Вашата возачка култура

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Дека ја немаме во глобала ние македонците тоа сигурно.

Но колку вие ја имате? :)

Внимателни сте? Почитувате сообраќајни знаци, возите ли во согласност со пропишаната брзина, се паркирате ли само на паркинг места или сакате тротоари, дворни места, зелени површини, ги почитувате ли пешаците и ги пуштате да поминат на пешачки премин ... ехеее има многу да не набројувам.

На кој степен е вашата возачка култура? Реално со која оцена би се оцениле :)
 
Секој возач кога почнал бил фин и внимателен.
Е после...не се/сме ние криви, бидејќи скопските улици го прават своето.

Ако решиш да пуштиш некоја кола да сврти во кривина, иако имаш предност, ќе ти се "начукаат" уште 5-6, нема да можеш да пројдеш од нив. Ако решиш да не возиш пребрзо, ќе ти го "начука" пак некоја кола/такси која ќе вози точно за да го фати семафорот на жолто, а ти ќе си останеш да чекаш 60-90 секунди.

И после ај биди фин пак да те видам :)
 
Дека ја немаме во глобала ние македонците тоа сигурно.

Но колку вие ја имате? :)

Внимателни сте? Почитувате сообраќајни знаци, возите ли во согласност со пропишаната брзина, се паркирате ли само на паркинг места или сакате тротоари, дворни места, зелени површини, ги почитувате ли пешаците и ги пуштате да поминат на пешачки премин ... ехеее има многу да не набројувам.

На кој степен е вашата возачка култура? Реално со која оцена би се оцениле :)
глеј сеа вака...

за возачка култура ке можиме да зборуваме кога ке има доволно паркинг места, улиците ке бидат дизајнирани за онолкав број на автомобили колку што има денеска, а не како што им е првичната намена да можат 2 магариња да се разминат.

Така да и неможеме да зборуваме за возачка култура кога велосипедисти возат каде ке стигнат, пешаците одат по коловоз, претрчуваат кој каде ке стигне, таксистите застануваат каде што сакаат како градот да е нивни, ромите со запрежните возила и машините за дрва возат секаде... тоа е возачката слика низ Македонија. И така и ке си остане, бидејки мнооогу време треба за да се промени.
 
Најголемиот дел од луѓето кај нас немаат општа култура...а што станува збор за возачка?
 
Немаме култура за однесување во сообраќајот ни возачка култура. Ни во други градови немаат бе паркинзи, ама затоа идат со велосипед или пешки ако им е блиску, кај нас срамота е мора кола да возиш фраер да си. Секаде се чека за семафор, ама ние и на црвено поминуваме само 60 секунди да не чекаме.
Не е само Скопје таков град.
Ги има и низ Европа па пак имаат подобра култура.

Добро пожалете се нормално фалат многу работи ништо не е совршено, ама се некој друг ни смета на нас. Сите се виновни да. Каде сите овци таму и ние.
Aко полно пешаци минуваат на улица обично не значи дека и ние мораме, за наше добро е да минуваме на пешчки премин. Исто ако полно минуваат на жолто или црвено не значи дека и ние мора. Вози пребрзо стигни прерано е работава ...

Баталете ги другите глејте се себе си во сообраќајот и оценете се од 1 до 5 која е вашата возачка култура реално, може и нула да си се оцените ако мислите :)
 
Возачка кулутура 0. моментално зимам часови вожња и возам по час и пол речиси секој ден и со какви се не будали си иам работа у сообраќајов наш, ти се пикаат од сегде особено таксисти се влечат пред семафор за он да го фати на жолто а ти да го чекаш и згора на се ти отвараат прозор и те пцујат, на пример денеска возам по пат каде што нема ленти т.е, не се гледаат и си го држам правецот за да си останам во лентата за право ме поминува од десна страна еден таксист отвара прозор и му се дере на инструкторо научи го жмигавец да дава да ти е*ам коњот глуп, и што ке правиш во таква соитуација ке се расправаш а знаеш дека не си крив, и според мене многу е битно кога учиш да возиш да ја стекнеш таа возачка култура со правилно претројување почитувањње знаци и слично, ако не се научиш убаво да возич после џабе ти е диво ке си возиш
 
глеј сеа вака...

за возачка култура ке можиме да зборуваме кога ке има доволно паркинг места, улиците ке бидат дизајнирани за онолкав број на автомобили колку што има денеска, а не како што им е првичната намена да можат 2 магариња да се разминат.

Така да и неможеме да зборуваме за возачка култура кога велосипедисти возат каде ке стигнат, пешаците одат по коловоз, претрчуваат кој каде ке стигне, таксистите застануваат каде што сакаат како градот да е нивни, ромите со запрежните возила и машините за дрва возат секаде... тоа е возачката слика низ Македонија. И така и ке си остане, бидејки мнооогу време треба за да се промени.


точно додека не се средат тие работи ништо од возачката култура...
 
И пак вас само други ви се криви.

Каде ви е самокритичноста. Кажете си за себе. Тргнувај прво од себе, а потоа глеј за другите. Кај нас обратно. Види ги другите и така однесувај се. Обратен народ бе, само да зјапаш во дворот на комшијата, а својот не го гледаш и си го фалиш само.

Ајде јас да си кажам :)
Не возам како прво, добро ај возам 5 пати годишно и многу нормално претерано внимавам :icon_lol:
А оценка за како пешак би си дала 4. Порано не внимавав, но откако согледувам што се случува и посебно клипот што го гледав за една странска кампања што го има на форумов, премногу внимавам. Се трудам во 95% од ситуации на пешачки да поминам, освен ако не гледам пешачки никаде во близина па морам да поминам. Посебно внимавам на пешачки откако за малку фалеше да ме казнат пред некој месец кога требаше многу да одам до пешачкиот :) Не претрчувам никогаш, 10-20 секунди ако постојам не влијаат воопшто. Одам на тротоар, мразам одење на улица. И мразам кога ќе видам друштво како разговара и се влечка по улица како во кафич да е, ме вадат од такт, посебно женските вака прават, додека некој на хауба не ги собере.
Никој не е совршен, ама си гледам за себе да имам сообраќајна култура, а гајле миу е другите како се однесуваат. Во многу ситуации за живот се работи...
 
Нема никаква култура! Улиците се тркачки патеки (освен кога има гужва и тогаш сите те пцујат зашо не си поминал на жуто), сообраќајните знаци.... видно место за графити, уличните светилки - мети за стрелците со камења, а на пешачките премини (а понекад и на семафорите) прединство имаат моторните возила пред пешаците! .....
:tapp::tapp::tapp:
 
Зависи од расположение културата ако сум убаво расположен си возам прописно не бркам семафори једини проблем е што возам малку побрзо.А коа ке те спука некоја нервоза на топло време во Чаир пуштање 4 жмигавци малку побрзо возење и сите те пуштаат:vozbud:
 
Возачката култура на Македончето у глобала е на 1(единица) - не пишувам компир пошо има возачи кои стварно се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи !!!

У врска со мојата возачка култура со оглед на тоа шо исклучиво возам мотор, можам да бидам малку поблаг во оценувањето и да си дадам една солидна 8ка :) Во принцип поштувам секоаш патна сигнализација, возам до ограничената брзина, не паркирам каде стигнам, пропуштам пешаци - доста внимавам на тие детали со одглед на високите казни а и заради сопствена безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот !!! Во град возам многу претпазливо дури и самиот се изнанадувам од себеси со оглед на тоа што адреналинот за цело време од вожњата ми е на мах - ама што да се прави кога ти е мил животот. Инаку не сум цвеќе за мирисање - знам некогаш да откачам(исклучиво кога возам сам - без совозач) т.е. да ми проработи моторџискиот инстинк, да си дозволам луксуз да профучам по некоја магистрала со многу ПОголема брзина од дозволената, нормално ако условите на патот го нудат тоа.... моторџиите знаат најдобро кое искушение е да возиш полека(до 120км/h маx. дозволена брзина по нашиве патишта) моќна машина која може да ја помине границата од 200км/h.... :toe:
 
Mojata vozacka kultura e na visoko nivo samo koga sum so instrukturot :pos: (uste nemam vozacka) i vozam kulturno bidejki soobrakajov opsto i vo cela Makedonija ni e katastrofa pa mora mnogu da se pazis zasto otide jabana sekakvi budali ima na ulicive, a niz naselba koga sum ponekogas me fakaat budalite :vozbud:
 
Зависи од тоа што Џиш го спомна, но би додал и од она што Андроник го кажа -немаме ни општа култура. Како инаку да си објаснам феноменот на гаѓање во страна? Кога ќе видам некој како вади утрински шлајм низ прозор, а често притоа знае да закачи друга кола или пешак...што понатаму со чувството за возење, предност, фер возење и слично. Или цигара низ прозор...:toe:

Кога се нема општа култура, се нема ниту специјализирана, по дејности. Тој што е пристоен, учтив и со култура на соодветно ниво како човек, не му е тешко истото да го примени и кога вози. Тој што нема...нема :) Единствена разлика се професионалните превозници на кои секако им зависи приход, плата...работно место од брзината на возење, недавање предност, уфрлање и слично.
 
Сообраќајната култура треба да е обострана. Неможе само еден да ги почитува сообраќајните правила и прописи, додека друг не ги почитува. Значи треба да се почитуваат од двете страни за да има непрекинато одвивање на сообраќајот.

Јас возам скутер веќе трета година. Возачка имам од 14, т.е од пред две години. Кога ја немав возачката, се возев околу зграда (да, озбилно) и понекогаш одев во град со татко ми пред мене, он како прави така и јас.
Откако ја земав возачката, почнав сам да си се возам кај сакам. За себе можам да кажам дека ги почитувам сообраќајните правила и прописи и имам високо ниво на сообраќајна култура. Многу ме нервира кога некој ке ми исече пат, па уште ми вика се праи на будала демек јас сум крив. А посебно коа ке видам некои старци по сред улица ми се влечат ко да ја ослободиле улицата со партизаните, после возачиве криви биле :tapp:
Кацига носам СЕКОГАШ, кој ме види без кацига што сака му давам :pos:

Еве една ситуација:
Одам ја со моторот (btw Aprilia SR50) во Работнички Универзитет - Кочо Рацин да си ја земам дипломата. Идам кај семафорите кај железниќа и вртам десно, накај југодрво. Застанувам на почеток од колоната, бидејќи нели, со мотор сум и лесно можам да се протнам. Идам и гледам еден полицаец со мотор. Застанав позади него. Момакот се врти и со прст ми покажува ,,дојди’’. :) Идам ја до него(со кацига како и секогаш) и ми вика:
Полицаец says: Дозвола имаш?
I say: Да (H)
Полицаец says: А чив син си?
I say: На Пеџа
Полицаец says: :pos: ок ок, не треба дозвола :)
I say: Го знаете? Да ви покажам дозвола?
Полицаец says: Ееее...како да не го знам. Не треба дозвола уживај :)

И се запали зелено и секој по својот пат.

Можеби малце отидов off topic, но зборот ми беше дека секогаш ги почитувам останатите учесници во сообраќајот, застанувам на пешачки премин и секогаш носам кацига. Толку од мене :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom