Ваши концепт идеи за подобар и поубав живот во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.914
Поени од реакции
8.983
Возраст
35
Темава ја отварам за да споделуваме наши концепт идеи кој што во глава сме ги замислиле за подобар и поубав живот во државава и пред се во градовите кај што живееме.

Мене деновиве кога ги гледам контејнерите во мојот град полни до врвот ми дојде на ум зошто не се смисли концепт на контејнер кој ќе биде како банкоматите. Големи контејнери преградени за рециклирање, посебно за стакло, посебно за пластика, посебно за картони, посебно за отпад од храна. Секој ќе мора да си извади картичка или пак со пари ќе може да го фрла ѓубрето во кантите, бира компјутерски (како на банкоматите) што ќе фрла и тој дел од кантата му се отвара, доколку кантата е полна ќе те извести и не ти се отвара кантата исто и да те извести каде во близина има уште еден ваков контејнер. Вака би се намалил грдиот изглед а и би се подигнала свеста кај луѓето за рециклирање, сортирање на ѓубрето.
Ако е со пари ќе се исфрли во сметка да ти доаѓа месечно за ѓубрарина плус би можело да се направи и наградна игра секое фрлање ѓубре во контејнерот да е наградено со некакви попусти за шопинг, за во маркети, бесплатен паркинг на одреден час и слично. Наградата ќе ја искористиш со фискалната сметка од фрлањето ѓубре во контејнерот.
Така на секој граѓанин нема да му биде сеедно дали ќе го остава и фрла ѓубрето пред контејнерите или на тротоарите/улиците.


Ајде сега ваши идеи сакам да видам или пак мислења за концепт идеава.
 
Последно уредено:
Имам повеќе идеи ама една ја сметам како најбитна.

Во Македонија па и во сите останати земји поготово посиромашните, има голем проблем со акумулирање на политичка моќ, а со тоа и појавување на култови кон партии и/или лидери.

За почеток би вовел максимум два мандати за лидер на партија(т.е два мандати како премиер иста личност) и 4 мандати за иста партија.

Во превод иста личност премиер би бил од 2 - 8 години, а иста партија од 8 - 16 години(ова е во случај на предвремени избори)[DOUBLEPOST=1503854246][/DOUBLEPOST]
За кај нас?
За фиромјани само печење, на тивко, да крчка.
За итри коментари имаш и други теми. Да ситуацијата во МК е срање и сарказмот е логичен одговор, но ако останеш во таа фаза цел живот, ќе тераме 100 години транзиција.
 
Последно уредено:
Секој ќе мора да си извади картичка или пак со пари ќе може да го фрла ѓубрето во кантите, бира компјутерски (како на банкоматите) што ќе фрла и тој дел од кантата му се отвара, доколку кантата е полна ќе те извести и не ти се отвара кантата исто и да те извести каде во близина има уште еден ваков контејнер. Вака би се намалил грдиот изглед а и би се подигнала свеста кај луѓето за рециклирање, сортирање на ѓубрето.

Ова со картичките ти е overkill, ваков концепт има во Шведска само што наместо картички користат клучеви за да влезат во специјалните простории за сепариран отпад. Секоја зграда или маало си има ваква просторија, клуч од неа се добива заедно со станот/куќата, а и свеста им е на далеку повисоко ниво па сите го сепарираат отпадот, наместо се да фрлаат во еден контејнер.
 
И јас мислам дека од ѓубрето треба да почнеме.Јер ако го средиме тоа,другото само од себе ќе се среди!
 
Исто така идеа уште една што ми доаѓа на ум е сите напуштени објекти (фабрики, згради, куќи, хотели и друго) што газдите не се грижат за нив нити се наоѓа купец за нив државата т.е владата да ги дава исклучиво само на млади невработени луѓе кој сакаат да почнат бизнис со плус некоја субвенција за да ги средат пример да отворат кафиќи, мини ресторанчиња и слично. Некое време да им е гага дур не се разработаат па после нормално ќе си плаќаат на државата што треба за трошкови.

Сигурно и ова го има некаде во други држави надвор од македонијава но зошто да го нема и кај нас. Гледам на темава има доста напуштени такви објекти
https://forum.kajgana.com/threads/Напуштени-објекти-во-Македонија-Урбано-истражување-urban-exploring.75039/page-4
 
Нема шанси ова во Македоња... можда во Скопје да, во другиот дел на Македоња, што?
Поготово со луѓе као Теута Арифи и нејзините другарчиња... извинете влегов во политика.
Сеа и бегалци од Сирија или кујзнае каде ќе ни напукаат...

Едните градат другите рушат :(

Идеја за подобар живот, прво ние у глаите да се средиме и да поштуваме што имаме и предците што ни оставиле. Неаме поштовање према самите себе. Се е дозволено во Македоња...

И да ја искорениме мрзата наследена од социјализмот, башка и его до таван...
Многу луѓе уште мислат дека државата е крива за се. (Државно е, може да се крши)

Сигурно тресам зелени, ама да, вината е во самите нас. Ние да се опраиме во паметот другото само по себе ќе дојде.
 
Последно уредено:
И онака како народ имаме многу ниска свест и уште ако се направи да се плаќа, ѓубрето ќе го фрлаат до контејнер за само за да не платат.
Немам подобра идеја ама мислам дека скроз нечини идејата.
 
Едноставно да се постави забрана за контакт со политика на населението и повеќе да се вложува во совесност и домашно воспитување кај луѓето. Ако успее оваа концепт идеја ќе има подобар и поубав живот во Македонија.
 
Едноставно да се постави забрана за контакт со политика на населението и повеќе да се вложува во совесност и домашно воспитување кај луѓето. Ако успee оваа концепт идеја ќе има подобар и поубав живот во Македонија.

1.jpg

Онтопик

Имаше пред некое време предлог на твитер за како да се реши сообраќајната не-култура
Едноставно секој што ќе види прекршок го слика да речеме паркирана кола на пешачка зона или велосипедска патека потоа истата ја испраќа до посебна служба при МВР формирана за такви прекршоци пријавени од граѓани и на крајот си добива казна возачот на домашна адреса, а оној што сликал добива 10-20% од сумата на пример.

Би требало да функционира ова, исто како и она со повраток на данок со фискални сметки. Ќе нема потреба тогаш од инспектори да одат и да казнуваат, најголема казна на оние што нема да издаваат е тоа што луѓето нема да им одат веќе ако не даваат фискални сметки и ќе се намали сивата економија (ќе се полни буџетот)
 
Последно уредено од модератор:
Мислам дека на форумов нема да добијаш солиден одговор,заради тоа што секој се прај кур-ипол,типично за Македонче со слаб менталитет :pos:
 
Борба со корупцијата, разбивање на спрегата помеѓу криминалот и политиката, деполитизацијаа на клучни институции, ако започне ваква автентична борба, многу нешта како резултат на истата ќе си дојдат на свое место...

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom