Вест на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Во петокот во 16 часот заталкан куршум заврши во излогот на киоскот за продажба на чанти "Мишко" во строгиот центар на Тетово, на улицата Димо Галовски - Кара. Куршумот се зарил во излогот откако го скршил стаклото. Во тие моменти на влезната врата се наоѓала сопственичката на овој киоск. Полицијата, по извршениот увид, во излогот го пронашла куршумот од калибар 9 мм. Испуканата чаура е однесена на вештачење, а полицијата трага по тој што пукал.
Месецов ова е втор случај на заталкани куршуми во центарот на градот. Пред десетина дена тетовец во вечерните часови беше повреден во натколеницата од куршуми испукан од пиштол.
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]КУМАНОВО[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Претепан инспектор[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]На сред бел ден во центарот на Куманово бил претепан инспектор по крвни деликти. А.М. бил во градот заедно со негов пријател и во моментот не бил на служба. Додека седел во автомобил со пријателот му се приближиле браќата Осман и Локман Османи двајцата од Матејче. Преку отворен прозорец Осман го удрил полицаецот со бикс, а Локман ја отворил вратата. Со нога почнал да го клоца по главата и телото. Тогаш излегол од автомобилот пријателот на полицаецот и напаѓачите побегнале. Полицијата трага по нив и ги испитува мотивите за тепањето. [/FONT]
 
Стотици мртви и илјада повредени во земјотрес во Перу

Агенцијата за цивилна одбрана на Перу соопшти дека најмалку 337 луѓе загинаа до 15 часот вчера, а 1.300 беа повредени во земјотресот со јачина од 7,9 степени според Рихтер, и дека бројот на жртвите се очекува да расте


ЧИНЧА, Перу, 17 август (Ројтерс) - Спасувачките екипи вчера ги пребаруваа урнатите домови и цркви во Перу во потрага по жртви од силниот земјотрес во којшто загинаа стотици луѓе, распукаа и се пресекоа сообраќајници и илјадници луѓе останаа без струја.
Агенцијата за цивилна одбрана на Перу соопшти дека најмалку 337 луѓе загинаа до 15 часот вчера, а 1.300 беа повредени во земјотресот со јачина од 7,9 степени според Рихтер, и дека бројот на жртвите се очекува да расте.
Многу луѓе беа принудени да спијат под отворено небо во најтешко погодениот регион Ика на крајбрежјето јужно од главниот град Лима. Областа беше погодена од неколку силни последователни потреси.
Силниот потрес ги распука автопатиштата и ја прекина струјата и телефонска мрежа.
Еден пожарникар соопшти дека најмалку четворица биле заробени кога паднала главната кула на црквата Сенор де Лурен во градот Ика каде што живеат околу 120 илјади луѓе.
Спасувачите имале проблем да се пробијат јужно кон Ика поради големи пукнатини на панамериканската магистрала.
"Бев со моите деца кога почна да тресе и кога почнаа да се уриваат sидовите", изјави Милагрос Менесес (35) во градот Канете, јужно од Лима, каде што загинаа најмалку двајца. "Од болницата ми дадоа шатор за да спијам со децата во него".
Во сиромашниуот кварт Империјал во Канете, луѓето плалеа оган во урнатините од нивните домови за да се загреат во текот на ноќта. Луѓе спиеле на плоштади, во стадиумот и во колосеумот во градот. Локалните власти побарале помош од ќебиња и храна.
Тревогата за цунами беше повлечена откако беше забележан мал бран што не претставуваше голема опасност.
 
Изгоре авион на "Чајна ерлајнс", патниците успеаја да побегнат
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ТОКИО, 21 август (Ројтерс) - Туристите се спуштија по тобогани за евакуација само неколку минути пред да експлодира и да се запали тајванскиот авион што вчера слета на јапонскиот остров Окинава.[/FONT]

%7B46DB7463-DC26-4299-809A-F1B03627B31D%7D_avion-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ТОКИО, 21 август (Ројтерс) - Туристите се спуштија по тобогани за евакуација само неколку минути пред да експлодира и да се запали тајванскиот авион што вчера слета на јапонскиот остров Окинава.
Левиот мотор на авионот "боинг 737-800" на тајванската авиокомпанија "Чајна ерлајнс" експлодираше брзо по слетувањето во градот Наха по летотот од Тајпеј при што го разнесе целиот авион, соопштија официјални претставници и сведоци, а сите 165 патници и екипажот успеалсе да се спасат.
На видеоматеријалот што го сними еден сведок и бил емитуван на телевизија можеле да се видат патниците како се евакуираат по два тобогана на десната страна од авионот, додека од левата страна излегувале пламења и густ, црн чад.
Откако бил изгаснат пожарот, останките од авионот останале на пистата во близина на терминалот.
Првичните резултат од истрагата покажуваат дека постои можност да се запалило гориво што протекувало.
"Немаме инфромации дека несреќата е поврзана со тероризам. Можно е моторот да експлодирал и да се запалил поради протекување на гориво", соопшти претставник на аеродромската полицика во Напа.
Еден вработен на аеродромот бил повреден.
Авиокомпанијата соопшти дека авионот превезувал 165 патници и осум членови на екипажот и дека ги поминал рутинските мерки за одржување.
[/FONT]
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Грчки авион лета за МАТ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Иако на авионите со македонски регистарски ознаки им е забрането да летаат за грчките аеродроми, еден авион на грчка чартер-компанија во викендите се вклучува во сообраќајот на редовните линии на македонскиот авиопревозник [/FONT]

%7BA95D5B21-3CF7-4406-B21B-90011A30AAF6%7D_avion-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Авион од типот МД83 на грчката чартер-компанија "Еуро ер" во викендите лета на редовните линии на македонската компанија МАТ од Скопје и Охрид. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Авионот со регистрација СЏ-БЕУ е крстен со името "Пенелопа". Тој во саботата беше виден на Охридскиот аеродром "Св. Апостол Павле", а во неделата леташе од "Александар Велики" за Цирих. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]На македонскиот авиопревозник МАТ не му се дозволува да слетува на грчките аеродроми. На почетокот на јуни, од грчките воздухопловни власти биле побарани дозволи за шест чартер-летови на линијата Скопје - Родос. По двонеделно чекање, од Атина стигнал кус одговор, без образложение: "Не можеме да му дадеме право за летање на МАТ - Македонски авиотранспорт". [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во МАТ велат дека авионот "Пенелопа" со 165 седишта го најмуваат само во викендите за да одговорат на зголемениот број патници од Македонија кон Швајцарија. "Со грчката компанија 'Еуро ер' имаме одлична соработка. Ниту нас ниту нив не интересира политиката", велат тие. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Сепак, од македонската компанија испратиле жалба до Европската комисија затоа што Грција веќе неколку години по ред одбива да даде право за летните чартер-летови на авионите регистрирани во македонскиот регистар. Во февруари годинава комесарот за транспорт и потпретседател на Европската комисија Жак Баро испратил писмо до МАТ во кое вели дека Грција нема основа да не им дава на македонските компании право да слетуваат на нејзина територија.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Писмо со жалба МАТ упатил и до Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во меѓувреме, чартер-летовите од Скопје до Родос ги презеде српската компанија "ЈАТ ервејз". Лани туристите ги носеа хрватската "Кроација ерлајнс" и грчката "Ејџиан". [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Иако никаде официјално не е запишано, вистинската причина зошто на МАТ не му се дозволува летање за Грција е натписот "Мацедониан" на трупот на авионите. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Слични проблеми во минато имале и други македонски компании. Во 1996 година, авион на тогашната "Палер Македонија" беше задржан на аеродромот на грчкиот остров Крф, затоа што вработените со канта боја го бојосуваа зборот "Мацедониан".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Добро е што авионот не се викаше 'Александар', па тоа да биде сфатено како нова скопска провокација", се шегуваат вработените на аеродромот "Александар Велики" во Скопје. Вака, за "Пенелопа" нема политичка пречка да лета за МАТ. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Базата на компанијата "Еуро ер" е во Хераклион на Крит. Пилотите дури и во прелетите кога се над Грција, летаат со број на лет на МАТ и со идентификациониот повикувачки знак за Македонски авиотранспорт. Со грчкиот екипаж задолжително лета и една македонска стјуардеса која, според меѓународните правила, упатствата за безбедност пред полетување и најавата пред слетување ги чита на македонски и на албански јазик. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Минатиот викенд авионот беше најмен да му помогне на МАТ да пренесе повеќе патници од Охрид и Скопје до Цирих. Имено, во петокот, поради технички проблем на еден од авионите на МАТ, беа откажани летовите за Цирих, Париз и за Хамбург. Имаше големо нарушување на редот на летање, и околу 200 патници кои не можеа да полетаат оти немаше доволно авиони, беа сместени во хотел во Скопје. Патниците кои беа заробени на европските аеродроми со забележително задоцнување беа пренесени со авиони на други авиокомпании. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]А.С. [/FONT]

вест.ком

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Есма пееше пред 50.000 публика во Италија [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кралицата на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска завчера вечерта ги воодушеви Италијанците. Таа во италијанскиот град Бари имаше два концерти со својот ансамбл "Теодосиевски". [/FONT]

%7B37701BEF-CD12-4F8B-ADAE-402C86181D48%7D_esma-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кралицата на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска завчера вечерта ги воодушеви Италијанците. Таа во италијанскиот град Бари имаше два концерти со својот ансамбл "Теодосиевски".
-Имавме два концерти на музичКиот фестивал во Бари на кој имаше учесници од повеќе држави во Европа. Ме воодушеви што на нашиот концерт, кој се одржа на градскиот плоштад имаше 50.000 публика. И досега сумнастапувала низ Италија, но како што беа добри и посетени овие концерти ми се чини не било никогаш, ни рече воодушевено Есма, која вчера по напорните настапи ги пакуваше куферите за дома. (В.М.)
[/FONT]
вест.ком
 
25.08.2007

Еве ме мене пак... мора да си ја одржувам темата:pipi:

Струшки вечери на поезијата: Одржана Вечерта посветена на современата турска поезија






Во рамки на Струшките вечери на поезијата синоќа традиционално по 46. пат се одржа Вечерта на национална поезија која овојпат беше посветена на современата турска поезија.
Четворицата турски поети Атаол Бехрамоглу, Кучук Искендер, Ердол Алова и Атила Илхан ја претставија новата антологија на современа турска поезија преведена и на македонски јазик „Модар вез“.
Академик Матеја Матевски за анталогијата подготвена од Атаол Бехрамоглу рече дека вистински ја отсликува современата турска поезија.
- Антологијата нуди поезија од 40-те до 90-те години, нудејќи еден луциден есеистички и историски вовед во турската поезија посебно задржувајќи се на главните тенденции, појави и имиња, поетот Бехрамоглу како и префинет избор на 40-ина поети родени од 1925 до 1964 година, рече академик Матевски.
Во своето излагање „Процесите на модернизација“ во турската поезија поетот Бахрамоглу истакна дека таа во себе ги вклучува традициите на народната и диванската поезија, првата со речиси едноилјадна историја, а втората која започнува во 13. век и во себе ја содржи крстосницата помеѓу западната и домашната традиција во текот на втората половина на 20. век.

Започнувајќи од Назил Хикмет кој творел во првата четвртина на 20. век и како што рече Бахрамоглу ја понел турската поезија кон нови универзални димензии тој како еден од поважните поети го спомена и Фазим Хисни Дагларџи првиот и единствен турски поет кој го добил „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Во педесеттите години од 20. век се појавуваат првите процеси на модернизација во турската поезија. Позначајни поети од тој период се Орхан Вели, Октан Рифат и Елих Џевад Андај.
Преку турските современи песни „Покана“, „Фиа“, „Разделбата е дел од љубовта“, „Две лица“, „Хаос“... ја доближува турската современа поезија до публиката на 46. Струшки вечери на поезијата.
Третиот ден на 46. Струшки вечери на поезијата ќе започне со чествување по повод 145 години од смртта на Браќата Миладиновци кое ќе се одржи пред нивниот спомен-дом. Во предворјето на црквата „Света Богородица“ во селото Калишта е предвидено меѓународно поетско читање „Матине“, а попладне ќе биде претставен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ Никола Маџиров, како и поетскиот портрет на годинашниот лауреат палестинскиот поет Махмут Дарвиш кое ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Извор


ИРИ: 91 отсто од граѓаните во Македонија се за влез во НАТО



Безбедносните прашања повеќе не се приоритет за граѓаните во Македонија. Има претпазлив оптимизам и последните анкети на ИРИ покажуваат надеж меѓу граѓаните во Македонија за подобар живот, оцени Линзи Лојд, регионален директор за Европа при Меѓународниот републикански институт во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик.
За Лојд, бројките за поддршка меѓу граѓаните на Македонија за влез во НАТО се импресивни, посочувајќи на резултати од извршената анкета од ИРИ, според кои, како што подвлекува, 91 процент од анкетираните сметаат дека Македонија треба да стане дел од НАТО. Според него, тоа е голем процент споредено со 2003-та, кога поддршката изнесуваше 75 проценти и многу поголема поддршка отколку во која било земја - потенцијална членка на Алијансата, пренесува МИА.
- Високиот рејтинг на премиерот Никола Груевски од 61 процент се должи на неговите ветувања дека ќе се фокусира на економски прашања. Бројките се уште не ветуваат, но првпат по многу години во истражувањата на ИРИ бројот на граѓаните што мислат дека работите ќе бидат подобри се зголемува за разлика од оние кои го мислат спротивното, заклучува Лојд.
Македонија се уште минува низ периодот на економска транзиција, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик Линзи Лојд и констатира дека граѓаните во земјата имаат претпазлив опмистизам дека работите ќе тргнат во вистинска насока.
Стравувањата на граѓаните за иднината на Македонија стануваат минато, коментира Лојд.
- Интересно е што за многу граѓани од Република Македонија тоа повеќе не е горливо прашање. Со години анкетираме на прашањето – дали Македонија е постабилна земја. Во 2001-ва 83 проценти од испитаниците рекоа дека земјата е понестабилна од порано. Денес 70 отсто граѓани сметаат дека земјата е постабилна или на исто ниво. Охридскиот договор ја зголеми довербата и безбедносните прашања ги стави во втор план, вели директорот за Европа при ИРИ.
Линзи Лојд, регионален директор за Европа при Меѓународниот републикански институт нагласува дека тоа е добра основа властите да се фокусираат на економска преродба, унапредување на образовниот систем и модернизирање на здравствената заштита.

Извор






Венецуела купува 98 руски авиони






Русија и продаде на Венецуела 98 авиони за превоз на патници и стока, јавуваат руските медиуми.

Договорот, чија вредност се проценува на повеќе милијарди долари, се однесува на продажба на авиони од типот „Иљушин-114“, соопшти за руските медиуми Сергеј Чемезов, директор на државниот извозник на оружје „Рособоронекспорт“.

Минатата година Русија и продаде на Венецуела 24 авиони „Сухој“ и 53 хеликоптери во склоп на долгорочниот пакет договори за испорака на оружје во вредност поголема од три милијарди долари.

Русија се обидува да се пробие на новите пазари на оружје во Латинска Америка, југоисточна Азија и северна Африка.

Извор

Американско беспилотно летало се урна на граница меѓу двете Кореи




Американско шпионско беспилотно летало вчера се урна во близина на границата меѓу Северна и Јужна Кореја, при што нема настрадани, соопшти денеска американската армија.

Леталото од типот „Шадоу – 200“ синоќа се урна во близина на базата на САД во Дондучон, 18 километри јужно од демилитаризираната зона во планинска област со густа вегетација. Причина за уривањето е најверојатно поради техничка неисправност на леталото. Задача на леталото била да ги следи движењата на север од демилитизираната зона.



Извор
 
28.08.2007 ....празнично издание:)

Православните христијани го слават Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица


Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица.
По тој повод Света литургија ќе се одржи во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матка, Скопско.
Вчера, Вечерна богослужба се одржа во Катедралниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје со која богослужеше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица годинава првпат се одбележува како државен празник и неработен ден за православните верници.









Убиени најмалку 20 Талибанци во воена операција






Најмалку 20 талибански бунтовници се убиени денеска во вооружени судири на меѓународните сили и авганистанската војска на југот од Авганистан.

Според официјалното соопштение, судирите меѓу Талибанците и воените сили избувнале синоќа во средиштето на покраината Хелманд.

Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека во изминатите 24 часа животот го загубиле и шест авганистански војници во експлозија на две бомби во близина на границата меѓу Авганистан и Пакистан.






Грција и натаму се бори со огнената стихија, билансот на загинатите достигна 64 лица



Грција веќе пет дена се обидува да се справи со огнената стихија, која го зафати јужниот дел на земјата и во која загинаа најмалку 64 лица, а најмалку три илјади лица останаа без покрив над главата.
Последната жртва е овчар од Захаро на западен Пелопонез, чие тело, како што изјави градоначалникот на градот, е пронајдено од спасувачките екипи, а се трага и по друг овчар кој исчезнал во соседното село Артемида. Таму на 24 овој месец животот го загубија 23 лица, меѓу кои и една мајка и нејзините четири деца.
Грчката Влада денеска одобри итна помош од 200 милиони евра за семејствата, фирмите и општините кои претрпеа загуби. Заменик-министерот за финансии Петрос Дукас изјави дека потребни се уште средства за санирање на последиците. - Штетите кои се предизвикани врз животната средина се огромни - нагласи Дукас.
Грчките бизнисмени, Националната банка и најголемиот синдикат во земјата ветија помош од околу 70 милиони евра.
Изминативе неколку дека Владата презеде серија мерки за помош на настраданите, меѓу кои обновување на изгорените домови и даночни олеснувања за бизнисот.
Првичната оценка за најзафатенета област со пожари, грчкиот полуостров Пелопонез, е дека се опожарени околу 370 куќи, шумски површини во размер од 300 илјади декари. Во пожарот, исто така, се уништени и земјоделски површини, како и маслинови дрва, соопшти грчката телевизија ЕРТ.

Планината Парнонас на полуостровот е целосно во пепел. Во областа Лаконија има над 80 илјади декари изгорена површина, а на шумската област Аркадија е нанесена непоправлива штета.

Според грчките медиуми, штетите од пожарите се во висина од 40 милијарди евра, а социјaлните и економските последици за Пелопонез се непроценети.
Противпожарната служба соопшти дека денеска и вчера избувнале 56 пожари. Портпаролот на службата Никос Диамандис нагласи дека најсилните од нив се концентрирани во планините на Пелопонез и на островот Евиа, северно од Атина. Тој додаде дека повеќето операции ќе бидат сконцентрирани во тие две области. Околу 300 лица ги напуштија своите домови на Евиа, откако синоќа пожарите почнаа да се приближуваат до градот Сета.
До изутринава опасноста од ширењето на пожарите во планините на Пелопонез во близина на малите населени места Андрицена и Каритена е намалена. Државното радио НЕТ соопшти дека дека ситуацијата во близина на градот Каламата и во југоисточниот регион Спарта е смирена.
Сепак силните ветрови ја отежнуваат борбата со огнената стихија. Странски пожарникари и авиони се приклучија денеска кон битката со огнената стихија. Во гаснењето денеска се вклучени 37 грчки хеликоптери и авиони, заедно со четири француски, два шпански, еден италијански и еден турски авион, како и хеликоптери од Холандија, Швајцарија, Австрија и Романија. Германија исто така најави испраќање на три свои хеликоптери. Групата од 55 израелски пожарникари ќе бидат искористени во борбата со еден од најголемите пожари во Крестена, во близина на древната Олимпија.
Диамандис додаде дека 18 авиони и 18 хеликоптери, меѓу кои и четири од Швајцарија ќе бидат искористени во гаснењето на пожарите во јужниот дел на земјата.
Во меѓувреме грчките опозициски партии упатија критики до Владата поради, како што велат, нејзината неспособност да се справи со пожарите.
Околу две илјади приврзаници на левицата синоќа минаа низ улиците на Атина скандирајќи „Долу Влада“, во пресрет на предвремените избори, закажани за 16 септември.
- Оваа Влада докажа дека е целосно некомпетентна и неспособна да се справи со кризата која настана поради пожарите, како и со сите други кризи, со кои се соочи во четиригодишното владеење - изјави лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу.
Политичките аналитичари нагласуваат дека се уште не е јасен ефектот од пожарите врз престојните избори, но додаваат дека сепак најважно е како јавноста ќе го оцени ангажирањето на Владата во справувањето со кризата.






извор
 
Откритие на векот: водата способна да гори
11 септември 2007. Хемичари од Пенсилванскиот универзитет подтврдиле, дека инженерот Џон Канзиус навистина успеал да создаде апарат , со кој запалил солена вода.
Во апаратот на Канзиус, водата била под дејство на радиобранови, кои ја ослабнале врската меѓу нејзините компоненти и ослободиле водород. При допир со искри водородот се распламтел и горел со еднаков пламен, температурата била над 1,600 степени Целзиусови. Канзиус потецирал дека водата била солена и земена директно од морето. 60 -годишниот пензионер Џон Канзиус ова го открил сосема случајно,барајќи решение за уништување на клетки на ракот со радио бранови.Тој поднел барање за патентирање на изумот -искористувањето на солената вода за квалитетно алтернативно гориво.
22968.jpg
 
Татко пукал во 3-годишната ќерка и нејзината тетка

Татко пукал во 3-годишната ќерка и нејзината тетка!


Семејна драма во скопски Капиштец, татко пукал во својата 3-годишна ќерка и во 25-годишната сестра на неговата сопруга. Девојчето го погодил во вратот, а нејзината тетка во надколеницата. По пукањето веднаш побегнал.

Повеќе информации од изворот
 
Уапсен Никола Пајиќ кој вчера со пиштол ја застрела ќерка си и сестрата на поранешната сопруга

Полицијата го уапси 34 годишниот скопјанец Никола Пајиќ, кој вчера пукаше од пиштол и ги рани својата едногодишна ќерка и сестрата на неговата сопруга. Тој бил приведен кај Бит Пазар утрово околу 8 часот. Напаѓачот кој целата ноќ се криеше од полицијата, не давал отпор при апсењето. Оружјето со кое пукал Пајиќ не било во него. Се претпоставува дека пиштолот го сокрил откако пукал во станот.
Инцидентот се случи вчера нешто пред 16 часот во овој ходник. Разбеснетиот татко испукал три куршуми кон влезната врата на станот во сопственост на родителите на неговата поранешна сопруга, откако не му било дозволено да влезе во него. Два од куршумите завршиле во неговата ќерка и балдска.
И ден по инцидентот соседите се плашат да зборуваат пред камера за пукањето во нивната зграда. Тие го опишуваат напаѓачот како психијатриски случај, кој не можел да се помири со разводот со сопругата. Ова го потврдува и полицискиот податок дека пред само неколку месеци Пајиќ ја претепал својата сопруга. Оттаму и сомнежот дека причина за пукањето биле нарушени семејни односи. Тој дури имал и судска забрана за пристап до семејството.
Повредените во инцидентот се надвор од животна опасност. По операцијата малото девојче се опоравува на клиниката за детска хирургија. Нејзината 30 годишна тетка е пуштена на домашно лекување

Семејна трагедија во Шуто Оризари–ја претепал до смрт едногодишната ќерка на невенчаната сопруга

Семејна трагедија во населбата нов живот во скопско Шуто Оризари. Дваесет и едногодишниот Исак Хаити завчера ја претепал до смрт Санџана Саити - едногодишна ќерка на неговата невенчана сопруга Васвија. Во малата барака во која жеден месец живееле Исак и Васвија, Исак со шлаканици ја удирал малата Санџана додека нејзината мајка надвор перела алишта. Васвија го слушнала плачењето на ќерка си и отишла да види што се случува. Кога влегла во собата го видела својот сопруга како фрла вода на Санџана која лежела на под во бесознание. Девојчето умрело од внатрешно крвавење.

Мајката на Исак не верува дека нејзиниот син го претепал девојчето...но признава дека бил насилен со мајката на девојчето.

Мајката на девојчето вчера заминала во родниот Прилеп..нејзиниот невенчан сопруг Исак од денеска е во притвор.

Деветгодишно девојче од прилеп киднапирано и сексуално злоставувано од поранешен осуденик

Винко Талески, познат прилепски криминалец, вчера напладне, по завршување на часовите во основното училиште Блаже Конески во населбата Точила киднапирал а потоа сексуално злоставувал 9-годишно дете,ученичка, во трето одделение.

Со свое другарче, девојчето тргнало за дома. На периферијата од градот меѓу училиштето и населбата Варош со автомобил ги пресретнал 39-ет годишниот Талески. Го запрел Тикото и како на филм брзо без некој повозрасен да забележи или да му помогне на децата насилно го внесол девојчето и заминал близу железничката пруга Прилеп-Велес.

Детскиот плач и повик за помош никој не го чул. Со тепање и закани дека ќе го убие,Винко му ставил капа врз лицето и главата. Оtкако се уверил дека детето не може да гледа почнал сексуално да го злоставува. Меѓувреме, другарчето ги информирало родителите, а тие полицијата.

Во училиштето,тврдат дека пред неколку години имале индиции за педофилија. Но, овој е прв ваков случај
за кој не сакаат многу да говорат.

Одделенскиот раководител, деца од одделението и од педагошката служба денеска го посетија детето кое пострауматски се опоравува дома. Закажана е и вонредна родителска средба,а бидејќи училиштето е на периферијата од градот ќе се инсистира поголема контрола и соработка со полицијата.

На барање од обвинителството попладнево судот на Талески му одреди притвор до 30 дена.
 
22.09.2007

Пратениците за Изборниот законик



Седницата на македонското Собрание, на која ќе се расправа за измените во Изборниот законик продолжи денеска.

Ваква одлука донесоа координаторите на пратеничките групи заедно со претседателот на Парламентот Љубиша Георгиевски на вчерашните консултации.

Расправата би можела да заврши уште денеска бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се откажаа од дискусии доколку пратениците го почитуваат договореното.

Измените на законот ќе се спроведуваат во две фази, а пратениците треба да се изјаснат само за потребата од нивното донесување.

Предлогот за донесување на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик предвидува зголемување на бројот на пратеничките места од сегашните 120 на 133 со обезбедени 10 мандати за помалите етнички заедници и три за дијаспората.



Воспоставена железничката линија Скопје-Кочани


Железничкиот сообраќај меѓу Скопје и Кочани, по четири месеци пауза, денеска повторно е воспоставен.

Првиот патнички воз, што до крајот на годината ќе се обраќа в петок и недела кога се очекува прилив на патници во двата правци, пристигна денеска во Кочани.

Според најавите, освен два пати неделно, новиот режим на сообраќање на возот о иднина ќе се дефинира зависно од потребите.

Раководителот на железничката станица во Кочани Иван Левков вели дека од Македонски железници планираат да воведат ноќна и утринска линија со серија погодности за студенти и пензионери.








САД и Франција со идентичен став во врска со Иран



САД и Франција соопштија дека имаат еднакви позиции по однос Иран и повторно му се заканија на Техеран со санкции, доколку не ја стопира нуклеарната програма.
- Ќе побараме дополнителни санкции од Советот за безбедност на ОН, ако Иран не се согласи на преговори, изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс по работниот ручек со шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер во Стејт департментот.
- Нема суштествени разлики во начинот на кој јас и Бернар Кушнер гледаме на ситуацијата во Иран и за тоа што треба да стори меѓународната заедница. Определивме дипломатски пат што им дава предност на преговорите, како средство за решавање на прашањето. Разговараме и решивме да замрзнеме банкарски сметки на некои лица, а предложивме и забрана за издавање визи. Мислам дека има серија мерки што можат да бидат корисни во таа насока, додаде Рајс.









Анџелина Џоли: На Бред му останува да молчи и да биде убав


Медиумското ''шушкање'' дека Анџелина Џоли и Бред Пит имаат проблеми во бракот, почнува да зема замав. Џоли неодамна им се пожалила на пријателите дека Бред незнае да располага со финансиите и најубаво би било секој да си ги троши своите пари. - Ние двајца не сме една компанија и би требало да ги одвоиме работите. Јас самата ги донесувам финансиските одлуки. Бред знае дека во одредени моменти треба само да стои на страна и да биде згоден. Некој сепак треба да носи важни одлуки, но тој понекогаш парите ги вложува во навистина бизарни работи, се пожалила Анџелина Џоли на пријател кој се прераскажал во списанието ''Грација''.
Истиот извор вели дека овие зборови го навредиле Бред затоа што од себе сака да ја тргне етикетата ''убавец''.
- Бред е многу чувствителен на таа тема. Горд е на својата хуманитарна работа во Њу Орлеанс и мислеше дека поради тоа луѓето ќе почнат да го гледаат на друг начин, но неговата поубава половина тоа не го сака, изјавил истиот извор.






извор1 извор2
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom