Вашиот омилен појадок

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Едно од овие стандард :
- овошна салата ( огромна :D )
- стоби флипс и баланс
- мусли и млеко
 
Најчесто комбинирам путерче со нешто сиренце и буковче,понекогаш чајче или млекце уз ова.

Никогаш не се навикнав на мусли и остали работи,единствено едни чоколадни топченца ми се погодија па ги кркав некој период со млеко исто и едни обични житарици со јогурт.
 
Топол чај, лепче со маргаринче и сиренце. Повеќе не барам :) Смачено ми е од оние брзи јадења кои ги практикувам на факултет, пирошки, буреци, гевреци и сл.
 
матам 3 јајца..рендам сирење во нив.. ги пржам..а некогаш може и домати во смесата..брзо и вкусно
 
Најчесто за доручек јадам јајца, геврек и житарици со млеко :icon_mrgr:
 
Ајде една тема за сите оние кои сакаат да се хранат здраво:)
Ако спаѓате во оваа категорија, кој ви е омилен оброк на почетокот на денот?
Јас освен нашата драга кајгана :), обожавам да си испржам сирење со кромид, или диетален џем намачкан на кришка леб (од Виталиа).
Муслите и житариците некако не мe "држат", по половина час сум гладна:( Можеби бидејќи сум О крвна група, а тие не поднесуваат жита баш добро.
Кој е вашиот највкусен, а истовремено и здрав доручек...?
 
Обавезно нешто или тестенини такви ствари, или пак јајца на око/кајгана, а може и кришки леб испржени со јајце + јогурт обавезно ........... без јогурт невозможно е да седнам на маса !
 
Кубети и јогурт :X3:
 
малку реклама да направам : Баланс јогуртот од Битолската млекара го пијам секој втор ден за доручок , само тоа. 1 л има доволно протеин , масти и ЈХ за почеток на денот, посебно и кога имам тренинг од сабајле.

Друг вид ми се варени јајца со црн леб и сирење . Потоа овесни снегулки со млеко со мала масленост и чоколадни мусли колку за вкус, овесните ми се со вкус на картон ми здосади да ги јадам така , вака ми е ептен повкусно :D

И секако со доручок и 1 шоља зелен чај.
 
903109D7A3B0194084FA49FD7B4DFC5A.jpg

наjубави се :)
 
Зелен чај и варено јајце :X3:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom