Епа ај и јас да пишам, прво фрустриран сум што отвараш тема во 5 саат, а треба да спиеш ова време

(се шалам како 1 на 10 ми дојде пошто до 7 сум на работа ќе ми пројде време).
Најпрво ќе почнам со протестот на работниците од Охис. Протестираат секој вторник и петок, ај тоа е нивно право да и сигурно не протестираат од што им е убаво, туку си имаат мака, ама не можам значи навистина не можам да сфатам зошто протестираат пред Охис и го затвараат патот скороз па автобусот мора да кружи преку Горно Лисиче, а еве денес беше таков ден што јас брзав за на факс, во автобусот имаше деца што брзаа за матура да полагаат, пензионери фулл стандард си е тоа во вторник и ни самите не сте свесни која нервоза фаќа посебно пред полагање така да се нервираш и да мислиш дали ќе стигнеш на време поради тоа што некој друг протестира. Значи иди протестирај пред влада, не ги пуштај нив да идат или има уште многу други начини да протестираат они, а да не страда обичниот граѓанин кој не е ни крив ни должен (па може и јас имам многу маки па уште тоа да трпам 2 саати да ми треба да стигнам на факс, работа и т.н.).
Второ, многу мразам некултура, ама она ептен сељачконо. Покрај тоа што учам факултет и работам и имам за задача работното место да го одржувам чисто и кога ќе видам некој ќе пројде и има канта на 2 метра, не да фрли во канта ќе ми фрли ѓубрето доле па оди пак чисти, мада општо мразам така кога фрлаат ѓубре доле дури и да не е кај мене на работа, зошто да не го задржиш во себе па да го фрлиш во канта, со тоа одржаваш чисто и помагаш на некој што му е тоа работа.
Трето, многу ме нервира кога ќе ми дојде некој дома и на пример од цело друштво само еден пуши, па ќе земе не гуши сите нас други. Ај да е една две цигари цела вечер добро ама како нетокму по 5-6 цигари внатре кога ќе направи чурница... Нека си излезе надвор прво од култура треба да го направи тоа кога гледа дека само он пуши, или па исто ме нервира дури и една цигара да запали некој ако во просторијата има мало детенце. Кога сме кај цигарите исто така мразам кога ќе дојде некој што кај него во куќа не си пуши и излегува надвор, а кај мене се прави газда и внатре и си пуши.
Четврто, многу ме нервираат пензионерите во автобус. Не сите, ама повеќето. На пример кога не сум уморен имам обичај да им станам да седнат, ама некогаш кога сум многу уморен посебно после 3 та смена од работа ќе ми дојде некој на глава што нема везе дека е уморен туку колку да ти каже вие цел ден седете од култура треба да станете и т.н. А, на пример да видат бремена жена или некој повреден абер немаат да станаат они.
Пето, влагање преку врски или па преку ред (со исклучок кога навистина имаат потреба) во амбуланта и други установи.
Сигурно има уште многу работи, но моментално овие ми текнаа. Доколку ми дотекне нешто ќе допишам.
А, еве сега ми текна таман пред да пишам уште една работа, најмногу што ме нервира кога ќе видам основциве колку брзо пораснале. Па ги гледам деца од 6 то оделение се разголеле на фб, низ населба со цигари во уста шетаат, пцујаат, жими се ми иде да ги мавнам од земја.
Ајде поздрав сега и со среќа нека е
