Вашиот татко!

  • Креатор на темата Креатор на темата sunshinebaby
  • Време на започнување Време на започнување
Татко ми умре коа бев 3 години, ништо не се сеќавам.
Сите ми велат дека сме исти, карактер и изглед.
Што знам.

Живеам со новиот маж на мама од коа бев 5 години, можам да кажам дека он ми е татко. Што знам.. не зборуваме многу јас и он.

Не знам што значи навистина да имаш некое машко околу тебе што се грижи за тебе..
 
кога бев мал замина во странство по работа, остануваше по 2 год. некогаш во годината идеше по 2-3 пати, поголем дел од животот до сега го поминав со мајка ми и брат ми...немало е совети, што сум побарал кажи речи се сум добил.....сега живееме заедно, но немаме многу блискост
 
Мојот татко....кога бев помала тој играше поголема улога во мојот живот одколку мајка ми...мора да се признае дека бев татина маза... секогаш кога се карав со браќа ми тие беа криви, тие добиваа казни... можеби и затоа многу ми беше тешко кога го изгубив на 9години...од рак на бели дробови....сепак тој беше многу добар човек, и баш поради тоа најмногу и патеше...не знаеше да каже не на оние кои бараа помош од него...а ги имаше многу такви...секогаш нему му се доверував повеќе, а кога ќе погрешев, знаеше точно како да постапи...денеска ми недостасува..и тоа многу...единственото нешто за кое жалам зашто физички го изгубив..
 
Нема што да се зборува за мојот татко....

Simply the BEST!:zver:
 
Јас сум копија на татко ми. Исти сме, карактер кој е копија на неговата. Може тоа е причината што понекогаш се караме, знае кои работи би ги направила.
До пред две години бевме ептен блиски, му кажував се. Ми се случуваше мама да незнае за некои работи, а тато да знае ама една безвезна караница не оддалечи. Блиски сме ама не како порано. Ептен ми е мака заради тоа...
 
Тато е најдобар татко :vozbud:јас имам 22 години и мислем дека тој е најдобар човек на планетава , не дека ми е родител и го фалам ........знам дека сите си ги сакаат своите родители најмногу ......но тој едноставно е добар со сите со цела околина што го опкружува немам зборови за неговиот карактер..............
Не сум сентиментален тип ретко се вртам на вакви теми но на оваа морам да ви кажам на сите колку добар човек е таткоми:toe:
 
Татко ми е голем човек и ако бидам барем 30% од него ке бидам пресреќен и пред се успешен. Го сакам ама и го почитувам многу. Секогаш ме разбирал и ме подржувал и никогаш ама баш никогаш не ми забранил ништо. Секогаш стоел зад мене и никогаш не ме изневерил или ме оставил на цедило. Има мн добри особини, вреден, чесен, ништо не го мрзи и упорен. Знае понекогаш да не прифати некое мое мислење но набрзо омекнува и сваќа дека во одредени ситуации имам подобри решенија од него. Како и секој има и свои маани, но јас го сакам и прифаќам како таков.
Не знам што би правел без него...
 
tatko mi e mnogu dobar covek
 
тврдам дека однос ко јас Коки нема никој од вас!
велам Коки затоа што тато не сум го рекол којзнае од кога, беше тоа некаде 3-4 одд, другарски однос заебанции на секоја тема, ремет на негова сметка, па дури и другарски пцовки меѓу нас во одредени моменти.
Со татко ми сум условно ќе речам секаде па дури и на излагање(ова го велам од причина што неколкупати сме иделе цел тим на прослави по победите и Коки доаѓал со нас - не сум го викал јас туку соиграчите)...
тоа не значи дека сум неспособен сам да се гледам и ми трча по газот
Тој е професор по спорт, работи во училиште, мене ми предаваше, од мојот спортски стаж татко ми ми бил тренер 90% од времето, после тренинг дома пак со него, после дома во теретана пак со него, гледам пред ТВ спорт пак татко ми...многумина ќе забележам имаат татковци кој на спортот не му се наклонето многу многу...верујте добро е да имаш татко бивши спортист и долгогодишен спортски работник, делиш мислења од спортот, често не го делиме мислењето, имаш многу што да научиш, другар, соиграч за тренинг и додатни тренинзи во секој момент, инструктор по пливање на одморите како мал по одмаралишта и уште многу многу други работи...
Го изнафалив, пу пу да не гу урочам, да ми е здрав и жив уште 100 години, како него да сакав немаше да ми се падне:pos2:Толку од мене, оние кој го познаваат од форумов мислам дека само ќе го потврдат моето мислење...на некои од нив им бил и тренер па можат и тој однос тренер-играч да го опишат: Hellsing, Acid, Mari0...
 
Чале мој е хардкор тип:vozbud:со него можам да бидам и другар,колега,паѓаат јаки заебанции со него и никогаш нема да заборавам дека он ме зарази со рок музиката(гунс н роузис)јебига бифши рокер:pos2:али сеа е сосем друга личност.Едноставно кажано чале е еден и незаменлив...Те сакам тате!!!
 
pa neam oseteno kako e da imas pravilen tatko:nesum:
 
Многу ретко во последно време се гледам со татко ми, дека на факултет и преку летото плус ме нема. Фкрај го поштовам татко ми многу ми има помогнато во живото се шо моеше финансиски обезбеде за мене ко шо сакав. Најголема желба ми е во живото да можам некој ден, некој јак кур да станам и за се да му вратам шо ми помагал.

Иначе од сентименталан аспекат нормален однос, многу припаѓање во несвест нема и тешки муабети. Мајтапи има на нивоу, релаксирана атмосфера и најпоќе шо поштовам никогаш не ме има замарано за учење или да ми забранва нешто. Ќотек строго ко помал, ама јас беф криф да бидиме искрени, тркало невидено беф.
 
Кажете им на своите татковци колку ви значат и колку ги љубите. Кога ке ги изгубите ќе биде касно. Толку го љубев јас мојот а никогаш не му кажав а сега е касно.
Само да знаете колку боли...Искористете ја шансата и кажете им колку ви значат. Јас да го сторев тоа можеби ќе беше поинаку???
 
Знам како ти е Мац.Корен, јас истото со мајка ми, но верувај дека тој го знае тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom