Верски вести I

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Прилепчанец злоставувал момче во манастир


Прилепчанец злоставувал 13-годишно момче во манастирот Света Богородица Трескавец, соопшти МВР.
Триесет и едногодишниот прилепчанец го злоставувал момчето во гостинската соба на манастирот, каде што престојувале заедно со уште две други лица.
Додека го вршеле гнасниот чин, забележале дека некој доаѓа во нивната соба. Се исплашиле да не бидат фатени на дело, па злоставувачот без облека скокнал од камбанаријата на висина од четири метри, а момчето избегало во друг правец.
Во информативниот разговор со полицијата, момчето кажало дека и претходно имало односи со триесет и едногодишниот прилепчанец и рекол дека бил злоставуван и од едно од лицата кое било заедно со нив во манастирот. Против двајцата се поднесени кривични пријави.

a1.com.mk
 
Протест поради план за палење на Куранот
spacer.gif
img49812117.jpg
12.08.2010 | 11:52
spacer.gif
Извор: Макфакс
spacer.gif
spacer.gif
pliko.gif
spacer.gif
facebook_small.png
spacer.gif
ga.gif
spacer.gif
ma.gif
Врховниот совет на Ал-Алжар ја обвини црквата „дека потекнува омраза и дискриминација“ и ги повика другите американски цркви исто така да го осудат настанот. „Дав Ворлд Аутрич Центар“ на 11 септември ќе организира јавно палење на најсветиот муслимански текст во спомен на жртвите на терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Организаторите го користат интернетот и сите социјални мрежи за да го промовираат овој настан.

Оваа црква, која исто така е позната како жесток противник на хомосексуалноста, минатата година исто така се најде на насловните страници на медиумите откако дистрибуираше голем број на маички на кој пишуваше „Исламот потекнува од ѓаволот“.
 
Охриѓанец силувал седумгодишно момче



Христијанин бил? Муслиман? Атеист? Будист?
патем што и да бил каква врска има со Верски вести постов? Офтопик си ...
дај доста се препукувате безвезално бе ..

Темава е за случувања поврзани со Верата ... било која .. конкретни .. а не црна хроника !
 
Христијанин бил? Муслиман? Атеист? Будист?
патем што и да бил каква врска има со Верски вести постов? Офтопик си ...
дај доста се препукувате безвезално бе ..

Темава е за случувања поврзани со Верата ... било која .. конкретни .. а не црна хроника !

Нема никаква врска..но сакав да дадам пример дека педофилијата ја има во секоја вера...
 
Нема никаква врска..но сакав да дадам пример дека педофилијата ја има во секоја вера...

Е добро де ја има .. без разлика на религиозната припадност на било кој има и педофили и убијци и крадци итн итн итн ... u name it ..
прашањето е дали религијата го подтикнува тоа, или се тоа само изопачени умови .... а за тоа има друга тема ..
да не одиме повеќе офтопик ..
Оваа тема е конкретна .. вести поврзани со религија конкретно а не црна хроника на поедини случаји кои немаат никаква врска со религија ..
 
Океј,нема да се повтори.Се извинувам :)
 
nanjova vest.
Диви геј-забави на римските свештеници
79168A830A26944689520C917D8B147C.jpg

Новинар на „Панорама“ еден месец бил на тајна задача и се дружел со свештениците на римската бискупија кои се членови и на хомосексуалната заедница
Тоа беше нов удар за католичката црква која само што почна да закрепнува од педофилските скандали - новинар на италијанскиот магазин „Панорама“ помина еден месец на тајна задача меѓу хомосексуално активните римски свештеници, а на крајот објави голема приказна за нивните геј-журеви и дружења, кои се поткрепени со многубројни фотографии и видеоснимки.

„Дивите ноќи на геј-свештениците во Рим“ е насловот на текстот кој се најде на насловната страница на неделникот чиј сопственик е Силвио Берлускони. Откритијата изнесени во магазинот за двојниот живот на римските свештеници кои преку ден ги извршуваат своите вообичаени активности, а ноќе учествуваат во разуздани забави со геј-придружници, не престануваат да креваат прав во Италија.

Новинарот Кармело Абате преку еден хомосексуалец што го познавал, се „уфрлил“ меѓу римските свештеници кои се активни членови на геј-заедницата во главниот град на Италија.

Така, Абате пишува за отецот Пол, 35-годишен Французин кого го запознал на една геј-забава во римскиот кварт Тестачио. Во текот на вечерта отецот Пол бил еден од многубројните гости кои танцувале со полуголи машки придружници, а некои од гостите и имале секс со нив.

Новинарот сето тоа го снимил со скриена камера, а кога завршила забавата, друштвото отишло во куќата на отец Пол, каде што хомосексуалниот „соработник“ на новинарот барал од свештеникот да ја облече својата свештеничка одора пред сексот со него. Новинарот и тоа го снимил со својата камера.

Следната вечер новинарот и неговиот „соработник“ се состанале со отецот Пол и отец Карло во еден познат римски геј-бар. И таа вечер завршила како претходната, а следниот ден новинарот тајно го сними отец Пол како слави евхаристија во својот дом во Рим.

Новинарот на „Панорама“ неколкупати се состанал со отец Карло во ресторан во Рим особено популарен кај хомосексуалната популација. Таму Карло повеќепати покажувал на друштвата на соседните маси, кои ги идентификувал како свештеници-хомосексуалци, објаснувајќи дека тој ресторан е нивно омилено место на кое се собираат и бараат партнери. Тој рекол дека 98 отсто од свештениците што ги познава се геј.

Првата реакција на црквата по објавувањето на текстот беше обвинување на неделникот, дел од медиумската империја на Берлускони, дека намерно создава скандал и ја напаѓа црквата од политикантски причини.

Аурелио Макнузо, геј-активист изрази сомневање во автентичноста на текстот и рече дека Берлускони „ги користи хомосексуалците за да ја нападне црквата“.

Главниот уредник на „Панорама“ Џорџо Муле одговори дека сите што се сомневаат во текстот „треба да знаат дека редакцијата ги има имињата и адресите на сите свештеници кои се споменуваат во него“.
 
Првата реакција на црквата по објавувањето на текстот беше обвинување на неделникот, дел од медиумската империја на Берлускони, дека намерно создава скандал и ја напаѓа црквата од политикантски причини.

Аурелио Макнузо, геј-активист изрази сомневање во автентичноста на текстот и рече дека Берлускони „ги користи хомосексуалците за да ја нападне црквата“.

Главниот уредник на „Панорама“ Џорџо Муле одговори дека сите што се сомневаат во текстот „треба да знаат дека редакцијата ги има имињата и адресите на сите свештеници кои се споменуваат во него“.
Ovie ili se glupi ili nemaat tocak.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom