Дехинел на секои 3 месеци ... тоа е мојата препорака
Прочистувањето од внатрешни паразити се извршува на секои 3 месеци - тоест 4 пати годишно, ова е препорачана шема за внатрешно прочистување.
Некои ја користат шемата, прочистување на секои 4 месеци - тоест 3 пати годишно, но сепак јас сум за шемата што погоре ја напишав, на секои 3 месеци - тоест 4 пати годишно.
Навистина нема никаква потреба од внатрешно прочистување секој месец, нема потреба секој месец да го прочистуваш, еднаш на 3 месеци е сосема доволно.
А кога сме веќе кај таблетите за внатрешно прочистување, кај нас има таблети од различни производители.
Бихелдон не се лоши, но сепак јас не би ти ги препорачала да ги користиш, бидејќи Бихелдон се двокомпонентни.
Моја препорака е Дехинел, тоа се трокомпонентни таблети, и се со поквалитетен состав од Бихелдонот.
Цената и за Дехинел и за Бихелдон е 50 - 60 денари за 1 таблета, па кога веќе се иста цена, избери го поквалитетниот производ - Дехинел.
Дозирањето е 1 таблета на 10 кг. телесна тежина.