Вашите пријатели на Facebook

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Имам околу 220 пријатели од кои 95% ги познавам, а другите 5% се некои изгубени индијанци/индијанки кои ме адднале. Иначе веќе ми премина во навика да не адднувам пријатели иако некогаш ќе наидам на некој што ми е познат, но сепак не го адднувам.. а за прифаќање прифаќам секого доколку е во ред со неговиот профил т.е. ако не се сомневам дека е некој трол или лажен профил..
 
184 пријатели. Прифаќам само ако не води иста или слична философија или ако ги познавам.
 
Имам точно 666 пријателчиња... Повеќето ги знам. Немам чат, строго на пораки се допишуваме. :)
 
Јас имам околу 1200 пријатели, од нив пола не ги познавам. Прифаќам скоро секој, а додавам пријатели само кои ги познавам. :)
 
Имам околу 500 пријатели и околу 400 од нив ги знам лично или се имаме видено барем еднаш, 50 од нив ги знам како другари и другарки на мојте најблиски другари и другарки и на мојата девојка, другите 50 се онака да речам познати личности као на пример некој диџеј, некој продуцент, вокалист, или било што :D Иначе не прифаќам секакви личности, односно ги прифаќам сите, и веднаш им го разгледувам профилот. Ако е некој „забеган“ со еден куп срања по неговиот профил и постирања од типот: „какво ќе биде вашето дете“, „што ќе бидете во иднина“, „гледајте си на кафе“ дрн дрн дрн, тогаш веднаш го бришам без разлика кој и да е. Значи си сакам пријатели од мој тип. А ги додавам само оние кои сакам да ги запознаам или некои за кои ми имат зборувано пријателите/ките дека се кул онака за дружење. И то у главно.. :D
 
Едвај 200 фејсбук другарчиња имам, од кои добри 80% ми се стварно другарчиња и добро се познаваме секако,20% ми се роднини,братучеди,тетки :nesvest: уште некој дедо фали :toe:

Одбрани ми се од причина шо ме интересираат само тие со кои се познавам, дури и планирам да ги избришам оние малкуте кои се непознати!

И стварно не знам шо е финтата ако некој има 1000,2000 или 3000 "пријатели" a во приватниот живот има едвај 10!
 
Имам 500-600 пријатели, не ги познавам сите, со едно 200-300 души може само се знам другите се нивни другари, другарки, познаници, значи луѓе со кои имам многу заеднички пријатели па сум ги аднувал по препорака од фејсбук.Немам потреба да бришам зашто немам ништо псоебно од мене на фејсбукот и не ми смета.Имам слики од мојот омилен клуб и од моите омилени работи и се дружам и го користам она интерсно што го нуди интернет дружењето, избегавам глупости разни какви што има на фејсбук.Чисто ради забава сум таму и не се замарам многу.Имам и од странство луѓе на фејс онака од коментари по некои страници што сме правеле муабет, пошто има многу веб сајтови каде преку фејсбук можеш да коментираш и сме се нашле во муабет и ај на чет знаеш...такви луѓе имам доста и интересно ми е.Не го сваќам толку сериозно фејсбукот за да водам ред кого имам и што имам и не внесувам премногу лични работи на него и информации и така ради забава и дружење и ширење интернет познатства сум таму...
 
Имам 1000+ и у главно пола не ги познаам..а сакам да аднувам некој од пи*ку си ...ради драпање муда ...впрочем за тоа и го користиме..
 
Моментално имам 184 пријатели. 15 од нив не ги познавам а ги имам прифатено поради една игра (се женски се). А непознато имам само едно машко кинез:pos: а никогаш не сум ни зборела со него. Имам окулу 8 професори и 10 познати личности. А останатите ми се другарки, другари, братучетки и братучеди. И многу ретко четувам на фб, само кога ми е потребен некој тогаш зборам:toe:
 
Имам 442 пријатели,95 проценти ги знаам,другите се фанови на Реал од друга држава. :)
 
Имам 156 пријатела, at the time being и сите ги знам добро, а со случајни познаници немам некоја посебна потреба да комуницирам, освен ако не ни тргнал муабетот, па добијам желба понатаму да продолжам со комуникација. Исклучително ретко прифаќам барања од луѓе што не ги знам, само два-тројца сум прифатила така, не сакам секој да ми ѕирка во животот, а ме мрзи да правам посебни услови за приватност на профилот.
Како што гледам по коментариве, Facebook ја презема улогата која мирцот ја имаше на времето, тинејџериња го користат за бркање женски. Не можам да сфатам која е целта на имањето 2000 пријатели, недозреан его-трип ви прави тоа? Или посебно задоволство дава манијачењето на слики на непознати девојчиња? :tapp:
 
чим видат слика со кола/мотор пари одма го додаваат џабе бараш одговори...
 
Моментално 91 пријатели, само тие што ги знам(некои лично, некои од форумот). Пред некој месец имав околу 400, ама ги избришав сите што не ги знам и оние што ги знам, ама не сум веќе во контакт со нив.
 
Имам 396 пријатели и имам само 10 -15 души што не ги знам инче сите ги знам , а за чет ептен ретко .
 
Па околу 200-300 пријатели имам, незнам зашто од школо се уклучувам, неможам да видам. Како и да е, повеќето ги знам, но има и доста добар процент што ме додале од кузнај каде. Некои јас додавам рандом, незнам ни самиот зошто. Има луѓе што ми помагаат со промоција на мојата музика, има продуценти... Ме мрзи да бројам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom