Па мислам тие сликички со една мешалка на агрегат, вреќа цементо и куп трошење за т.н свечено отварање се само за да исперат слаби мозоци па Велес беше Македонски Детроит
барем до(од 1975) 1993-95 е потоа....
Мозокот ни е испран, хахаха стварно интересна фраза користите. Лајк.

Јас тој период го памтам по долгите редици чекајки за храна, го памтам тој период на татко ми од работа му даваа бонови наместо плата, чекаа ред со саати за да купат млеко, бензин, правеа стокови резерви на храна. Ова е околу 90тите... После тоа од 1994-2000 испропаднаа сите фабрики, тогашните транзициони политичари ги наполнија џебовите. Тогаш фана бран на самоубиства... Кој памти знае за што зборувам.
До ден денеска се зборува за тој период (од убавата страна) , дека на работа за време на смена се правеле софри, се нарачувале јагниња, се пиело на работа, слави чекале во Брако трета смена... Се одело во Претор и во Царина на одмор преку работа.

Сега сме 2014, тоа било пред 20-30 години. Сите среќно живееле (цена што јас и ти ја плаќаме денеска) , но долговите се трупале...
Сега се враќаат сите долгови што градот Велес ги трупал изминатите години. Моментално Велес не почнува од нула, туку почнува затрупан од долгови за кој сме плаќале ние, а не сме добивале ништо. Дури и ова минорно нешто за кое сега се смеете, е голем напредок. Слободно одете на некоја советничка седница, имате право и видете во колкав долг е градот Велес. Долг кој го билдале сите оние кои што биле на власт до сега...
Епа деца, ете моментално се реновира секој сантим од градов, се отвори фабрика на 40км, и се гради друга на 15км од центарот на Велес.
Зборувате за фабриката во Кавадарци, сте биле да ги видите условите за работа какви се? Ако не, не зборувајте за џабе. Никој присилно не тера никој да работи. На кој му е подобро да не работи за 12.500 денари, нека седи дома. Не можеме сите да бидеме јавна администрација и да зимаме 16.000 денари. И едно треба да сватиме, ние живееме во Македонија, држава во која последниве години почна да се дешава нешто. Не дека и сега сме сјајни, ама барем се осеќа некој напредок. Јас сум голем поддржувач на бугарските пасоши, слободно кој сака може да си извади и да оди по белиот свет.
