Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Вевчани е село во регионот на Дримкол во југозападниот дел на Македонија и е седиште на истоимената општина. Сместено е на падините на планината Јабланица на надморска височина од 800 m. Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асфалтиран пат кој од Струга минува низ селата Враништа и Велешта.
Koга и да посакате да се одморите од се', вистински избор ќе направите доколку го посетите Вевчани каде секогаш ќе бидете љубезно пречекани од мештаните.
Во Вевчани исто така ќе наидете на ознаки до сите места кои можат да се видат. Пред црквата Св Никола има и мапа која прикажува што се може да се види и во пошироката област.
Постои и канцеларија за туристички информаци која се наоѓа на самиот пат на сред село.
Вевчани располага со повеќе сместувачки капацитети.
На само 10-тина минути од центарот на селото се наоѓаат едни од најпознатите и најпосетени извори во Македонија, Вевчански извори. За вевчанци , изворите се нешто за што вреди да се гине. За луѓето што не се од Вевчани, а некогаш дошле да ги видат, нивната убавина е магнет кој долго ќе ги повикува назад, да се напијат од бистрата вода, да се изнадишат свеж воздух и да се најдат себеси во бучавата на студената вода. Вевчанските извори се едни од поретките псеудопериодски сифонски врела во Република Македонија. Изворите се лоцирани на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. Капацитетот на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1500 литри во секунда.
За комплетно уживање во природата и звукот на водата во пределот кај изворите направени се дрвени клупи и масички, како и посебна пешачка патека.
Оваа убавина не можете да ја оставите без да се нагостите во природа, на чист воздух во еден од рестораните кои приготвуваат македонска храна. Покрај ресторанот ‘Домакинска куќа’, по патот по кој поминувал Виа игнација отворен е истоимен ресторан ‘Виа игнација’ со рибници кои го обиколуваат ресторанот и каде можете да си одберете риба по ваш мерак.
Вевчани е место кое остава аманет да се вратите повторно.
Ако некој од вас бил да сподели инфо околу сместување, некоја слика затоа што местово навистина вреди да се посети.