Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
леле советов носи храна и до работа ќе идат потебе даим фрлиш уште :)))

Ах „луѓе“... Затоа пола кучиња во градов ми се другарчиња и не ме јадеа кога одев по улица. А ти слободно не им давај храна и дотепај го тоа човечкото во тебе, оти не ти треба!
 
Ах „луѓе“... Затоа пола кучиња во градов ми се другарчиња и не ме јадеа кога одев по улица. А ти слободно не им давај храна и дотепај го тоа човечкото во тебе, оти не ти треба!
не го носи муабетот во погтрешна насока и имало некој уште по нечовек што ги пуштил на улица оти тоа не паѓа само од небо
 
не го носи муабетот во погтрешна насока и имало некој уште по нечовек што ги пуштил на улица оти тоа не паѓа само од небо

Зборуваме за кучиња скитници тука, пуштените на улица не напаѓат, него одат да се испраазнат...
 
Незнам шо е не само навечер туку и насабајле значи секогаш каснам за на работа поради нив!!! :mad: Наму кај касарната се собрале цело гето и трчаат по паркингот, неможе да се помине, кружам поради нив и каснам па трчам после :mad:
епа кога сакавме поддршка ние од здружението за заштита на животните си седеа на уши од општината... а богами и луѓето .. а главната цел беше да се тргнат тие кучиња од улиците и да се направи шинтерница кај шо ќе се сместат тие животинчиња.. арно ама кај нас само знае да зборуе народов а не сака да се помрдне да направи нешто. Не беше во прашање некоја страшна сума... можеше целата идеја да се реализира .. али не успеа и сега ќе трпиме и ние и они :confused:
 
Nymphadora, во кое здружение за животни си?

Сеуште не е доцна за да донираат граѓаните и да се реши проблемот со животните скитници. Проблемот е во тоа што многу малку сакаат да донираат.
 
Зборуваме за кучиња скитници тука, пуштените на улица не напаѓат, него одат да се испраазнат...
фала јасно дека за кучињата зборуваме , значи се во ред тоа дека не напаѓаат а претходно што пишаа е дека го/ја нападнеле ржеле ова она . а ти викаш храна да им даде
-еве да речеме носиш пола леб и го фрлаш а они се пет најмалце и едното ќе го грабне а другите почињаат да му го земат и почнуваат да се дават и оди помини после
- втора варијанта е да им скршиш на сите по малце на две апки го јадат и после цело време ќе те пратат за да им фрлиш пак
има неколку лежат цело време пред месарниците чекаат коски :)
ни ги дирај ни те дираат и негледај вонив така повеќе збеснуваат
 
Епа можеби треба да се запрашате зошто толку напаѓаат. Ја сум сигурна, дека секое куче, ако претходно не било малтретирано нема да 'ржи. Имам видено како едни идиоти клоцаат маче, и после на мачето му беше страв да ни се приближи а претходно си играше со сите. На Велес му фали институција која ќе ги собира мачките и кучињата. Да ги заштити од луѓето, не обратно.
 
На 47та седницата на Советот на општина Велес градоначалникот Горан Петров детално ги информираше советниците со досегашните активности на Општината и Одборот за спас на Велес, поврзани со случувањата околу Топилницата.
Петров, детално информираше за она што се случуваше пред хотелот Холидеј Ин во Скопје, кога на групата велешани Метрудхрм не им дозволи да влезат во салата каде беше закажана трибината но и за состанокот со министерот за животна срдина Абдулаќим Адеми. Според Петров средбата во министерството за животна средина е од исклучително значење за што јавно искажа благодарност до министерот Адеми за експресното прифакање на барањето за средба со преставниците на Одботот на спас и Зелената коалиција.
Советот, градоначалникот Петров го запозна и со заклуцоците од последната седница на Одборот за спас на Велес од Топилницата.
На оваа седницата советниците се договорија во четврток, Советот да одржи вонредна седница со единствена точка на дневен ред „ За случувањата со Топилнивата".
За време на дискусијата по информацијата од Градоначалникот беа дадени повеќе предлози меѓу кои и предлогот Советот по доставен предлог од градоначалникот Петров, да донесе одлука со која во иднина ќе се забрани во Велес да се депонира троска и останати преработувачки остатоци од тешки метали.
Едногласно советниците заклуција дека е потребно единство во она што значи битка за здравјето на велешани.
Точката на дневен ред за Топилницата на оваа седница беше по барање на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Ова е преземено од порталот лисица. Многу битна тема од градот, гледам никој не спомнал. Текстов е последен, затоа го ставив, да не викате оти баш од седница на Совет. СТавови? Ќе одиме на протест?
 
СТавови? Ќе одиме на протест?

Обавезно..

http://www.facebook.com/event.php?eid=170718489686669

http://daily.mk/cluster3/fbdd88f13a...htva-za-decata-zhrtvi-na-veleshkata-topilnica

Еве и еден извадок од книгата

Соочување со вистината-извадок од книгата-Детските солзи кога течат
Од многу велешки мајки ги слушав емотивните приказни за првото соочување со веста за тешката болест кај нивните деца.За долгите непроспиени ноќи и бдеење покрај болничката постела во моментите на криза кога и детето и мајката заеднички се борат против болеста.
-Силно биење на срцето.Како сите во амбулантата да го слушаат внатрешниот силен удар врз мозочните ќелии, додека свеста ја прифаќа веста од докторот и ја внесува како сознание со силен звук во ушите:
-Вашето дете е болно од тумор и треба да се испитува. Додека мајката во очај ја стиска раката на синот кој има само 11години и нестрпливо чека да заврши разговорот за да си одат дома, во себе вклучува илјадници сопирачки за да биде изразот на лицето мирен, а солзите да не почнат да течат како лавина.Со внимание ги слуша инструкциите на докторот, но тоа го прави со огромен напор, обидувајќи се да ја задржи присебноста, за да може се да запамети.Како некој робот да е задолжен за информации од надворешниот свет.Синот, оттргнувајќи ја од мислите, возбудено ја предупредува да не губат време..-Мамо, ајде, да побрзаме, ќе задоцнам на првиот час и вели детето.-Знаеш, дека имам англиски а наставничката е строга!
Но повторно оној другиот, роботот во неа,со најизнасилена насмевка се обудува да остане просебен.
-Не грижи се сине, ќе стигнеме..-му вели -Ако треба и на вториот час..Ќе те оправдам.
Го испрати детето до училиште со последните сили на контрола што ги изнајде во себе, а штом се затвори училишната врата, нозете сами и откажаа.Солзите како река, без прекин излегуваа и никаква контролна сила не можеше да ги запре.Чудно е колку солзи може да има во еден човек и колку тешко може да се запрат.Почувствува како две раце да и се залепија за вратот и со налудничаво изживување безмилосно ја дават и и го одземаат здивот...Но и оставајќи и простор за нов здив и пак повторна, речиси физичка болка на давење.
Се врати дома за да им ја соопшти веста на најблиските и да собере сили за понатаму........
 
Иако имам голема желба, нема да имам можност да отидам на протестот. Целосно го подржувам, и ако има нареден и ако имам време ќе дојдам.
 
VELESANI SITE NA PROTEST. Od peleni do bastum.
Ne se davajte,ne popustajte 100 % pobedata e vasa.
A tie so gemidiska krv vo akcija pravec topilnica.
 
Како што чадат оџаци
Долги оловоцинкови
Така врз земја отрови
Легнале, та натежнале
Наутро радост понеси
До вечер канцер донеси
За нечии туѓи дворови
Уништи си бели дробови
Во себе цинк пукај си
Од себе олово плукај си
Денови ли се денови
Велешки маки големи
Целиот текст
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11511956362&id=13&prilog=0&setIzdanie=22423

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Кој им е проблемов шо ќе ни ги мењаат имињата на улиците?!?! Добро нормални се колку трошоци ќе ни потегне сето тоа?!
Ќе бидат сменети Марксова, Енгелсова, Првомајска, Игманска и уште некои не разбрав точно кои... Сеа ако ја живеам на една од овие улици а живеам, треба да вадам нов пасош, нова лична карта, изводи и ред други документи и сето тоа треба да го направи цело мое семејство. Имаат ли мозок бе, кој ќе ми даде мене пари за нов пасош/лк/извод итн, пред 2 месеца го вадев за шо?! Ќе фанам на марс ќе се исселам:cenzura:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom