Вевчани

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Вевчани е село во регионот на Дримкол во југозападниот дел на Македонија и е седиште на истоимената општина. Сместено е на падините на планината Јабланица на надморска височина од 800 m. Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асфалтиран пат кој од Струга минува низ селата Враништа и Велешта.
gal16.png

Koга и да посакате да се одморите од се', вистински избор ќе направите доколку го посетите Вевчани каде секогаш ќе бидете љубезно пречекани од мештаните.
Во Вевчани исто така ќе наидете на ознаки до сите места кои можат да се видат. Пред црквата Св Никола има и мапа која прикажува што се може да се види и во пошироката област.
Постои и канцеларија за туристички информаци која се наоѓа на самиот пат на сред село.
Вевчани располага со повеќе сместувачки капацитети.
1352988784.jpg
На само 10-тина минути од центарот на селото се наоѓаат едни од најпознатите и најпосетени извори во Македонија, Вевчански извори. За вевчанци , изворите се нешто за што вреди да се гине. За луѓето што не се од Вевчани, а некогаш дошле да ги видат, нивната убавина е магнет кој долго ќе ги повикува назад, да се напијат од бистрата вода, да се изнадишат свеж воздух и да се најдат себеси во бучавата на студената вода. Вевчанските извори се едни од поретките псеудопериодски сифонски врела во Република Македонија. Изворите се лоцирани на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. Капацитетот на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1500 литри во секунда.
vevcani+054.jpg
551151_309791335753533_68486672_n.jpg
5394791080_4d32a6dd51_z.jpg
За комплетно уживање во природата и звукот на водата во пределот кај изворите направени се дрвени клупи и масички, како и посебна пешачка патека.
559457_309791792420154_16191447_n.jpg

Оваа убавина не можете да ја оставите без да се нагостите во природа, на чист воздух во еден од рестораните кои приготвуваат македонска храна. Покрај ресторанот ‘Домакинска куќа’, по патот по кој поминувал Виа игнација отворен е истоимен ресторан ‘Виа игнација’ со рибници кои го обиколуваат ресторанот и каде можете да си одберете риба по ваш мерак.
Вевчани е место кое остава аманет да се вратите повторно.

Ако некој од вас бил да сподели инфо околу сместување, некоја слика затоа што местово навистина вреди да се посети.
 
Сум бил во Вевчани и можам да кажам само дека сум воодушевен од ова место. И од самото место, и од луѓето, и од изворите, буквално од се. Ако се прашувате каде се лоцирани најгостопримливите луѓе на светот, одговорот е во Вевчани. За изворите и другите убавини да не зборувам, Олимпија веќе поставила слики, али кој не бил стварно нека го посети местово, нема да зажали.
 
Они можат да кажат дека се и кралство али се село.
Инаку многу убаво село има што да се види а за лугето прашајте некој од Струга и околината па ке ви кажат какви се.
 
После гледањето на видеото - прашање ...........КАДЕ е подобро да се У...
Оф пардон, се извинувам......Живеее
Вевчани или Капиштец
Таму кај што шумат шумите и жуборат изворите
или овде на асфалтов и смогот и уличниот метеж
Одлучи се на време - сега.
--------------------------------------------------------------------
инаку сум шетал неколку пати во Вевчани,уште на времето кога маршалот шеташе по светот со оној Галеб.(бог да го прости,ама тогаш немаше гњурци по контејнери)
 
Колку што знам има од порано отворена тема за державата Вевчани на која што имам и постирано , така што најдобро е оваа тема да се спои со веќе постоечката .
 
Треба да се заштити тој народ што живее таму. Со закон, како природно и културно наследство од прв ред.

На цела планета, не постои народ кој е сепаратистички настроен, а ја сака својата држава. Освен Вевчанците.
 
Ехееее сите мои роднини кога доаѓаат во МК ги носам на извори , таква лепота в планина ретко се гледа

А за вевчанци шо да речам .... на специјалците пред дестина години им викаа
" керф даваме вода не даваме " :)
 
Колку што знам има од порано отворена тема за державата Вевчани на која што имам и постирано , така што најдобро е оваа тема да се спои со веќе постоечката .
Taa тема постои во македонски градови (што јас искрено не знам шо бара село у македонски градови :eek: ) , ко ќе се потсреди може и да се спои со оваа.
 
Taa тема постои во македонски градови (што јас искрено не знам шо бара село у македонски градови :eek: ) , ко ќе се потсреди може и да се спои со оваа.

Вевчани не е ниту село ниту град , Вевчани е держава :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom