Верски вести II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Од денес на улиците на Париз е забрането молењето со кое, според оценката на француските власти, се кршат принципите на секуларизмот.

http://kajgana.com/vo-pariz-zabraneto-molenjeto-na-ulica



vo-pariz-zabraneto-molenjeto-na-ulica-55918.jpg
 
Од денес на улиците на Париз е забрането молењето со кое, според оценката на француските власти, се кршат принципите на секуларизмот.

http://kajgana.com/vo-pariz-zabraneto-molenjeto-na-ulica

И ете некој бега од полиција и се забутка во оваа уличка...
И што ќе се случи...
Може ли да замислите што ќе се случи?

Требало на сите како во Македонија, казна за сообраќаен прекршок: Молење на сред улица и загрозување на безбедноста на другите учесници!
 
Жените ќе можат да гласаат во Сауди Арабија

Саудискиот крал Abdullah изјави дека изучувањата на исламската историја покажуваат дека жените имаат способност за рационално размислување и се способни да донесуваат одлуки.“

Masha`Allah! Целиот текст тука.

Следни „големи“ чекори: право да возат кола и да излезат од земјата без придужба.
 
Вандализирана црквата „Св. Ѓорѓија“ во Мала Речица


Вчера во периодот од 12 часот напладне до 16 часот во село Мала Речица – тетовско, некој ги кршел прозорците на црквата „Св.Ѓорѓија“, ги уништувал керамидите и пишувал по ѕидовите на црквата.
Биле искршени осум прозорци и 24 керамиди на црквата а по ѕидовите било пишувано. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот – информира МВР.
 
Муслиман кој преминал во христијанство осуден на смрт

Иранецот Јусуф Надархани, кој пред повеќе години преминал во христијанска вера, во неговата земја е осуден на смрт, пренесоа француските медиуми.
Пасторот Надархани ја примил христијанската вера кога имал 19 години, а сега е на возраст од околу 35 години и проповеда во малата евангелистичка заедница, наречена Црквата на Иран.
Надархани беше уапсен во 2009 година и осуден на смрт. Пресудата можеше да му биде заменета доколку тој ја признаеше својата грешка и се откажеше од христијанството. Надархани одби да се повлече од христијанската вера.
Против оваа смртна кзана досега протестираа првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон, Стејт департментот на САД и полското претседателство на ЕУ. Германија на иранскиот вршител на должноста во амбасадата во Берлин му врачи протестна нота против смртната казна за пасторот.
Адвокатот на Надархани изрази надеж дека Апелацискиот суд ќе ја укине смртната казна.
-Се очекува во текот на викендот судот да се изјасни за ова прашање, изјави адвокатот. Според него, пасторот има 95 процентни шанси да биде ослободен.
 
Сирискиот велик муфтија шеикот Ахмад Бадредин Хасун, највисокиот верски авторитет во земјата, им се закани со самоубиствени напади на Европа, САД и Израел, доколку Сирија биде нападната.
 
Еве како се збираат пари за нови џипови во МПЦ, со лицитација на лопати:

http://www.youtube.com/watch?v=pRHewwlqaPA&feature=youtu.be
Уште ова не сум го видел... стај го на темата по повод настанот, да не ти го крадам... http://forum.kajgana.com/threads/Неколку-прашања-кои-од-секогаш-ме-интересирале.54806/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom