Вашата баба...

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanish
  • Време на започнување Време на започнување
Баба..како баба..сите баби се исти...ајде внуче да јадеш нешто..како у школо денес ово оно...на сите ни се досадни...ама пари кога ни даваат гзот ни се шири:)..Баба ми е интересна жена...не ја држи место дома само се шета....кога се враќам од негде и кога е само она дома...морам да ѕвонам 10 минути за да го слушне ѕвончето..:)....
На Мацедониан кога му викаше ке ви се качат со јуже по дома...:pos:...
Смешки се нема што:)
 
Ја бабичка нааајмнооогу на свет си ја сакам!!!!!
Дефинитивно најтоплата личност што ја познавам и невиден пример за издржливост, преданост и ЉУБОВ!!!
Ми ги прави највкусните јадења и ми ја дава најтоплата грижа...патем знае и баш да ги откачи некои леви да се пукнеш од смеење!! стварно се бабите цепки бе....
 
Закон за сите,само нејзиниот збор се слушаше.Сепак многу беше добра,многу не сакаше сите нас (внуците).Имаше поинаков хумор од другите,знаеше од памет да не вади со секакви глупости.За готвење махер,уствари која баба не е.Многу ми фали,ептен:cry:
Ја сакав само едната баба,бидејки само таа ме сакаше.Во другава баба немаше трошка љубов,чудна беше не беше до мене:nesum:
Сега немам ни една и така.
 
Бабичките мои најубави. Ептен си ги сакам, и со двете сум блиска, ама едната е постара т.е. 80 год и не и се отварам ептен, ама затоа со другата баба сум ептен блиска, заедно се четаме по продавници, идеме на ручеци (ако дедо ми ја пушти. Мн е љубоморен:pos2:). И најслатко ми е кафето со нив.
 
Си имам две баби (сеуште) и многу си ги сакам, иако знаат и двете да ме изнервираат до крај.
Најсмешно ми е шо едната баба ме грешит како се викам. Така еднаш тргнат за на фудбал, и и викам „Бабо, јас одам на фудбал“, а таа „Здравко, Аце, Виктор, Номче...“ и дур да ме погодит, веќе сум стигнал на терен. :pos:
 
баба ми е закон.имаше едни убави ружички во двор,онака фино расцветани,и вика а,бе кој како помине ги загледува и види ми ги урочија,почнаа целите да се сушат.Зема ги прскаше со крстена вода да се оправат. ""ми ги урочија"":pos2:
многу ја сакам баба ми,закон е
 
Јас имам две бабишта, и двете се вдовици и и двете си тажат по мажињата :) (не е смешно што кажав, смешно е како го искажав) и често се случува да си седнат и да прават муабети за животот, нели на нивни, старски начин, ама пак на некој начин тоа си претставува нивна „филозофија“.
Инаку многу ми се интересни како реагираат коа ке почнам да им зборувам за дечковци и мажачки, оти нели поконзервативни се и чудно им е некој да им зборува поотворено за сексуалност и такви работи. Така едната баба ја читаше „Зоја“ од Паскал Гилевски (ја зема од кај мене) и кога ја прашав дали и се свиѓа, рече дека имало многу >срамотни сцени<...:icon_lol:
Абе бабишта - мили се и ги сакам...им се чита живот во брчките - иако изминат, сепак живот.
 
Многу си ја сакам, а најчесто ме нервира кога ме прашува и што треба и што не треба. Сепак е супер!
 
Баба ми..ко секоа друга баба..ја сакам да..ама знае понекогаш многу да замара со нешто..и инает да ми тера :):):)
 
Баба ми е закон! Уопште не е ко некои досадни стари луѓе. Ги знае сите познати спортисти и глумци, ме масира, ми готви најубаво на цел свет, забавна е и сите ја сакаат... Кога ќе имам јас 70 години, ако бидам како неа, ќе бидам најсреќна на цел свет. А и збори македонски мешано со србски и тоа е смешно... поготово кога пцуе!:kesa: Не глеа шпански серии туку ЦСИ и очајни домаќинки... Баба ми е закон и си ја обожавам!:pipi:
 
Баба ми е жената на која што со задоволство се сеќавам!Прекрасна супер бабичка која нажалост одамна не е со мене...
Ми недостасуваат нејзините утешни зборови,долги разговори и секако нејзините прекрасни јадења...
 
Имав две, од пред 7 години имам само една.

Таа што ја нема ми е зракот сонце секое сабајле :)
Не ја знаев здрава-права,ама ја знаев доволно за да ми биди пример и да ми служи за восхит. Ми недостига многу и никогаш не ја преболив.
Образована,племенита жена. Ми покажува повеќе љубов од на небо,отколку некои луѓе на земја.

Другата готви стварно мнооогу добро. Цепи хрватско-битолски,ги знае сите Пинк-певаљки и нивните биографии на памет, како и сите познати личности на Екс-Ју естрадата. Најсмешна ми е ко ќе се расправаме за тоа колку масно готви. Тавата мора да плива обавезно во 2 прста масло, и таа уште седи да ме убедува дека таа не готвела мрсно,оти не чинело за срцето. А то се цеди. :pos:
 
Еве ја, спие на 2 чекора од мене:wink: :icon_arro . Не се жалам од неа, ми дава пари, добра е, иако понекад може да замара и да ми збори зад грб ама јбг:angel1:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom