Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Кога има воз за Гевгелија? (не експресен) или пак ако има некој со кола што утре успат оди накај Градско? :icon_mrgr:
 
Јави се и прашај - шо сигурно, сигурно е. :)

Пробај јави се,ќе ти се јави средновечна жена и ќе ти рече,незнам ја нова сум...(тоа ми го рече на шалтер,а на телефон не се јавуваат)..
 
ах, прекрасно место за пензионери.. и за сериџии
сон на секој сеирџија или сеирџика.. да има стан у лепотиците.. не ради тоа што се добри... туку можеш да видиш се дури и кога не си испаднат.
 
Да не знае некој дали Мартин Травел агенцијата сеуште организира еднодневни шопинг тури за Солун?
 
Да не знае некој дали Мартин Травел агенцијата сеуште организира еднодневни шопинг тури за Солун?

јас колку што знам.. организираат.. само не знам кој ден точно..
јави се на некој од овие броеви ќе ти кажат одма..

078 230 006
071 328 731

или директно во пан такси
 
Луѓе најдобар поглед во околинава кај има? барам или кон градот да е или кон езеро некако освен св. илија ридот и костурница :D
 
Луѓе најдобар поглед во околинава кај има? барам или кон градот да е или кон езеро некако освен св. илија ридот и костурница :D

над болница имаш добар поглед... ако не си бил таму.. зависи уствари за шо ти е
 
Ајде бујрум кој сака кој нема што да прави вечерва.. Под Вршник на пољанка сум постелен со екипата и со многу пиво и одличен поглед кон градот ќе кулираме..
 
Велешани кој ќе иде на нокаут на 7ми септември има организиран превоз од пан такси, 200 денари повратна карта, кој сака нека се пријави во агенција за да се знае бројка отприлика
 
Велешката топилница ќе се рестартира

C370D19B66A93E4780D39A4F0F3AD4AF.jpg

Велешката топилница ќе се рестартира. Инвеститорот „Метрудхем“ најави дека планира да инвестира 150 милиони долари во реновирање, ревитализација и модернизација на постоечките постројки и за 2,5 до три години откако ќе добие одврзани раце од Министерството за животна средина да почне со производство.

Направен е првиот чекор, испратено е известување до министерството за намерата на компанијата за изработка на студија за оцена на влијанието на животната средина.

- Компанијата „Дексон Ема“ веќе ја изработи студијата, но таа ќе биде конечна по имплементацијата на сите аргументирани сугеститиите од јавната расправа и оценките на експертските комисии и другите државни институции. Таа предлага технолошки решенија од врвот на меѓународната листа на денес признати најдобри техники и технологии - изјави Тони Димитриоски управител на „Метрудхем“. Според нив влијанијата врз животната средина од работата на топилницата ќе се сведе на минимум.

Планирано е топилницата да произведува 100.000 тони годишно цинк и олово и 100.000 тони вештачко ѓубриво во фабриката во Згрополци. Според проценките, 300 милиони евра треба да изнесува годишниот обрт на инвеститорот првата година откако ќе почне со производство. Планирани се 1.000 директни вработувања и уште 2.000 од страна на кооперантите. (А.Ф.)

Извор - Дневник.
 
Златна Порцеланка онаму џабе прашина фаќа овие се фатиле топилницата да ја отвараат.... -.-
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom