VELUX EHF Champions League (општа тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја освои ЛШ 2020/21 ако го дочека крајот?


  • Вкупно гласачи
    34
Лудница на Магдебург-Киелце, каков фудбал, каква кошарка, ваква драма и возбуда може само ракомет да приреди.:ojeaa:
Утакмица и пол, да му е мерак на човек да гледа!

Тоа е ракомет, брзина, атракција, технички феноменални потковани играчи, но и цврстина, сериозно квалитетни одбрани и на двете страни. Двата меча во регуларниот дел немаа повеќе од 53 голови вкупно!

Супер е тоа што скандинавците го донесоа во ракометот (брз центар, молскавични контри, летање по терен) меѓутоа многу често утакмиците ги доживувам како да се „трчање ко муви без глави“ во трката да се даде гол повеќе. Ова денеска е тоа што (барем за мене) треба да биде ракометот.
 
Ракометна лудорија,браво Кил надокнади 9 разлика,заслужија Ф4.
 
Денес и утре, завршница на ЛШ за сезона 2023/24
Местото се знае, Лангсес Арена, Келн.
Еве сеа објавија дека до 2029 година ќе се играат таму завршните турнири.

Во првото полуфинале Магдебург и Алборг.
Можеби и поквалитетно финале од другото.

Актуелниот европски шампион, нов шампион на Германија, освојувач на купот
Доколку успеаат да ја одбранат титулата ќе заокружат една супер сезона.
Страшна машинерија има на лагер Бенерт Вигер. а вреди да се спомене дека речиси цела сезона ја иструкаа без досегашните ведети, левите бековиДамгарт и Вебер.
Феликс Клар, Гисли, Смарасон, Омар Инги Магнусон, Лагарген, страшно брза и незгодна бековска линија.
Хернандез на гол, страшно откритие е овај голман, според мене голман број 1 за оваа сезона, со секоја чест на Волф, Нилсен и Варгас од Барса, ама дечкото стварно искина на голот сезонава.
Саугструп и Бергендал на пикер, страшна двојка, опасни крила, сума сумарум, страшна екипа на Магдебург.
Ја имаат фаворитската улога денес, можеби и на турнирот.
Но ќе биде многу тешко да се одбрани титулата.
Досега ако не се лажам, откако се игра во Ф4 завршница само Барса има BACK TO BACK титули, секоја друга сезона нов шампион.

Алборг е една екипа у успону, страшно многу вложуваат и допрва ќе вложуваат, посебно ако се реализира тој трансфер на Јури Кнор.
Полека, полека пополнуваат дупки со млади играчи.
Микел Хансен ја завршува кариерата, но имаат замени.
Томас Арнолдсен е звезда и име за кое допрва ќе се слуша, тука е Влах, еден страшен лев како Хоксер, можеби во ТОП 3 десни бекови моментално, страшни крила и голман.
По мое единствена слаба позиција е плеј. тука немаат некој екстра играч, да останеше Клар ќе беше друга приказна.
Алборг за разлика од Магдебург кој имаше лесни тренинзи во Бундеслига имаше тешка финална серија со Фредериција, едвај тепаа на домашен терен и зедоа титула по 3 години.
Можеби и ова ќе има некоја улога, сепак не е лесно да има3 тешки дуели за 10 дена, а противникот те чека спремен и на домашен терен в Германија.

Мој тип е на Магдебург, најмногу заради формата и уиграноста, прогнозирам некоја тесна победа од 1-3 разлика.

Во другиот меч, ОЛД ФИРМ ДЕРБИ, Барса-Кил.


Кил никогаш послаб по резултати, иако по имиња и изедначеност на квалитет на ростер не делува така, имаат еден широк ростер на играчи кој има и тоа како потенцијал.
Во ЛШ беа далеку постандардни, освен тој слаб меч во Монпеље на гости, на другите мечеви во група беа повеќе од ок, додека во Бундеслига беа тежок криминал.
Имаат плејада млади играчи, кои допрва доаѓаат на голема врата, тешка артилерија зад 9 метри, Ерик Јохансен, Билик, Валиниус, Рајнкинд, ова се страшни пуцачи надвор од 9.
Одличен плеј во Скипаготу, меѓутоа некако во Кил нема константност дечкото, ќе изигра еден екстра меч. па потоа ќе даде неколку просечни партии.
Имаат ширина на ростер, добри дефанзивци во Винчек, Дувњак, Пекел, Оверби.
Голманите според мене се најслаба карика, не дека се слаби голмани Мрква и Белансен, но ја немаат таа константност како останатите.
Има мечеви ќе фатат 20 топки, има мечеви каде двајцата се под 10 одбрани.

Тука ќе се прекрши мечот, во учиникот на голманите.
Барса има подобро дуо на гол, нема дилема овде, меѓутоа има послаба ротација од Кил, но има друг адут. тренерот.
Карлос Ортега е доктор на науки за Јиха и треба да има тактичка предност пред колегата.
Барса никогаш поскромна во имиња, но сеуште силна и конкректна.
Недостига Фабрегас, исто и среден бек, но замените кои играат се повеќе од доволни за сето тоа да изгледа моќно на терен.
На лев бек фали тој учинок на Нгесан, ваљда ќе се врати во форма за завршницата.
Таа јака транзиција шо ја има Барса ја нема никој.
Ако се разбранат голманите мислам дека нема екипа шо може да им парира, со тие крила шо ги имаат на лагер.
Единствено им фали страшно Фабрегас, иако и Праде не е за потценување, повеќе од солиден играч е, меѓутоа не е тој калибар како Фабрегас.
Со ПСЖ за едно полувреме покажаа зошто се сеуште голема екипа.
Од -5 до +8, за помалку од 25 минути.

Ќе видиме, треба да е интересно полуфинале. неизвесно до самиот крај.
Мој тип е на Барса.
Иако на овие мечеви се е можно..
Кил свесно последниот месец се откажа од останатите мечеви, не се ни замараа во првенството и се насочија само на овај меч.
Сигурно ќе влезат со сите сили денес, колку ќе е доволно ќе видиме.
Барса е ранлива. прашање е дали Кил со оваа млада гарда надополнета со тие неколку искусни играчи ќе може да ги искористи своите шанси.
 
Toa e ubavinata na F4, se od regularniot del se zaborava, vo eden den, sekoj moze da pobede sekogo.

Ekonomski e dosta polosho od plejof serija, ama zatoa sekogas se vozbudlivi.
 
Нешто слично на што Виктор од Само Ракомет што предвиде. Дика Мем доби 2 минути, само што Алборг место пенал имаше последен шут. Хансен шутираше и не даде.

Барселона ми е напуван тим. Убаво ќе беше Алборг да освоеше, ама па и до овде штом стигнаа и тоа е успех.
 
Нешто слично на што Виктор од Само Ракомет што предвиде. Дика Мем доби 2 минути, само што Алборг место пенал имаше последен шут. Хансен шутираше и не даде.

Барселона ми е напуван тим. Убаво ќе беше Алборг да освоеше, ама па и до овде штом стигнаа и тоа е успех.
Хансен е ракометниот Хари Кејн :vozbud:Искрено жално за ваков играч ваков тажен крај јбг.
 
Како неутрална страна го гледа квалитот на Пелистер: https://www.handball-planet.com/mens-ehf-cl-24-25-power-ranking-from-barca-to-pelister/

Чисто за малку да имаме осет за реалноста, а да не летаме со желбите за којзнае какви успеси. Пелистер е рангиран како последен во пресрет на стартот на ЛШ.

Од друга страна буџетите во Франција: https://www.g-sport.mk/vest-statija/110833/kolkavi-se-budzetite-na-francuskite-klubovi-vo-202425/

Слични се и во Германија... Пелистер е далеку зад овие бројки, како што е далеку зад најмалку 13 од 15те останати екипи во ЛШ (не сум сигурен за Фредериција и Спортинг едино).
 
алборг го победи нант иако беше тесно до 26-24 потоа шведскиот голман кој го замени Ландин скина неколку зицери и се направи разликата.
левиот бек на алборг арнолдсен феноменален.
евроспорт француски ги преносвит утакмиците од француските екипи во куповите.
 
алборг го победи нант иако беше тесно до 26-24 потоа шведскиот голман кој го замени Ландин скина неколку зицери и се направи разликата.
левиот бек на алборг арнолдсен феноменален.
евроспорт француски ги преносвит утакмиците од француските екипи во куповите.
Арнолдсен има 22 години, лани настапи на Ф4, нашиве со 22 уште ги викаме НАДЕЖИ
 
Арнолдсен има 22 години, лани настапи на Ф4, нашиве со 22 уште ги викаме НАДЕЖИ
Шо е со пикерот Бергендал го немаше прошлата а гледам го немат и за вечерва во 18,45, на Арена Пик/Магдебург
 
Шо е со пикерот Бергендал го немаше прошлата а гледам го немат и за вечерва во 18,45, на Арена Пик/Магдебург
Играше со Фуксе во суперкупот, можно е да е некоја повреда
 
милосавлев блескаше ама недоволно ,Везпрем тепа 32-31
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom