Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Sto se dava na kuce mislam deka ima zapek znae ponekogas da cvili koga vrsi nuzda,a obicno e na tecna hrana oriz i pileski batac bez koska i koza
 
мислам баш ориз не треба да му даваш.надроби му јогурт со леб

Е со лебот ќе сврши работа.
Sto se dava na kuce mislam deka ima zapek znae ponekogas da cvili koga vrsi nuzda,a obicno e na tecna hrana oriz i pileski batac bez koska i koza

Што и да му даваш од сува храна, ќе ставаш у нејзе една лажица маслиново масло. Тоа е.
 
Се уклучувам по долго време на темава и пак ја гледам истата приказна која ме испровоцира да не коментирам повеќе и да не одговарам и во инбокс и да давам совети...ќе им се обратам на сите оние кои натаму планираат да пишуваат во врска со дијагностички проблеми,болести и упатства за (што ли му е?/ од кај му е?/ зошто му е? ) на своите миленици.
Абре луѓе,не губете време пишувајќи на форум и барајќи совети кога ќе дојде свршениот чин кога се работи за здравјето на вашиот миленик.Живо суштество е да му се сневиди не е партал да го оставиш и да го најдеш како си го оставил.Ваш миленик е,со вас живее,расте,јаде,пие,спие.Ако вие не забележите дека нешто не е во ред со него ние од форум преку сателит ли да ви помогнеме? Вас некој да ве остави болен и да чека два-три дена одговор од форум додека вие се кинете од болка (некогаш и минути се потребни за да му го спасите животот).

Еднаш со @Lu и @Salt'n Pepa имавме обид да ги спречиме ваквите работи постирајќи пост за ургентни случаи ( повеќе беше за како безбедно да го одведете до најблискиот ветеринар или да го транспортирате од еден град до друг ако во вашиот град нема) но гледам безуспешно.Оваа тема е наменета за совети окулу исхраната,вакцинацијата,парењето,кастрирањето давање совети за кој ветеринар е подобар во одредена област и каде да се обратите и други полесни операции за кои можеме да ви помогнеме и јас и колегите со совети дури и да дискутираме окулу тоа.Извадете си од глава дека не можеме да дадеме прецизна дијагноза преку форум! Едно око крваво,не јаде,не спие,не пие,криви,не оди во вц ВЕДНАШ ДА СЕ ОБРАТИТЕ НА ВЕТЕРИНАР не да губите време на форум! Ќе ги замолам и колегите и администраторите да ме поддржат во ова затоа што правиме полошо за животните или да најдат решение.Благодарам.
 
Можеби има напишано некаде ама 165страни се :), мултивитамини, калциум, некое искуство, имам доберман машко сега веќе 5ти месец и повеќе луге ми рекоа дека морам плус такво нешто бидејки бргу растат, па ако некој има искуство и знаење бујрум, и одднапред благодарам
 
@Lu веројатно најдобро ке ти помогне. Иди во кучиња општа грижа последните неколку поста се за додатоци во исхраната како што бараш имаш кој калциум мултивитамин она го препорачува баш за расата која ја одгледуваш и нејзино мислење за кафортан кој исто го препорача за добермани. Се надевам дека ке ти помогне повеке од тоа што го напишав јас.
 
благодарам баш сеа сум таму покасно го видов :D
 
Можеби има напишано некаде ама 165страни се :), мултивитамини, калциум, некое искуство, имам доберман машко сега веќе 5ти месец и повеќе луге ми рекоа дека морам плус такво нешто бидејки бргу растат, па ако некој има искуство и знаење бујрум, и одднапред благодарам

Калциум обавезно, поготово ако се сечени ушите :)
Како што веќе кажа членот @wiksa, имам објаснето за мултивитамините на последната страна (стр. 172) од општата тема за кучиња :)
 
Луѓе ве молам за помош, зедов маче мало од улица, ама 2 месеци го гледам се ок е ..
јади, се гали, игра ептен расположено се...одеднаш се снеарни, температура крена, го однесов на ветеринар, прими 3 инекци, плус витамини му давав се, ама не ојде на поарно 1-2 сати и пак на старо, по 2 дена го однесов пак, на инфузија, па витамини, па со шприц јадење јогурт вода...оти не јади ич нема апетит, ама сеа докторот откри дека потечено е во врато, и јас осетив како топче има на левата страна од вратот ...не знам шо до напрам поке шо можи да е...ми спомнаја тумор нешто ама не вервам....а никако не оди на поарно ме скрена !!

--- да додам иначе читав на странски форум, ист случај како мојот, се понаша како неарно, не јади, и потечено на вратот, од борба со мачка друга, од бактери преку борбата...а мојата постара го шлакаше стално ...Ексик
 
Е ова е тоа за што зборуваше колешката...
Кажи како ние да ти помогнеме на форум повеќе од тоа што веќе си го направил? Си го однел на ветеринар, што е многу добра работа, си добил мислење НАЈДОБРО. Од нас другар не можеш ништо да добиеш, просто затоа што нити јас, нити било кој друг го нема видено мачето. Барај крвна слика, барај рентген...ако не си задоволен од мислењето побарај второ мислење. Сите таму можат многу повеќе да ти одговорат отколку нас. Со среќа!
 
сега пак ете го носам, претпоставуват дека е некоја инфекција ...ама го држам во живот со сила...се надевам уште дека ке најдат точно што е и ке оздрави .. :(
 
Веќе неколку недели наоѓам мали точки крв од мачоров по дома, негде на бела површина коа седи ги забележувам (околу лавабо во ВЦ најчесто). Значи ептен мали се ко врв на игла.
Претпоставувам од некоја нога му е (од тие како преничиња што им се :) ) зошто од друго место тешко да се пробие крв зошо има долго влакно.
Мислења?
 
Кучето е подобро,расположено си е си игра и што е најважно не одбива храна. Не повраќа, а во последниве 24 часа три пати има излезено во вц во многу мала количина . Проливот е погуст и само последниот пат имаше многу малку светла крв. Денес прими ампула NELOREN и пола таблета реглан. Се надевам ќе му биде добро и дека нема парвовироза.
Малку каснам ама кучето е супер, на крај испадна само обична настинка :)
Денес полни четири месеци

CameraZOOM-20140110220846384.jpg

Фала на сите за помошта(y)
 
Здраво,моето куче е старо 8 месеци и треба да го вакцинираме за беснило.Е сега сите не разубедуваат немојте нема потреба вакцината колку што е добра е и штетна.Вие што мислите?
И ме интересира дали да му ставам чип на кучето?Дали имате вие ставено на вашите миленици
 
Мораш да ставиш и вакцина и чип,законски е тоа.
Зошто би била штетна вакцината,затоа што го заштитува кучето од една многу опасна болест? :facepalm:
Тоа се зборови на ветеринарот,кој е многу добар ветеринар и јас сум презадоволна од него,ама кога прашав за вакцината он така изреагира.И Која е најдобра возраст дали можам уште утре да ја однесам на вакцинација или ?Благодарам многу
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom