Верски вести II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јужнокореец се самораспнал на крст

Еден 58-годишен јужнокорејски таксист пронајден е мртов прикован за крст, во очигледен обид за имитирање на распнувањето на Исус Христос, соопшти денеска локалната полицијата.

crusified-150x115_57001.jpg
Кога е пронајден, покојникот бил само по долни облека и со круна од трње на главата, додека нозете и рацете му биле приковани за крст. На стомакот имал рана од убод, а околу вратот најлонски коноп.

Телото е откриено во пештера во јужниот дел на земјата на 1 мај, една недела по Велигден. По двенеделан истрага полицијата соопшти дека верува оти човекот, чие презиме е Ким, извршил самоубиство без помош на други луѓе.

Се верува дека Ким прво ги приковал своите стапала за крстот, а потоа направик дупки на рацете и ги „закачил“ на веќе закованити клинци на крстот, изјави претставник на локалната полицијата.

Полицијата го реконструирала самораспувањето и заклучила дека возрасниот човек можел сам да го изведе таквиот чин.

Пронајдена е и порака од Ким во која тој наведува дека планира да се распне на крсто. Пред самоубиството тој ја затворил сметката во банката и го откажал договорот за мобилен телфон.
Аутопсијата покажала дека Ким починал од крварење од раните и гушење, соопшти полицијата.

Sitel.com.mk
 
Се согласувам со тебе..... :salut:

Тврдат дека се Исус и Марија Магдалена

Тој е харизматичен проповедник, кој тврди дека е Исус и оти се вратил на Земјата. Во меѓувреме, таа тврди дека е Марија Магдалена, проститутка покајничка, жена која прва го видела месијата кога воскреснал. Но, австралиската власт не верува во овие тврдења, поради што ги предупредија луѓето за Ален Џон Милер и Мери Сузан Лак, кои со своите проповеди добиваат се поголем број следбеници.
jesus.marija%20.australia%5D.jpg
Милер и Лак изминатите години во својата црква во селото Вилкесдејл во Квинсленд попривлекле голем број следбеници, а ако се земе предвид бизарноста на проповедите и убедувањата, тој е синот Божји кој се вратил на Земјата.

Ален Џон Милер дури го прилагодил и својот изглед за да личи на Исус. Тој тврди дека бројни се следбеници кои пристапиле кон неговиот култ „Божјата вистина“ и оти во моментов живее во заедница од 40 лица.
912386-jesus-and-mary-of-ki.jpg
Можеби најбизарно од сè е што присутноста на „Исус и Магдалена“ предизвика голема побарувачка на недвижности во овој рурален дел на Квинсленд. Најмалку 30 следбеници откупиле земја која се наоѓа околу имот на Милер, каде тој се населил во 2007 година.

Исто така следбениците заедно вложиле пари за да го купат имотот вреден 400.000 долари на кој ги одржуваат состаноците и планираат да градат центар.

Интересно е што купените имоти, гледано од небо формираат крст.
untitledfghey2.jpg
- Моето име е Исус, сериозен сум. Пред 2000 година дојдовме на земјата. Поради мојата страст и преданост кон Бог, додека растев, сфатив дека не сум само месија како што го прорекле старите пророци, туку сум тој кој треба да го претстави Божјиот пат кој сите луѓе треба да го следат, доколку тоа го сакаат, вели Милер, кој е разведен татко на две деца.

За време на своите проповеди тој постојано повторува дека бил Исус во претходниот живот, а оти бракот му се рас
 
image.jpg
СО ПАПАТА ВО ХРВАТСКА
По повод националниот ден на семејства во Хрватска, папата Бенедикт XVI ќе престојува во Загреб од 4-5 јуни 2011 и во таа прилика ќе има ноќно бдение со младите. Националниот ден на семејства и посетата на папата во Хрватска ќе бидат под мотото „Заедно во Христос“.

Покана за предавањата на професорот од Московската Духовна Академија - ѓакон Андреј Кураев

Браќа и сестри во Христа,
Ве известувам дека на:
1 јуни 2011 (среда) со почеток во 18 часот во Младинскиот Културен Центар (МКЦ )
и на 2 јуни (четврток) со почеток во 18 часот во Салата на Собрниот Храм „Св. Климент Охридски“
предавања ќе одржи еден од најзабележителните православни теолошки мислители на нашето време, професорот на Московската Духовна Академија – ѓаконот Андреј Кураев.
Првото предавање е на тема: „Православното христијанство во секуларниот свет“, а второто „Како да му се свештенослужи на Бога “.

Најтопло Ве поканувам на предавањата и средбите со професорот – ѓакон Андреј Кураев.
Истите ќе бидат преведувани од руски на македонски.

---------- извор: фејсбук
 
Папата Бенедикт Шеснаесетти на мисата во Загреб упати благослов и на македонски јазик

05.06.2011

Поглаварот на Католичката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти денеска на свечената миса на загребскиот хиподром по повод Националниот ден на хрватските католички семејства, ги поздрави и благослови на нивните јазици верниците од Македонија, Словенија, Србија, Унгарија, Албанија и Германија.
4c0eb5da05f47c46a7d3bc20f4fb1373_59157.jpg
- Драги семејства, не плашете се! Господ го сака семејството и е блиску до вас!, - порача папата во своето обраќање пред верниците, по што одржа молитва.
На мисата која се одржа на загребскиот хиподром, според првичните проценки, присуствуваа околу 300.000 верници.
 
Во текот на денот, во сите џамии низ Републиката, ИВЗ од своите верници собира потписи за петиција во врска со одбиеното барање за изградба на џамија во едно прилепско село.

Во официјалните дописи од ИВЗ до сите оџи, прочитани на сред молитва пред верниците, се вели дека Македонците градат кај што сакаат и што сакаат. Го окупирале плоштадот Македонија, а, како што велат, дел од него припаѓа на ИВЗ. Граделе на Кале, затоа и тие сега ќе градат.

На повидок нова верска тензија. Џамиите во Македонија се претворија во административни собиралишта. Верските објекти градени директно од власта , разбириливо, претставуваат провокација кон нехристијаните.

Со религиите, во нова војна НАПРЕД!
 
Приштинскиот имам ќе одговара за изреченото за Мајка Тереза

Имамот на Големата џамија во Приштина, Шефќет Красниќи заработи кривична пријава за навредата што ја искажа за Мајка Тереза. Двајца адвокати, еден писател и еден граѓанин од Приштина поднеле кривична пријава против Красниќи, кој пред две години изјавил дека местото на блажената е во пеколот.
„Во најдлабокиот пекол. Во пеколот е нејзиното место, зашто таа не веруваше во Алах, не му веруваше на Пејгамберот (Мухамед) не му веруваше на Куранот. И ако верувала тоа било грешно, а не целосно. Да кажеш дека Алах имал син е грев. Алах не го прифаќа тоа обожавање,- изјавил Красниќи.

За ваквата изјава нему му се заканува затворска казна во траење од десет години.
 
Демолирана црква во тетовска Мала Речица

Непознати лица вчера околу пладне насилно влегле во црквата од манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“ во Мала Речица, оштетиле неколку мермерни елементи и со зејтин испрскале дел од внатрешните ѕидови.
 
ВО МАДРИД ЕДЕН МИЛИОН МЛАДИ НА ОТВАРАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА МЛАДИ

Еден милион млади беа присутни на светата Миса по повод отварањето на Светскиот ден на млади во Мадрид, објавија шпанските медиуми. Антонио Марија Роко Варела, архиепископ на Мадрид, ја предводеше светата Миса, во сослужение на 800 епископи, кардинали од целиот свет и повеќе од 8. 000 свештеници.
Централна точка на отварањето на Светскиот ден на млади беше ликот на папата Иван Павле II, кој воедно е и заштитник на Светскиот ден на млади. Во својата проповед кардиналот Роко потсети на зборовите на папата Иван Павле II од Светскиот ден на млади во Сантијаго де Кампостела во 1989 година: „Не плашете се да бидете свети!“
Кардиналот во својата проповед го потенцира модерниот начин на живеење и зборуваше за глобализацијата, медиумската поврзаност и економската криза. Денешната „Генерација Бенедикт“ е ставена пред нови предизвици за разлика од предизвиците со кои се соочуваа младите од времето на папата Иван Павле II. Денес „егзистенцијалните корени“ се ослабнати преку се поголемиот „духовен и морален релативизам“, многу млади луѓе не се обзираат ниту на сопственото семејство.
Станислав, кардинал Рилко, претседател на Ватиканскиот совет за лаици во својот поздравен говор истакна: Од Светскиот ден на млади мора да дојде јасна порака, дека христијанската вера е можно да се живее и во овој свет, во кој што се отфрла Бог, како и да не постои. Верата е одлучувачки фактор во животот на секој човек.“
Наредните денови околу 250 епископи од целиот свет ќе одржуваат катехези за млади во мадридските парохии и ќе бидат распределени според говорното подрачје.
Освен катехезите, програмата на Светскиот ден на млади е разноврсна и има околу 300 настани, меѓу кои концерти, филмски фестивали, а на младите им е овозможен и бесплатен влез во шпанскиот национален музејот Прадо.
Папата Бенедикт XVI ќе се приклучи на програмата на 18 август, а кулминација на Светскиот ден на млади ќе биде ноќното бдение со папата на 20 август и светата Миса во недела 21 август, со што официјално ќе заврши Светскиот ден на млади во Мадрид
 
Ќе беше фино како верска вест да ги наведеше и луѓето кои протестираа по повод посетата на Папата на Шпанија, заради огромните пари кои се трошат за циркуска церемонија, кога го возат папата и го покажуваат како мајмун во Зоолошка градина...
 
Се степаа калуѓерки во манастир во Врање

Епископот на врањската Пахомија изјавил дека е шокиран од информацијата за тепачка помеѓу две калуѓерки во женски манастир Света Богородица во селото Мртвица.

Тој открил дека му е позната нетрпеливоста на двете калуѓерки, но не знае дека интервенирала полицијата и дека во манастирот доаѓала Итна помош.

“Тешко е кога на едно свето место се случува вакво зло. Се што се случило сега е во рацете на полицијата“, рекол епископот.

Инцидентот се случил кога калуѓерката Параскева (Цвета Чалаковиќ), инаку старешина на манастирот, физички ја нападнала калуѓерката Макрина (Милица Видаковиќ).

Макрина се пожалила дека мајка Параскева се држи под клуч, а дека не и дозволила да јаде. Таа тврди дека Параскева тоа го работи со намера да ја избрка од манастирот.

Старешината Параскева истакнува дека наводите на другата калуѓерка се погрешни и дека тоа не е точно и во суштина е жртва
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom