Вегетеријанство

  • Креатор на темата Креатор на темата energichen
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да го споделам моето искуство. После нова година почнав со полу-вегетаријанство. Јадев пилешко, риба, јајца, млечни производи и се друго од растителен свет. Не ми беше целта да слабеам ниту ништо, си сакав ете така си да си одржувам некој култ. Три ( 3) месеци го држев полу-вегетаријанството и се привикнав и ми беше премногу добро. После 3 месеци решив да отпочнам нови 3 месеци, каде што ќе сум ово-лакто-вегетаријанец. Не јадев пилешко и риба, ама конзумирав јајце и млечни производи како и се друго од растителен свет. Мислам дека био култ и продавницата за семиња спроти буњаковац ги испразнив целосно тој период. Поминаа и тие 3 месеци, ете веќе 1 недела сум веган ! Ги почнав тие нови 3 месеци кои што планирам да ги држам цел живот. Живеам на семиња, јадам соја за протеини, јадам зеленчук, овошје, понекогаш јадам тестенини. Обавезно примам минерали и додатни витамини како и л-карнитин во слаба форма кој е застапен само во месото а многу е потребен во организмот. Исто така си пијам омега-3 масни киселини оти и тие се многу потребни. Јас без намера, од 100 килограми станав 75кг моментално и веќе не личам на човек, костур сум бидејќи сум висок 185. Но, подобро ми е, навистина ми е подобро. Крвната слика што да кажам, 2 пати ја имам проверено и тоа пред да почнам со вегетаријанството и сега пред 2 недели пред да завршам со вегетаријанството и да го почнам веганизмот, докторот ме пофали, аритмија имав слаба ми флуктуираше срцето веќе се е во ред сега, имав крвен притисок 140/90 и 150/100 константен сега притисокот ми е 120/70 некогаш 130/80 а понекогаш ми опаѓа 100/60 и постојано ми се спие, имав секрет во белите дробови кој ми ствараше шлајмови, веќе немам благодарение на лукот кој има антибактериско дејство, кожата ми е сјајна, косата ми стана посветла и по цврста, ноктите ми се сјајни, првут скоро и да немам, сите акни и бубуљици ги снема а си го чистам лицето со виталија глина. Моментално јадам грав, грашок, леќа, ленено семе, чија семе , пченица, пченка, моркови, зелки, спанаќ, све од овошје, јадам соја бобинки како и пијам соино млеко и многу многу други работи. Јас се чувствувам прекрасно, но треба да се знае дека не за секој вегетаријанството е подносливо. Социјалниот живот се менува, ете летно време е, сите сакат скара да си направат покрај оган, а јас јадам патлиџани и пиперки и краставици. Сите сакаат алкохол да се напијат, јас пијам само по 1-2 чаши црвено вино. На мене ми е преубаво, и предлагам на секој кој сака да го проба овој начин на живеење, нема да се покае.
 
Живеам на семиња, јадам соја за протеини, јадам зеленчук, овошје, понекогаш јадам тестенини.

Внимателно со сојата, мене ми направи големи проблеми а и се повеќе луѓе запознавам со лоши искуства.

Јас воопшто не би ја конзумирал или исклучиво во ферментирана состојба и во многу мала количина (ако толку ти го прави меракот).

Инаку честитки за досегашниот успех (y).
 
Какви проблеми ти направи сојата?
Мора да примам протеини во спротива не сакам на стари години да доживеам атрофија на мускулите а освен во мешункастите зеленчуци каде ја има во исти сооднос со скробот, највеќе ја има во сојата. Од што друго да се црпи протеини ?
 
Побарај на интернет да видиш колку е штетна сојата . Ти напишаа претходно, ферментирана е Ок.
 
Побарај на интернет да видиш колку е штетна сојата . Ти напишаа претходно, ферментирана е Ок.
Дали сојата во Herbalife шејкот е ферментирана ?
 
Дали сојата во Herbalife шејкот е ферментирана ?

Незнам шефе, тоа треба да си провериш. Не верувам дека е ферментирана.

Воглавно сите житарки кои сакаш да ги конзумираш: треба да стојат во вода 24 ч после тоа се варат па се јадат.

Сојата не би ја препорачал на машки
 
Последно уредено од модератор:
Сојата е протеин изолат.
Термично преработена исто и хемиски процеси. Нема ништо лошо но не е магично.
 
Во κој маρκети во МΚ се пρодава млеκо од соја и тофу?
 
Млекото од соја од виталиа е катастрофа, поточно тоа не е млеко туку е прашок за растворање со вода и е полно со вештачки засладувачи и ароми. Додека млекото од соја во тетрапак по продавниците се движи 150 ден литар што е прилично скапо.
 
не купувајте млеко од соја....правете те го сами дома...по можност од домашно одгледана соја

инаку сојата не е препорачлива за честа конзумација....содржи многу фитоестроген

семето од коноп е добар извор на протеини, потоа печурки (не ги јадат веганите), мехунарките, јаткастите пллодови
 
Зошто веганите не јадат печурки? Прв пат слушам/читам ова.
 
Зошто веганите не јадат печурки? Прв пат слушам/читам ова.
затоа што печурките не се растенија...не создаваат сами храна...туку се хранат со разложување на органски материи, живеат полупаразитски[DOUBLEPOST=1409782770][/DOUBLEPOST]а не јадат ни мед затоа што е произведен од инсекти
 
Им предлагам на сите вегетаријанци, вегани, ултра вегани и сите подгрупи да ја размислат смислата на вегетаријанството а не да стануваат вегетаријанци за да бидат модерни или покажани со прст по секоја цена... Сум против јадењето месо но, тоа процес и ништо не смее да е насила додека млечните прозиводи апсолутно треба да се конзумираат исто така јадењето не обарен зеленчук може да направи проблеми на подолгорочен план обарувајте ги во топла вода зеленчуците како на истокот... Овошјето е друг принцип и нетреба да се обарува. Околу јадењето риба сеуште немам став.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom