Вашите пријатели на Facebook

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
999 пријатели.
Не сум правел анализи на тоа колку од тие луѓе знам лично, ама ќе испадне голем процент. Во последно време додавам фотографи и модели за пријатели и пријателки :pos:
Имам неколку додавани преку игрите што ги играв порано на ФБ. Неколку познати личности, неколку фирми, неколку вруќи девојчици.

Ми се наоѓаат за кога сакам да спамнам нешто, да се пофалам :)

Edit: четот ми е исклучен, само досаѓаат некои ликови кои неќам да ги муабетам :)
 
Од 473 пријатели максимум 5 не ги знам лично ама имам направено муабет на чет, другите сите ги знам личмо макар и само на здраво. Порано имав повеќе и што не ги знам, ги избришав затоа што бројката не ми значи ништо и не прифаќам некој што не го знам
 
од 320 пред 10тина минути, моментално 182 :)... 99% ги познавам... гифтови за игри не ми требаат... :)
 
Инспирирано од Due Date... “I’ve got 90 friends on Facebook. 12 of them are pending but I’ve got 90 friends!” :pos:

Шала на страна, имам над 700 пријатели повекето ги знам .. другите не ми пречат се додека не се појави некој на чат и пише "Ај еден лајк на сликава" или слични испади :)
 
имам 296 пријатели и од тие 296 пријатели само 10 тина не ги знам во живо...
 
Имам 180 од кои 95% ги знам лично сме се дружеле порано или сеуште и колеги од факс познаници, другите 5 % има нешто од кајгана:) што ги познавам сајберски само и се кул луѓе постираат забавни статуси:) и други некој луѓе што ме додале индијци, хрвати, кинези :pos: и слично...и неможат да ми ги видат сликите зашто сумљам дека се лажни профили:P ... фб исто ко некој што напишал претходно воопшто не го сфаќам сериозно и не сакам да изложувам интимности и разноразни слики од буквално секаде кај што одам па да се сликам ко некој што прават,., ми е глупост. Може само за комуникација со френдс роднини и слично,споделување интересни работи што сум читнала и слично, порано играв фарма :icon_lol: али ми здосади, имам некој френдови што ме аднале ради гифтс на фарма исто ко погоре што спомна некој и така...
 
Порано ги прифаќав повеќето, ама еднаш се напнав за нешто и избришав над 100 пријатели, луѓе кои не ги знам или воопшто не контактирам. Повод за тоа ми беше еднаш една личност што ја знам подолго време ме адна, го прифатив и помина тоа, после у живо се правеше дека не ме познава. Не почитувам такви работи, ако нејќеш никаков контакт со мене, немој да имаш, а не работава ај ќе те имам на фејсбук у живо ќе се праам не те знам. Затоа сите такви примери ги избришав, како и оние кои нит ги знаев, нит комуницирам со нив воопшто.
Речиси сите ги познавам, сум ги упознала или по лик ги знам од некаде, знам барем кои се. Има и по некои изолирани примери кои не ги знам, ама не ми пречат. Имам и луѓе од Кајгана, ако видам дека повеќето mutual се од Кајгана, го прашувам за никот, барем да си знам и тогаш не ми смета го прифаќам.
Кога ќе ми прати некој риквест а не го знам, го прашувам дали се знаеме, ако не се знаеме не гледам зашто би требала да го аднам. Не дека имам против такви работи, ама шубе ми е секој да ми ги гледа сликите, работите што ги постирам, ипак фејсбукот ми е малце поприватен, нема зашто секој да ми ги гледа сликите и контактите или интересите или whatever. Секакви луѓе има на планетава така да боље спречити него лечити. Што е сигурно, сигурно. Со такви работи никогаш не можеш да бидеш сигурен. Некад правам исклучоци, ама ретко. Јас никогаш немам додадено некој што не го знам, глупаво ми е некако. :toe:
 
Имам 261 пријател на фејсбук.
Од нив лично знам да кажеме 20-30.
15-20 имам само здраво на улица.
ресто ми се непознати, иначе мразам роднини и блиски пријатели да имам на фејсбук. Што има ја да правам муабет со блиски пријатели на фејсбук или со родини. Пишувам тамо разни срања и несакам некоја моја братучетка или слично да ме чита.
Претежно интернетот го користам да запознам нови карактери а не да се дружам на интернет со оние што цел ден сум со нив.
Иначе оние кои ги запознавам на фејсбук ги оставам во френд листата, оние кои ме адирале или сум ги адирал за френд а не се комуникативни ги бришам после одредено време.
 
Околу 290 од кои отприлика 260 ги познавам, десетина ќе ми биде драго да ги запознаам, десетина се профили на некакви организации и десетина кои би требало да не ми се пријатели барем не на фејсбук. Чатот ми е така добро поделен што за тие со кои не сакам да муабетам или немам што да правам муабет секогаш ми се офлајн.
Последниве денови не ни можам да го отворам чатот заради слабиот интернет :( Па така сите ми се офлајн :)
 
Исто така мислам дека фејсбук е создаден за запознавање на нови личности а не за комуникација со родини и пријатели. Ако сакаш комуникација со роднини и пријатели имаш стотици видови на месинџери со подршка на аудио и видео разговор.
 
Имам 261 пријател на фејсбук.
Од нив лично знам да кажеме 20-30.
15-20 имам само здраво на улица.
ресто ми се непознати, иначе мразам роднини и блиски пријатели да имам на фејсбук. Што има ја да правам муабет со блиски пријатели на фејсбук или со родини. Пишувам тамо разни срања и несакам некоја моја братучетка или слично да ме чита.
Претежно интернетот го користам да запознам нови карактери
а не да се дружам на интернет со оние што цел ден сум со нив.
Иначе оние кои ги запознавам на фејсбук ги оставам во френд листата, оние кои ме адирале или сум ги адирал за френд а не се комуникативни ги бришам после одредено време.

Тоа е тоа мој човек :) Јас фб си го сваќам како тепање време и ако има некој да се запознаеме ако не никому ништо нели ама се почесто некој ако не те знае не ни пишува па шо мајка си ме аднал демек ако напишат 3 реда текст ќе фати болест.... а и да си се договорам за нешто со френдовите и некој муабет интересен ако има.....
 
Имам нешто над 500 пријатели, со голем дел од нив се знам. Немам додадено никој во последно време, а ги прифаќам само оние што ги знам или се добри пи4ки. :toe:
 
Моментално 189. Ги знам над 97%. Ги имав над 250, ама ги избришав едноставно поради тоа што воопшто не ги ни познавам и не контактирам.
 
880 пријатели, од овие дали само 300 знам , лично познавам околку 100 другите ми се само на здраво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom