Не, јас колку што знам 2011 - 2012 треба да се заврши. Најголемата работа е внатре, однадвор е скоро готов....
Еве статија на утрински весник од 17 јуни 2009
Новиот велешки театар ќе биде готов во 2010 година
Театарот ќе располага со четири сцени, ќе има арт-кино и театар за деца
ВЕЛЕС - Интензивно се гради новиот театар во центарот на Велес во Младинскиот парк. Очекувањата се дека до крајот на годината ќе биде завршена првата фаза, односно карабината, ѕидарските зафати, а ќе бидат поставени и сите хидро и електротехнички инсталации. Потоа, ќе се избира фирмата што ќе треба да ја изработи сценската технологија и механика, а следната година ќе се поставува ентериерот.
„Се надевам дека ќе се испочитува оваа динамика. Средствата веќе се обезбедени од буџетот на Владата, се исплаќаат и се надевам дека во 2010 година ќе може да го отвориме објектот со добра претстава од актерите од велешкиот театар“, вели Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура.
Театарот ќе располага со четири сцени. Големата сцена ќе има 375 седишта, додека малата ќе биде со флексибилен карактер и ќе брои до 120 седишта. Дополнително, при изградбата на театарот, во сутеренот се отворил простор од 375 квадратни метри кои ќе бидат искористени за поставување на третата и четвртата сцена со по сто седишта, а во нив ќе бидат сместени арт-кино и театарот за деца, односно куклената сцена.
Надлежните очекуваат ова да биде интимен и пријатен театар со најсовремена техника што би се состоела од совршен светлосен парк, озвучување и сценска механизација. „Идејата е во зградата, ако има 365 дена во годината без празници, 320 пати да се крева завесата и да има некој настан. Да служи како централно место каде што ќе се случуваат многу содржини“, вели Јордан Витанов, директор на велешкиот театар.
Изведувач на проектот е „Еуропроект“ - Тетово, а подизведувач велешката фирма „Делта пром“. Досега за неговата изградба се потрошени 124 милиони денари буџетски пари. (С.Ќ.Н.)
Некако апла забавено го прават..