На 3-4 години, на мојот многу постар комшија Денис му пеев на цел глас на сред улица: „Денис-пенис!“. Дури години подоцна сфатив зошто цело маало ми се смееше. А стварно си има рима, шо...
На 6-7 години едно дете од маало ми се соблече и ми го покажа. Тогаш прв пат видов пенис, иако далеку поразличен од тој што го знам денес, и барем 10 сантиметри помал

За возврат се очекуваше да му возвратам со блиц-глетка и јас, но изиграв педерски и ескивирав.
Некаде во 3то, братучед ми ме запозна со поимот „кондом“. Таквиот предмет, освен тоа што се навлекувал на пенисот, најчесто можел да се најде по школските дворови во ќошињата, и од него често течела бела течност.
Истата таа година со братучед ми се јавивме на некој хот-лајн број и слушавме еротски приказни. Кога не фатија нашите, го наклеветивме неговиот невин другар од уличка.
Во 4то, кај едни семејни пријатели на моите, најдов забутано едно порно-стрипче од 80тите. Го украдов и дома си го листав тајно :kesa:После ми го најдоа, но јас дипломатски негирав до крај. Не знам од кај се нашло таму.
5то или 6то одделение го гледав првиот вистински порнич кај некој другар од клас. Дури памтам дека беше со некоја расчупана црнкиња која прилично хард-кор општеше со двајца мажи

Порничите не ми оставија особен впечаток, поради што никогаш не станав нивен страстен љубител.
Ете ви... хронолошки
edit: Инаку, во однос на прашањето од каде доаѓаат децата, моите никогаш не ме лажеле со приказната за штркот, како што не ме лажеле ни дека постои Дедо Мраз. Едноставно не знаев, а и не ме интересираше нешто особено. Всушност, некаде до 6тата моја година и ми беше „јасно“, зошто благодарение на постарата ми сестра која уживала да ме ремети, сум била убедена дека сум посинета

Која злоба е, еј. И така, кога сите мислеле дека децата ги носи штрк, ја сум верувала дека ме остаила некоја циганка пред врата. :nesum:
