Ваши „упс" ситуации

  • Креатор на темата Креатор на темата МрМонтана
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 јуни 2010
Мислења
158
Поени од реакции
9
Возраст
28
Темава е отворена за оние кој сакаат да ги кажат нивните oops ситуации.Јас сеуште немам некоја ама ајде вие кажете некој ваши.



Поздрав.
 
На одмор отидов докај комшиите да земам нешто и тропам на вратата и некој од таму вика влези (а за беља имало две врати а јас во погрешната отидов) , и влегувам и кога ја гледам комшиката пиштол гола малце погледнав и со насмевка "извини" реков и полека излегов од собата. Нејзе и било непријатно , а мене па напротив баш пријатно.

--- надополнето ---

Дамјан_ напиша:
На одмор отидов докај комшиите да земам нешто и тропам на вратата и некој од таму вика влези (а за беља имало две врати а јас во погрешната отидов) , и влегувам и кога ја гледам комшиката пиштол гола малце погледнав и со насмевка "извини" реков и полека излегов од собата. Нејзе и било непријатно , а мене па напротив баш пријатно.

И ова е упс ситуација ? Баш не разбирам што е упс ситуација. Ти па дај пример.
 
хаха ја така коа бев ептен мала и знаев да бројам само до 10 се изгубив во хотел пошто не си го знаев бројот на собата. Нешто играв жмурка со другите деца и после не знаев да си се вратам у собата. Влегов у една што ми личеше на мојата и внатре глеам гола жена (не баш гола али у бањарка беше) :pos2: Одма магла фатив, трчав низ цел хотел и на крај си ја најдов собата :)
 
Се шетавме еднаш со другарка ми и јас почнав да и раскажувам за едно момче. И си одиме така јас раскажувам бла бла бла...а тука живи темници, прст пред око не можеш да видиш. И таман му го спомнав името на дотичниот, и глеам некој поминува покрај нас со велосипед и одеднаш ми светнува во очи со електриката. И подзастана малку. Ние продолживме и јас си викам која будала беше оваа сеа. И кога малце позамина гледам под светлото малце подалеку - баш тоа момче за кое зборував. А ТОЈ СЕ МЕ СЛУШНАЛ! ПА НАЛЕТ ТОА И МЕ ВИДЕ КОЈА СУМ! Аууу колку сум се засрамила! Затоа не треба да озборуваш! :baeh:
 
упс?
сега ми текна на една.
одам со тато се шетавме некаде, јас 10тина години имав и одев со главата наведната т.е. броев на колку плочки ќе стапнам :jaj: и одеднаш тато застана да се поздрави со пријател некој, а јас си продолжив да одам така занесен. бев свесен дека тато застана со некого ама не бев свесен дека всушност цело време сум одел. сум дошол до некои луѓе кај што зборуваат и на едниот во нозете го гледав, го тегнев за панталони и му викав: ај бе тато, ајде побрзо. и после неколку секунди се пулам нагоре и кога гледам друг непознат човек. наеднаш се засрамив и почнав да викам ( несвесно ). па ајде сите во мене гледаа, овој човеков почна да ме смирува, полиција дојде, па тато дур ме најде ехееј ја в земја влегов :jaj:
 
Не се сеќавам на некоја моја упс ситуација, но затоа се сеќавам на туѓа..
Една жена така постара, во години, ептен зборлива, со тапа не можеш да ја затнеш и што е најважно со огромни гради. И сеа збори и оди женава, цело маало го дига на нозе.
И оди збори, оди збори. И наеднаш тишина....Бум, треснала во шахта, но не паднала се задржала со градите. Вака кога ќе го прочитам и не е толку смешно, но верувајте, 3 дена сум се смеела за случкава, сат га видиш, сат га невидиш е работава. :pos2:
 
Уффф има многу вакви ситуации али ќе издвојам една. Седевме во едно како трговски е, и таму беа дечишта од сите околни населби. И сега правам муабет со еден, ама онака се знаевме, само површни работи. И седиме на прв кат и гледаме женски одозгора. Поминуваат две, а едната од нив учеше кај мене во генерација. И овој ми вика, абе брат добра ли е онаа. И викам не бе, бештија е, грда ко превртена патика, и серам серам, и ми вика, епа тоа е сестра ми. Ми дое да пропаднам во земја, али одма свртев тема на муабет и веќе никогаш не прозборев со детето :)
 
Таман мислев да отворам ваква тема,оно оп имало.:icon_lol:
Туку,си седам јас дежурен доле на врата во школо,и иде една жена(а јас сум ја гледав по продавница) и и викам ќе се самоцитирам
се извинувам мора да ми кажете како се викате
А,она мамата ми вика предавам тука дечко.
Ќе пропаднев во земја.
Си викам во мене од кај оваа тука предава,а не сум ја видел тука пред тоа:kesa:
 
Бев мал, не знам 13-14 години да сум имал и спремав со моите да одиме на гости, и излегувам јас од станот и си велам ќе одам долу на влезот ќе се наместам и ко ќе дојде мајка ми, ќе ја вадам од памет.
И отидов долу и сега слушам дека тропаат штикли и реков сеа ќе ја извадам од памет мајка ми, и излегувам ја цел ко тарзан, се дерам вауу а всушност тоа да била комшика ми, жената се извади од памет и не знаеше како да одреагира, и јас само и кажав извини мислев дека е мајка ми.:pos2:
 
Ја откарав професорката во три лепе додека она стоеша позади мене...
 
И јас ко бев мал, знам ја чекав мајка ми пред зграда требаше да одиме некаде, и си викам дај да ја извадам од памет и се скрив пред улазна врата. И слушам иде некој и јас и скокам пред неа кога гледам комшиката....Таа се заледи а јас ни извини ни ништо магла на горе кај мама :)
 
идам на рекорд и се наоѓам со другарка а глеам девојче до неа. и нормално доаѓам се поздравувам со другарката и со девојчево се упознавам и она ми пружа рака ама ме глеа бледко ко дух да видела.. после 2 3 минути муабет со другаркава сватив дека не се заедно... резил !
 
идам на рекорд и се наоѓам со другарка а глеам девојче до неа. и нормално доаѓам се поздравувам со другарката и со девојчево се упознавам и она ми пружа рака ама ме глеа бледко ко дух да видела.. после 2 3 минути муабет со другаркава сватив дека не се заедно... резил !

Ааааааааааааа Бесценето, и мене ми се има десено, хахахааххаахахххаха.
 
Супер тема..еве и од мене една случка..се шетаме во чаршија 2-3 другари..и ја сеа пошо одам така по брзо...и честопати ги нервирам...и се шетаме ја нешо објаснувам мафтам со рацете и 1 метар пред нив секад...( така е зборот..) и ја занесен објаснувам одам објаснувам одам овија застанале да се поздрават со некој и одам одам одам..и се вртам едно време никаде ги нема..а за цел тој пат ја објаснуев нешо...
 
Мене ми текнува за прв пат на школо кога отидов (прв ден како прваче) и прво нели има поздравување некое, и родителите се присутни, има некоја ко претстава ова она и после нас децата не носат во училница да ни покажат кој кај е итн... И се си беше у ред и откако заврши часот со наставничката, не пуштаат дома и излагам јас од училница и моите ги нема у ходник, барам наоколу и нигде не ги глеам и почнав да паничам и плачам, и само трчам по непознати луѓе и ги прашувам „да не сте виделе една жена, така со плава коса, пуши цигари, и маж и има наочари?“ :pos2:

Друга интересна ситуација: коа бев на одмор во Швајцарија со сестра ми, и имаше празник некој (1ви Август слават таму, незнам што ден им е нив) и имаше огномет вечерта па отидовме у центар да го гледаме... Али таму гужва невидена, едвај се проаѓа, и ја и сестра ми цело време се држиме за рака кога одиме да не се изгубиме... И одевме низ тоа гужвата, најдовме некое добро место (си ги пуштивме рацете тогаш нормално) и почна огнометот, го изгледавме, се фино... И коа заврши се, викаме ај се враќаме сеа, и сестра ми нели да ме фати за рака (нели да не се изгубиме во гужвата) по грешка фати еден друг човек, еден огромен црнец и почна да го влече со неа и не приметува ништо :pos2: А тој целиот узбунет се чуди кое е детево, кај ме влече :pos2: Ја позади неа се паѓам од смеа, неможев воздух да зеам да и кажам да се сврти лол
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom