараж за опстанок. Од лига испаѓаат Слога и Младост Царев Двор, истите екипи кои влегоа во оваа сезона.
Вардар ќе го смени тренерот до полусезона. Од втора во прва лига ќе влезат Љубанци и Победа, а Пелистер ќе игра бараж, додека Гостивар ќе извиси во последните кола. Тетекс ќе отпадне во трета лига како тргнала работата и ќе биде само статист во втора лига како што лани беше Напредок :place:Оставам простор за пресвртница во наредниве денови, ако влезе Брацо, тогаш они се фаворити за влез во прва лига.
Маџари ќе биде прв во трета лига север, а Славија ќе отпадне од лигата, ама Маџари ќе јадат ќотек на дуелот кај нас :kuracc:
Академија Пандев ќе биде прва на истокот и два пати ќе ја совлада Беласица.

Во Шпанија продолжува доминацијата на Барселона. Реал ќе заврши трет, а втори ќе бидат Атлетико. Валенсија стандардно на четвртата позиција. Лас Палмас ќе испаднат од лигата, а се надевам друштво ќе им прават Леванте и Спортинг Хихон.
Риера ќе даде над 10 гола за Депортиво во оваа сезона и Депортиво одново ќе се бори за опстанок до последно коло :icon_mrgr: Над 10 гола ќе даде и Рубен Кастро за Бетис.

Во Англија Челзи одново ќе биде шампион, а Манчестер одново нема да биде на првите две позиции. Жиру ќе биде најдобар стрелец во лигата :icon_lol: Бурнмаут ќе бидат изненадување во првите 15-тина кола, а потоа ќе нижат порази и ќе испаднат во втора лига.
Англиска екипа одново нема да успее да се пласира во полуфиналето на ЛШ, а ниту на ЛЕ.

Барселона ќе ја одбрани титулата во ЛШ, а Нејмар ќе има најмногу постигнати голови.
Во финале одново ќе играат Јувентус-Барса :D

Јуве има уште една година со доминација во Италија, а верувам дека ќе го задржат Погба во текот на целата сезона. Сите засилувања ќе бидат на ниво и Манџукиќ ќе даде над 15 голови во Серија А. Милан конечно ќе направи чекор напред и ќе избори пласман во ЛЕ :icon_mrgr: Интер ќе дојде до местата кои водат во ЛШ :icon_mrgr: Рома второ место.
 
Чекај да те утешам малку. Еден другар пред почетокот на сезоната 2013/2014 рече дека Милан ќе ја заврши сезоната со скор 33 победи, 5 нерешени и 0 порази.

Првото коло се играше уште во август, на 25ти мислам. Сезоната ја отворија Верона и Милан во 18.00 часот. Верона победи 2-1 и тоа со пресврт со два гола на Лука Тони. Мојот другар успеа да го промаши предвидувањето на првиот натпревар во првото коло.

Кога сме кај другари,еден мој другар предвиди дека Манчестер Јунајтед во сезоната по Ферги и првата на Мојс,имал најголеми шанси за шампион.
Ако ништо друго,барем брат му има пари. :)
 
Последно уредено:
Јувентус прв во Италија, Милан трет.
Во Шпанија Барселона прва, исто ќе стаса до финале на ЛШ.
Реал ќе го освои купот во Шпанија.
Во Англија предвидувам битка за титула меѓу Челзи и Арсенал.
Во втората фудбалска лига во Македонија, Победа прилепска ќе биде во првите две места на табелата :D

Триото Меси, Нејмар, Суарез, ќе го срушат рекордот од минатава сезона.
Роналдо ќе постигни околу 30-тина погодици.

Доста се.
 
Кога реков Пирло си оди сите скокнаа да се караат... :D
 
Од лани сум погодил за Челзи дека зема ПЛ и дека Реал не освојува ништо.

Идемо даље....

Арсенал и Челзи во битка за 1 место.
Милан и Интер завршуваат топ 4.
Јуве не освојува лига.
Дортмунд во топ 4.
Кејн дава 15+ голови во ПЛ.
Фалкао се враќа во добра форма и има 15+ голови во сите конкуренции.
Од сагата Рамос и Дехеа не биднува ништо.
 
Италија: Јуве, Интер и Милан на првите три места.
Шпанија:Валенсија ќе биде во игра за титула, ама во вториот дел од сезоната ќе заостанува зад Реал и Барселона. На крај на сезона, Валенсија трета, Атлетико четврт.
Англија: Јунајтед шампион, Арсенал ќе има солидна сезона, Сити ќе разочара.
 
предвидувам дека
-Челзи ќе испадне од групи ЛШ
-ПСЖ ќе игра финале ЛШ
-Атлетико М. ќе биде испод 5то место
-Милан ќе донесе 2 јаки трансфер бомби до крајот на овој трансфер период
-Интер ќе се посрами со новите засилувања
-Рома ќе биде испод 5то место
-Реал ќе биде зимски шампион во Шпанија
 
хаха зимски шампион :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom