Верски вести I

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Оди пред Владата и таму испукај се. Мислам дека вистинското место е тоа. :) Овде џабе се мачиш.:toe:
 
Што се онесвестуваш бе момче, или толосумот толку ти држи. Зезнати се Сомалиските пирати, не ги чепкај. :)

Туку дај кажете нешто за ова бре. Ова навистина заслужува да се коментира. Библијата била Ѓаволска Книга.:pos2: Еј шо ти значи Пастор. Овој го надмина и на оној Грозданов кој отштампа Динамичен превод на Библијата.И тоа само Новиот Завет. :pos2::pos2::pos2:
Hm... kakva vrska pak sega najde so Grozdanov... Sto ima loso vo toa sto naprav Dinamecen Prevod... Bas fino... ima luge koi "poslabo" razbirat. Ama paralelata ti e katasrofa.
 
Црква од САД ќе ја запали Библијата на Денот на вештерките.

17.10biublija1.jpg

Марк Гризард пастор од баптистичката црква ’Амејзинг грејс’ од градот Кантон, Северна Каролина, изјави дека тој и целото монашко друштво планираат да ја запалат Библијата, на празникот Денот на вештерките.

Спроед него, единствената вистинска Библија, која преставува вистински ’Збор Божји’ е првата верзија што ја превел кралот Џејмс, а сите другите се дело на ѓаволот.:pos2: На 31 октомври Гризард и уште 14 членови на црквата ќе ги запалат копиите на сите ’ѓаволски библии’, пренесува Дејли телеграф.

„Верувам дека верзијата на кралот Џејмс е единствен вистински, сочуван и непогрешив запис на Божјиот збор, за сите луѓе кои зборуваат англиски јазик. Ние ќе ги запалиме сите книги за кои веруваме дека претставуваат дело на Лукавиот“, изјави пасторот,:nesum: додавајќи дека ќе бидат запалени и други дела, за кои сметаат дека се создадени од еретици.

Меѓу предметите кои ќе бидат уништени се наоѓаат и книжевни дела на христијански автори и музички дискови со различни жанрови. На листата ’сатанистички автори’ се најдоа писателите Били Греем и Рик Ворен, но и Мајка Тереза.

Ваквиот потег на свештеникот не наиде на одобрување кај голем дел од жителите на градот, иако повеќето се согласуваат дека верзијата од кралот Џејмс е најдобрата.

Ај имајте убава вечер, отидов на спиење. Шо убоо ќе спијам после оваа вест.:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Hm... kakva vrska pak sega najde so Grozdanov... Sto ima loso vo toa sto naprav Dinamecen Prevod... Bas fino... ima luge koi "poslabo" razbirat. Ama paralelata ti e katasrofa.

Иста сорта брате. И едниот и другиот се баптисти, и горе-доле имаат исти планови и цели. Еден ден ќе се разбудиш и ќе научиш кои се тие.:helou::helou::helou:
 
аууу ... имало верски вести ...
тогаш ова е за тука .. :toe:

исто така во организација на исламисти но овојпат поконкретно - сомалиски :toe:

СОМАЛИЈА - ОРУЖЈЕ КАКО НАГРАДА ЗА ПОБЕДНИЦИ ВО КВИЗ

somalija(1).jpg

Автоматски пушки, рачни бомби и противтенковски мини за победниците на квизот, во организација на сомалиските исламисти, објави Би-Би-Си. Натпреварувачите на овој квиз, кој е оддржан во текот на светиот муслимански месец Рамазан во пристаништето Кисмајо, одговараа на прашања од Куранот и самалиската географија. Претставници од милитантната група Ал Шабаб истакнаа дека намерата на овој квиз била не само да ги спречат младите попусто да го трошат своето време, туку и да ги насочи кон одбрана на својата земја. - Победниците ги наградивме со оружје за да ги охрабриме да се пријават за светата војна која е во тек. Тие би требало да се борат против непријателите на Алах во Сомалија, изјави шеикот Абдулахи Алхак. Победничкиот тим од дистриктот Фарјано освои пушка, две бомби, нагазни мини и залихи во вредност од 1.000 американски долари. Ни второпласираната екипа не си замина со празни раце. Тие добија автомаска пушка АК-47 и муниција. Припадниците на Ал Шаба и другите бунтовнички групи обвинети се за сорботка со Ал Каеда. Тие раководат со поголем дел од областа во јужна и централана Сомалија каде го воспоставија Шериетскиот закон. Владата, подддржана од Обединетите нации, управува само со делот од Сомалија околу главниот град Могадиш.

http://www.time.mk/read/555ff18ca9/7278c1d0d8/index.html

:nesvest:

кој се пријавува да го фане џек потот наредната недела на квизов ..
Џек Пот Тенк ... лично Бин Ладен ти ги дава клучевите ...
пали вози ...

и копија од Кур-анот добиваш ... за да се спремиш подобро за наредниот квиз на финалисти :tv:
 
демек она ја шо го пишав баталете ... туку видете тој што пишал :vozbud:
тоа шо го постирав само ја покажува вашата исламистичка верба до каде може да забега ....

Џихад, Џихад јееееее
:tapp:

христијаните колеа нехристијани ...
виие коелете христијани ...
други колат трети итн ... заебан круг ...
абе боже боже ако постоиш :) да видиш твоиве верници како колат ...
маме ни ебаа на земјава ...
земи си ги сите таму топтан горе ... да проживееме на раат ...
:toe:

Mоре ти следи го документарот со Буш, па види кој кого коли :tapp:
 
Иста сорта брате. И едниот и другиот се баптисти, и горе-доле имаат исти планови и цели. Еден ден ќе се разбудиш и ќе научиш кои се тие.:helou::helou::helou:
Kako gi stavas lugeto vo isti kos! ccccc
Ami ne se lutete posle koga i vas ke ve stavat vo isti kos so nekoi koi "navidum" izgleda deka ste isti, ili imate isto nekakvo si ime.
 
Шведска: Лезбејка стана бискуп!

09.11brune1.jpg

Ева Бруне е првата лезбејка на светот која стана бискуп. 55-годишната Швеѓанка, мајка на тригодишно дете е именувана за бискуп во Лутеранската црква во Стокхолм во присуство на шведскиот крал!

55-годишната Бруне, која живее со својата венчана партнерка, именувана е за бускуп на свеченоста одржана вчера во присуство на шведскиот крал Карл XVI Густаф.

Мнозинството жители на Шведска, околу 78 отсто се верници на Лутеранската црква, една од најотворените во светот по прашање за сексуалноста. Минатиот месец оваа црква одобри верско склопување на хомосексуални бракови.

9.11.2009 Таратур
 
Хомосексуалците протестираат против Ватикан

vatikan.jpg
Ватикан
Активистите за правата на хомосексуалците протестираа пред Католичкиот универзитет на Чиле.
Ги разгневи коментарот на вториот човек на Ватикан, Тарчисио Бертоне дека скандалот со педофилија во црквата е поврзан со хомосексуалноста, а не со целибатот.
Демонстрантите порачаа - хомосексуалците нема да ја преземат вината за злоупотребата извршена од свештениците - педофили што се случувала низ целиот свет.
Се очекува ова уште повеќе да ја продлабочи кризата во католичката црква по обвинувањата дека папата во кардиналските денови заташкувал случаи на педофилија, а неговиот прв советник ги спореди

Тужба против Папата и Светата столицаНајвисоките инстанци на Ватикан ќе се појават пред суд поради затајување на случаи на педофилија. Американец под називот „Џон Доу 16“ покрена тужба против папата Бенедикт 16, сегашниот и поранешниот државен секретар Тарчисио Бретоне и Анџело Содано и Светата столица.

Станува збор случајот против свештеникот од Висконсин Лоренс Марфи кој од 1950 до 1974 година злоставувал околу 200 момчиња во училиште за глувонеми.
„Ова е петти случај против Марфи како прекршител, прв против Ватикан и прв со барање од Ватикан за извинување, а не за парична отштета“, изјави Џеф Андерсон, адвокат на „Џон Доу 16“.
На површина испливаа нови докази против Црквата - канцеларијата на Ватикан со која во тоа време управувал кардиналот Јозеф Рацингер, денес папата Бенедикт 16 не преземала ништо за да го казни свештеникот-педофил и за да ги заштити децата.
Обвинителството изнесе докази, писмо што „Џон Доу 16“ го испратил до Ватикан во 1995 година и потврда дека тоа било примено. Со него го известил тогашниот државен секретар Анџело Содано дека како дете бил злоставуван од Марфи.
Му напишал и втор пат, но повторно не добил одговор. Ватикан тврди дека за случајот дознал дури една година подоцна, од архиепископот на Милвоки.
Во тужбата се бара Ватикан да ја симне тајноста од доверливите документи за сексуални злоставувања од свештеници и да ги објави имињата на сторителите.
Ова е историски ден и се надеваме на историски промени што ќе донесат вистинско и трајно решение на овој ужасен проблем што избувна во целиот свет“, рече Питер Ајсли, група на жртвите на свештеникот Марфи.
Свештеникот-педофил Лоренс Марфи починал во 1988 година. Поради староста и лошата здравствена состојба против него не биле покренати обвиненија. За Ватикан, тужбата против Папата и врвот на Ватикан е само безначајно шоу пред медиумите.

Папата Бенедикт XVI задремал на миса

prazno.gif
prazno.gif
zaspan-papa.jpg

Папата Бенедикт XVI задремал во текот на неделната миса на Малта. Задреманиот папа го натерал бискупот Гвидо Марини, кој седел од неговата лева страна, да го раздрма за да го разбуди.
На папата главата му паднала на градите, а дремењето траело неколку секунди. Причина за дремката најверојатно е пренатрупаниот распоред на папата.
За кратко време Бенедикт XVI се сретна со жртвите од свештеничкото злоставување, свештениците, како и со претседателот на државата, а имал и прошетка со Папмобилот низ градот. Папата има 83. години.:vozbud::pos2:
 
Овој Бенедикт 16 е пореметен во главата. Сигурно се дрогира не е ни чудно што заспал на столот.
Причината за дремката е дрогата.

Од дрогата ти се суши мозокот.:nenene:
 
Вауууу 83 ! Па ќе го напушти овој свет изгледа за скоро време.

Папава го навреди еднаш пејгамберот, што ќе биде кога ќе му дојде Мелекот на смртта ? Кога ќе сфати што направил ??

Уххххх :):):)
 
Изложба на израелски мистицизам

prazno.gif
prazno.gif
judaizam.jpg

Магија, мистерија и еврејска религија - на посетителите им беше препорачано да влезат со десна нога на изложбата „Ангели и демони“ во Ерусалим. Мистични реликти од 3-тиот до 20-тиот век го откриваат светот на ловците на демони и волшебниците.
„Луѓето користеле амајлии, магиски топки и записи на вавилонски еврејски и на арамејски за да го фатат демонот. Овие натписи се стапици за демони“, рече Аманда Вајс, директор на музејот.
Прва од овој вид, изложбата ги прикажува корените на еврејската црна и бела магија од пред 3 илјади години до денеска. На почетокот на минатиот век еврејските лидери ги скриле мистичните аспекти на еврејската култура за сметка на секуларната политика. Денеска мистицизмот доживува ренесанса во музеите, но и меѓу луѓето.
„Амајлијава е за млада жена. Напишана е на староеврејски, со магиски симболи и е мошне ретка - недопрена и од злато“, вели Аманда Вајс, директор на музејот.
На изложбата има по нешто за секого - среќни хамза раце превртени наопаку, амајлии, стапици за ѓаволи, магиски записи, љубовни магии и древни мистични ритуали.
 
Е ова е единствената изложба која би сакал да ја посетам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom