Ваша поезија!

РЕПРОДУКЦИЈА


И јас можам од пресончана кожа на спомен
да ги извадам сите диви влакна,
како со цедалка од млеко за потсирување,
и да направам репродукција на твојот портрет
со интервенции што ќе откријат носталгичен поет
од школата на последните талкачи низ времето...

Запомнив скоро се така ко што сакав да биде:
и тивката тагата во кротките ти очи,
и жуборот меден на гласот ти ѕвонлив,
и мирисот со боја на пролетна зора од душата твоја...

Скоро се така ко што сакав да биде, запомнив...

Но кој ќе те препознае таква освен јас самиот
кога есента ќе зашумоли во сувото лисје на староста...
 
The time of now

The time of now

We know we're alive, yet are we living?
We know we live, yet do we?
Do we live within the selflife,
or is there an afterlife we may aspire to?
Still, in the moments,
those eternal glimpses of continuity we live in,
Are within the sparks of lights,
within the ghosts of merry and the moment of now.
'cause we live but only now,
And only by little joys happy and by the grands alive!
Shall we than be complacent
or rejoice the time of now,
Forever in the sparkle of the instant?
 
Јас знам...

Јас знам дека заедно секој момент ни е драг
За веќе наредниот уште подраг да биде
И независно од тоа дали е утро или мрак
Се' што правиме е само наше, па и некој да не' видел.

Јас знам дека твојата љубов знае и да боли
Да направи дури и да се сомневам во неа
Но исто така и знам, не сум личност која те моли
А ти пак си крај мене, и во плач, и во смеа.

Но знам и дека не сум тој кој одлучува за тебе
Ни тој кој твојата љубовна судбина ја крои
А во таа судбина еден ден ќе нема место за мене
Зашто друг ќе биде оној, кој ѕвезди ќе ти брои.

Јас знам и дека е само прашање на време
Дали е тоа за месец, година или две
Кога некој од мојата реалност ќе те земе
А од она што било наше - се' ќе исчезне.

Па затоа и знам, дека сум среќен додека те имам
И би сакал тоа навистина долго да трае
Да ти кажам што се' би сакал со тебе да минам
Но мислам дека и без да кажам, ти си таа која знае.
 
Куршуми од зборови

Строга, тврдат дека сум строга
строга кон себе, кон тебе.
Сериозна, мислат дека сум сериозна
сериозна кон себе, кон тебе.

Лутината поминува брзо и лесно
кога ќе знаеш да се соочиш со неа.
Ти тепаш со зборови и очекуваш награда,
некое душевно исполнување,
награда бакнеж. Очекуваш.

Зборовите се куршуми
кои ме погодуваат, но не ме рануваат.
Имам заштита, панцир
од зборовни куршуми.
Се ти е залудно. Очекуваш.

Лесно е да ме газиш,
не е лесно да ме прегазиш.
 
[Нема наслов]

Јас сум тука за да те насмеам повторно
Верувај ми, стравовите остави ги зад себе
тука сум со моите усни кои горат за бакнеж
тоа е за тебе, може да го промени твојот живот

Тука сум, моето срце е отворено за тебе
Полнење на твојот недостаток од љубов, блокирајќи
го патот кон болката...
Стравот нема да се грижи, само прифати ме...

Јас сум тука за да ти дадам слика
Да ти помогнам да се насликаат пеперутки во мракот
Сакам да бидам тој кој има ново чувство

Дај ми крилја, јас ќе оздравам
Мојата рака те повикува заедно да летаме...
 
ЗАДОЦНЕТА ПЕСНА


Го побарав твоето име
на картата на моите патешествија
- шифрирана кота со кодот на првиот бакнеж,
прв грев без покајание...

Го побарав и твојот мирис
во крошната на моите прецветени липи,
мирис на вознемирени пеперутки во ноќта
кога луната личеше на сребрено око
а ѕвездите се облекоа во кристалната музика
на твоите солзи од седеф, како огледала...

Црвените калинки на твоите насмевки
распукаа веднаш под правта
по сокачињата на мојата младост
како задоцнето ехо
на воздишки на стара мома
што ги испуштила сите возови на среќата,
чекајќи на друг перон,
со поништен билет за патување
во еден правец,
да се разбуди...

Тогаш, се побарав сам себе
во приказната за проколнатиот Нарцис
и си ги видов очите побелени од гордост
во раце на дете
што плаче по изгубените џамлии …
 
:pipi:Ласкавец:pipi:

Гледаш во ѕвездите,
ги споредуваш со мене.
Велиш дека сум убава,
пак, како ѕвездите.
Но знам, ми ласкаш.

Сакаш кога се однесувам ноншалантно,
кога сум опиена од нешто,
ха, тогаш велиш дека сум убава,
пак, како ѕвездите.
Знам, ми ласкаш.

Можеби кријам тајна,
не ти ја кажувам, не грижи се.
Можеби, те мамам,
нема да дознаеш, не грижи се.
Но знам кога велиш
дека сум убава,
пак, како ѕвездите.
Тогаш знам, ми ласкаш.

Знаеш дека ласкањето
никаде не води,
никаде тебе нема да те одведе,
но сепак, велиш
дека сум убава,
пак, како ѕвездите.
Јас те знам, ми ласкаш.
 
Тој јаде благо


Се буди и се замачкува
со некои колачиња
како да е трудна жена
но е симпатично
што кога ќе легне до мене
мириса на чоколада
(а таков му е и тенот)
којзнае што сонуваме
на едната перница
со боја на морски корал
кога тој се буди пак
и буричка во теглата со мед
и со неа заспива како мечка
и се смее на сопствениот порок
Ах колку го сакам
што е јадач на благо
и тоа ги вклучува
и моите образи
мојата суштина
мојот свет
тој јаде благо
и е вистинска потпора
како куќа од бисквит и крем
мек а така храбар
и останува на непцето
зошто е силен
заспива и на прстите има шеќер
сладост за еден нов сон.
Заеднички.
 
ИМПЕРАТИВ

Мила,
нанеси го убаво карминот на усните,
покриј ги годините со црвенилото!
Изгледаш проклето помладо.
Поштеди ме од размислувања и ставови
и што е најважно-смеј се!
Само тоа е потребно од твоја страна.
 
Ти

Ти си ми бран
Јас сум ти морето
Јас ќе задржам неколку тајни
кои никогаш нема да избегаат
и јас ќе те чекам засекогаш
Јас треперам, и моето име е клетва

Мразам и јас сакам да сум таква кукавица
Губам се во тебе...ми недостасува мојата.........
Дај ми радост да се живее
Дај ми една причина...
и кажи што сум јас за тебе...
Дај ми една причина...
да ти кажам јас сум за се прв...
 
Можеби хаику


Ми никна роза во грлото.

Не кажав никому.

Зошто наместо трње...
Знам дека сомотски глас ќе пуштам.
 
БОЈАТА НА СЕЌАВАЊЕТО


Се развлекувам со тешки чекори
по тротоарот што не завршува никаде...

Црвени и жолти лисја ми шумолат во очите
со прелив од песна на задоцнето будење...

Мирисаат есенски дождови
со мирисот на последните солзи
од твоите очи со боја на сеќавање...
 
Точка за крај

Јас, подготвен за засраменост
Мене повторно ме обземаат
гранките на минатото.
Твоето враќање на моја страна
На моите раце...
Ова заврши на илјада начини
Дадовме двајцата Се
Со тоа се направи повеќе штета
Можеби илјада рани
Можеби еден ден
Во иднината...

Жалам ако сонот
Го прашав премногу рано
Студот ме обзема уште еднаш
Јас насолзен во душата

Ја запаливме точката
И сме во можност да
не го одржиме пламенот
Нема да се обидам во моментов
Да има втор дел
Да се запали точката

Не можам да одам сам
Одиме заедно
Од трагите на минатото
Мојата воља е да не одам во конфликт
Откриј го твојот орган
Без моите раце

На илјада начини пробавме
да го избегнеме ова
но бевме избрани
Јас бев безумен и инсистирав

Студот еве го повторно
Јас во душата насолзен
Молам за будење
ја сакам мојата страна


Ја запаливме точката
И сме во можност да
не го одржиме пламенот
Нема да се обидам во моментов
Да има втор дел
Да се запали точката

Со тоа што не гори
најдобро е да продолжи така
Не можам да одам сам
Одиме заедно
Од трагите на минатото
Уморни од зборување
Подготвен за засраменост

Можеби еден ден во иднината....
 
Војна на една сенка...


Војна Боже мој!
Не, не вади жлебена цевка-карабин
или убаво изострен нож.
Застани спротивно од сонцето,
не го гледај в очи,
ти постоиш и без него.
Трагај Семоќен, без сон и дом,
ти си она што никогаш не спие.
Само ти, не си подложен на љубов и смрт,
на болка и илузија,
на изнемоштеност и несреќа.
Искористи се себе, тоа што си нем,
тоа што не си празен, мрачен, шуплив,
како мирна вода,
логичен, елегантен господин во црно,
привлечен,
свој и никогаш! туѓ како што те прават.
Ти си сила,
Ти можеш сешто никој не го можел,
Ти можеш да касас без заби,
Единствено Ти, Ти можеш против твоите непријатели а воедно и сечии...
....Против глупавоста, лудоста и изопаченоста!
Убиј ги!!!
 
Ајде...

Гледај во мене, па јас сум само еден кандидат
да бидам цвеќе или можеби да знам да љубам
на небото е испишана една песна која сонува
за еден свет за двајца...

Гледај ме, јас сум само риба на еден аквариум
сакав само да го видам езерото
потпри се на мене, само на мене
јас ќе дадам се најдобро
сврзан сум за тебе
и да ти кажам кога сакаш
потпри се на мене...

Гледаш, јас сум само тука...
добро се вклопувам со тоа што неможе
да се биде во живо со тебе...
Јас ќе го дадам универзумот и мојата песна
за свет кој што сум го сонувал...

Гледај ме, јас сум само еден клуч на вратата
но денот кога ќе сакаш да се отвори вратата
сметај на мене...
јас ќе дадам се најдобро
сврзан сум за тебе
и да ти кажам кога сакаш
некои велат и јас сакам да знам
кој мисли на мене?!

Гледај во мене, па јас сум само...
сакајќи да бидам цвет кој некогаш ќе биде постигнат
потпри се на мене...
Некои велат и јас сакам да знам...
но јас ти кажувам...

Моето срце

Моето срце е уморно од чекање
сака да живее, го брка крајот
срцето ми е уморно од сонување
сака да оди надвор и да биде
слободно до смрт

За реката до морето
Јас ја барам шансата
ако се изгуби во твоите спомени
твоите спомени...

Моето срце не сака да слуша повеќе
сака да пее, додека има глас
срцето ми остана без илузија
сака да лета, и никогаш да не се врати

И ако ми се изгуби во темнината
Моето среце е уморно од чекање
сака да живее, до крај...

Моето срце е уморно од сонување
Моето срце не сака да слушне повеќе
Срце ми вика сака место во твојата меморија
само едно место во твојата меморија...
 
Back
На врв Bottom