Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Театарот до каде е? Нели требаш 2010 да биде готов..
 
Не, јас колку што знам 2011 - 2012 треба да се заврши. Најголемата работа е внатре, однадвор е скоро готов....
 
Не, јас колку што знам 2011 - 2012 треба да се заврши. Најголемата работа е внатре, однадвор е скоро готов....
Еве статија на утрински весник од 17 јуни 2009

Новиот велешки театар ќе биде готов во 2010 година
4A008E432D40824A8DF9725685F64035.jpg

Театарот ќе располага со четири сцени, ќе има арт-кино и театар за деца
ВЕЛЕС - Интензивно се гради новиот театар во центарот на Велес во Младинскиот парк. Очекувањата се дека до крајот на годината ќе биде завршена првата фаза, односно карабината, ѕидарските зафати, а ќе бидат поставени и сите хидро и електротехнички инсталации. Потоа, ќе се избира фирмата што ќе треба да ја изработи сценската технологија и механика, а следната година ќе се поставува ентериерот.

„Се надевам дека ќе се испочитува оваа динамика. Средствата веќе се обезбедени од буџетот на Владата, се исплаќаат и се надевам дека во 2010 година ќе може да го отвориме објектот со добра претстава од актерите од велешкиот театар“, вели Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура.

Театарот ќе располага со четири сцени. Големата сцена ќе има 375 седишта, додека малата ќе биде со флексибилен карактер и ќе брои до 120 седишта. Дополнително, при изградбата на театарот, во сутеренот се отворил простор од 375 квадратни метри кои ќе бидат искористени за поставување на третата и четвртата сцена со по сто седишта, а во нив ќе бидат сместени арт-кино и театарот за деца, односно куклената сцена.

Надлежните очекуваат ова да биде интимен и пријатен театар со најсовремена техника што би се состоела од совршен светлосен парк, озвучување и сценска механизација. „Идејата е во зградата, ако има 365 дена во годината без празници, 320 пати да се крева завесата и да има некој настан. Да служи како централно место каде што ќе се случуваат многу содржини“, вели Јордан Витанов, директор на велешкиот театар.

Изведувач на проектот е „Еуропроект“ - Тетово, а подизведувач велешката фирма „Делта пром“. Досега за неговата изградба се потрошени 124 милиони денари буџетски пари. (С.Ќ.Н.)

Некако апла забавено го прават..
 
Ајде ајде ќе го биде. А црквава до кај ни е се знае????
 
и самиот гледаш...
ако ти е за оценките, појди на св Димитрија.
нека не те лажат не оди ти никаде, прати го професорот во официрски, средена работа!
 
Арно си знаат да наместат црква до школо и на сред чаршија :)
 
Планирам во петок да го посетам Велес поради фестивалот, па ќе треба негде да се преспие. Знае некој да каже некој поевтин хотел во Велес, што не е многу далеку од центарот и да каже приближно цена и локација. Благодарам.
 
Хотел, мотел во Велес НЕМА :) се е затворено.
За сместување тешко дека ке најдеш неш во близина. Хотелите се надвор од градов и се прилично скапи :S
Извини шо ке те разочарам али тое.
Едино да најдеш некој познаник па да го замолиш за една вечер да преспиеш!?
А за каков фестивал е воа?
 
Ееееј ме разочара, ама фала на инфото. Ниш ќе прескокнам петокот, ќе идам во сабота и евентуално недела.

Се работи за Фестивал на стрип. http://comicscenter.mk/ се надевам дека тој не е некаде на периферија, ај директно ќе се информирам.

Ако идеш се глеаме, ќе носам тегли :)
 
Може некое поконкретно инфо за настанов.
Каде, у колку ке се одржува ово оно да може да присуствуваме...
 
Може некое поконкретно инфо за настанов.
Каде, у колку ке се одржува ово оно да може да присуствуваме...

Ќе се одржи во Ликовен салон - Велес. Ако не знаете каде е ќе прашам, па ќе пишам дополнително.

Петокот фестивалот ќе биде отворен, ќе се претстават гостите и ќе бидат доделени наградите. Ќе започне во 19 часот.
Сабота фестивалот ќе започне во 11, а ќе заврши по 19 часот.
Недела ќе започне во 11, а заврши во нешто по 14 часот (последниот евент ќе започне во 14, а колку ќе трае не би знаел).

Ќе има учесници од Македонија, САД, Косово, Грција ...

Поконкретно, што како ќе пишам дополнително, затоа што чинам дека сеуште нема официјално инфо.
 
уклучи скајп да размениме тел броеви .. (освен ако не си нашол женско друштво :) )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom