Hiperaktiv
Султан :P
- Член од
- 16 февруари 2012
- Мислења
- 1.590
- Поени од реакции
- 923
Сакам да го споделам моето искуство. После нова година почнав со полу-вегетаријанство. Јадев пилешко, риба, јајца, млечни производи и се друго од растителен свет. Не ми беше целта да слабеам ниту ништо, си сакав ете така си да си одржувам некој култ. Три ( 3) месеци го држев полу-вегетаријанството и се привикнав и ми беше премногу добро. После 3 месеци решив да отпочнам нови 3 месеци, каде што ќе сум ово-лакто-вегетаријанец. Не јадев пилешко и риба, ама конзумирав јајце и млечни производи како и се друго од растителен свет. Мислам дека био култ и продавницата за семиња спроти буњаковац ги испразнив целосно тој период. Поминаа и тие 3 месеци, ете веќе 1 недела сум веган ! Ги почнав тие нови 3 месеци кои што планирам да ги држам цел живот. Живеам на семиња, јадам соја за протеини, јадам зеленчук, овошје, понекогаш јадам тестенини. Обавезно примам минерали и додатни витамини како и л-карнитин во слаба форма кој е застапен само во месото а многу е потребен во организмот. Исто така си пијам омега-3 масни киселини оти и тие се многу потребни. Јас без намера, од 100 килограми станав 75кг моментално и веќе не личам на човек, костур сум бидејќи сум висок 185. Но, подобро ми е, навистина ми е подобро. Крвната слика што да кажам, 2 пати ја имам проверено и тоа пред да почнам со вегетаријанството и сега пред 2 недели пред да завршам со вегетаријанството и да го почнам веганизмот, докторот ме пофали, аритмија имав слаба ми флуктуираше срцето веќе се е во ред сега, имав крвен притисок 140/90 и 150/100 константен сега притисокот ми е 120/70 некогаш 130/80 а понекогаш ми опаѓа 100/60 и постојано ми се спие, имав секрет во белите дробови кој ми ствараше шлајмови, веќе немам благодарение на лукот кој има антибактериско дејство, кожата ми е сјајна, косата ми стана посветла и по цврста, ноктите ми се сјајни, првут скоро и да немам, сите акни и бубуљици ги снема а си го чистам лицето со виталија глина. Моментално јадам грав, грашок, леќа, ленено семе, чија семе , пченица, пченка, моркови, зелки, спанаќ, све од овошје, јадам соја бобинки како и пијам соино млеко и многу многу други работи. Јас се чувствувам прекрасно, но треба да се знае дека не за секој вегетаријанството е подносливо. Социјалниот живот се менува, ете летно време е, сите сакат скара да си направат покрај оган, а јас јадам патлиџани и пиперки и краставици. Сите сакаат алкохол да се напијат, јас пијам само по 1-2 чаши црвено вино. На мене ми е преубаво, и предлагам на секој кој сака да го проба овој начин на живеење, нема да се покае.