Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

Од сите внуци највеќе почит и оддавам, ја слушам коа збори нешо по сто пати, и праам муабет, и сите тие ствари на кои останатите вртат глава и им се досадни.
таа може за 2 саати за испуши една штека цигари Филтер Ориентал , да испие 40 кафиња , да изгледа 10 шпански серии и да опцуе едно 800 пати .. понекогаш дури и заедно го правиме тоа
.. се сеќавам еднаш у Дојран , пред неколку години кога уште не пушев цигари пред татко ми .. онака си седиме пред куќа надвор , татко ми отиде на пецање риба .. и баба ми прави кафе онака за двајцата да пиеме .. и ми вика ај запали една , не те кажувам на татко ти (а не дека он незнаеше дека пушам) .. и ја таков у страв да не се врати одма и да ме види .. и викам па ајде дај една цигара ако имаш .. и у тој момент ги извади тие црвените Филтер Ориенталот .. и си викам Јаооооо ..
ај ке запалам пошто онака фрка е да седиш пред куќа со баба ти и да пушиш цигари
.. и така запалив една убава цигара за со кафето, и после тоа .. наредните 6 дена неможев ни да смислам цигара .. али добро , среќа не ми даде оригано или буковец да пушам
.. и ја затоа многу си ја сакам мојата супер бабичка !
, има е-меил адреса и се допишуе со старо друштво кое живее у Норвешка и Шведска, и веќе ја мрзи да чека да се напраи класично храна па прашуе секој пут дали е можно у микро печка да се напраи (шо било, од кајгана до пилешки стекови). Пред извесен период ми вика, а можеш ли ти преку интернет да ми ги најдеш оние од Ленинград шо ги запознавме со дедо ти?? Јеботе бабо викам кој век е тоа чим уште го викаш Ленинград... ваљда не можам ама ќе пробам...
Секогаш кога ќе отидам ми нуди ручек, едно пола саат ме тера да јадам, и кога на крај више ќе попуштам (кинеско мачење е тоа) и ќе ручам, ми вика "a диета од кога ќе почнеш да држиш, а, нешто ко да се имаш здебелено?"... и ме прашува кога имам испити, ако не отидам на факултет ми вика "и како сега, нема да те набркаат ако не идеш?" и слични баПски моменти
ама пак си ја сакам и никој не може да ми ја замени 
живее со мене и верувајте нејќете да сте на мое место.. ако и побарам 20 денари ми вика- Е КАЈ ДА ТИ ГИ НАЈДАМ МАЈКИНЕ ? хаха а она за ништо пари не дава уствари ... и ако во случај ми даде во истиот момент кога мојте ке влезат дома одма им ги бара назад...Мајка ми ке ми даде нешто она одма тука мора да аргументира... има уста огромнааааа за сее ме кажува ..многу е лоша бе
) и обавезно мора да ме изнагушка ко ќе се видиме. Душичка, ни да ми се развика ни ништо и адвокат невиден е. Е сега за да јадам досадува понекогаш ама нема врска. 