Ваш омилен филозоф

  • Креатор на темата Креатор на темата Caihlem
  • Време на започнување Време на започнување
Ада, го прочитав горенаведенето уште по моментот откако го пиша, така да не мораше да ми го изјаснуваш повторно.
Знам дека тоа што го напишав не е конструктивно со темата, ама како шо можеш да забележиш и самата, темава и онака не се одвиваше динамично, јас очекував да има лава од изјаснувања ама се случи спротивното. За во иднина, ќе се изјаснувам онака како што претпочитуваш.
 
Ада, го прочитав горенаведенето уште по моментот откако го пиша, така да не мораше да ми го изјаснуваш повторно.
Знам дека тоа што го напишав не е конструктивно со темата, ама како шо можеш да забележиш и самата, темава и онака не се одвиваше динамично, јас очекував да има лава од изјаснувања ама се случи спротивното. За во иднина, ќе се изјаснувам онака како што претпочитуваш.
Не е работата да се изјаснуваш онака како што јас препочитам. Таман посла:)

Но, ако сега земеме само да набројуваме членови или да си го пишуваме сопствениот ник, тогаш темава треба да оди во играчница.

А, за да добие на динамика, без да оди во друг подфорум, еве ти кажи кој филозоф (што не е член на форумов и го има забележано филозофијата како наука) ти е омилен и зошто ја претпочиташ неговата филозофија.:smir:
 
Не е работата да се изјаснуваш онака како што јас препочитам. Таман посла:)

Не, напротив.
Јас се согласувам со тебе целосно, секој треба да се придржува конструктивно до поставената тема, а ти го бараш токму тоа. Така и треба да биде.
А, за изјаснување ќе дадам подоцна ти ветувам, моментално очекувам еден другар немам време веќе да седам.

А, за да добие на динамика, без да оди во друг подфорум, еве ти кажи кој филозоф (што не е член на форумов и го има забележано филозофијата како наука) ти е омилен и зошто ја претпочиташ неговата филозофија.:smir:

Ќе се изјаснам за солипсистичката теорија на Џорџ Беркли, која мене ми е доста интересна.Тој, најрадикално ја развил филозофијата на субјективниот идеализам.
Епа вака, според Џорџ Беркли искуството е нешто што не може да се трансцендира, и тоа секогаш преставува ,,мое искуство''. Така да, според ова се добива заклучок дека надвор од мене не постои ништо, затоа што искуството го сочинуваат само нашите перцепции.
Ние имаме само перцепции кои преставуваат наши сетилни реакции, така да сета реалност всушност ја преставува егзистенцијата на нашите перцепции.
Понатаму, од емпиристичката теорија тој извел крајно субјективистички заклучоци, на тој начин што фактот дека искуството преставува темел на познанието го протолкувал така дека надвор од искуството нема ништо. Затоа што искуството е збир на перцепции, а перцепциите нормално преставуваат субјективни доживувања, така да надвор од субјектот, кој е всушност нашето јас, нема никаква реалност. Меѓутоа подоцна отстапил од своите солипсистички ставови и го трансцендирал божеството, така што неговата филозофија добила форма на објективен идеализам.
Иако не знам што била причината за ваквата промена, сепак навистина не знам шо му требала. Претпоставувам дека му бил испран мозокот, или дека едноставно не можел да ги одбрани своите солипсистичките ставови, наспроти антитезите на критичарите. Сепак, ова учење немало доволно приврзаници, така што теоријата останува неусовршена.


Аде, бидејќи ти ја исполнив желбата и постот ми беше адекватен со темата, се надевам може да искористам еден оф топик:pos2:

Омилен филозоф: Black Rose.
Како извор за нејзината филозофска креативност ја користи тагата, а преку нејзините зборови ни предава таква мудрост така што буквално не занемува сите на радиус од еден километар.(не се шибам, стварно е овоа :pos2:).
Иако, она не сака се покаже во вистинското светло, сепак еве ја ви ја преставувам и почнувам да ја афирмирам како филозоф.:pos2:
 
Ako nekoj e od forumof toa e UnholY ete taka moze da go vbrojam i Fabullous_178 ama toj e malce frik ama ke go bide.
 
Ako nekoj e od forumof toa e UnholY ete taka moze da go vbrojam i Fabullous_178 ama toj e malce frik ama ke go bide.

Илка пеер вака, пошто со Ада пред некој ден се реплициравме меѓусебно во врска со темава која е стварно стана полна со оф топици и некреативни постови, и јас сепак реков дека го почитувам нејзиното мислење и дека се согласувам со неа останатите да се придржувате конструктивно до темава. Затоа ќе те замолам во иднина без оф топици пошто стварно се непотребни. Мислам дека промените кои беа вметнати ќе помогнат во тоа, бидејќи има опција за оставање коментари на профилите и сл.
Инаку, можам да кажам дека имам познавање од филозофијата, ама сеуште не сум стигнал до тој степен да бидам класифициран како филозоф :)
А, Fabullous, пошто ми е еден од најдобрите другари со сигурност тврдам дека може да биде класифициран како филозоф. Можеби на форумов не се докажува премногу, ама приватно стварно би ве изненадил кога би се нашле во можност да разговарате со него за било шо.
 
Мој омилен филозоф Вуди Ален
 
Омилен филозоф велиш а....
Епа најомилен мој...е најдобриот..најспремниот...филозофот кој е прогласен за мислител на милениумот ...
Тој кој поставил темел за развојот на општеството..кој размислувал далеку пред другите..кој своите размислувања ги темели единствено на идејата за подобрување на животот на луѓето а не за постигнување на вакви или онакви напредоци во пооделни сфери....

Почитувани - неговото име е КАРЛ МАРКС....
 
шопенхауер е мислител што ептен го почитувам...само што има 2 (големи) мани како човек

1. женомразец е
2. мизантроп е

да не беа овие 2 работи ке го сакав ептен човеков
 
Артур Шопенхауер

Би било пожелно да образложите и зошто е тоа така, односно што во нечија филозофија прави да ви биде омилен филозоф, или пак што ви смета во филозофија на некој друг па, како што вели BliND, не го поднесувате.
:pipi: дообро


Шопенхауер зато шо добро ја прикажува позитивноста на болката, нивната реалност, болните размислувања за постигнување на среќата, играта со спомените и идеите и реалноста на сегашноста, моќта на знаењето, лажното преценување и почитување, стапиците на уживањата...


А не ми се допаѓа философијата на Дон Мигел Руис зашо во све централно место за сите згоди и незгоди го става Господ
 
Og Mandino,Paulo Kuljo
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom