Вардариште

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Вардариште...
Што беше тоа...50 години тука се фрлаше-гмечеше-таложеше,сиот смет-отпад од Скопје.
Се наоѓа преку Вардар од населбата Ново Лисиче, во Маџари (пред кванташкиот пазар).
Сметот беше домашен и индустриски а богами и медицински(се од Кланица, од Алкалоид, од Кожара, од Европа, можеби и од Охис и.т.н.
Тој огромен простор дневно сигурно примаше 100 тина камиони за истовар на ѓубрето.
Еве видливо е колку е само покачено нивото на Х линијата,т.с. земјиштето. Далеководите се вкопани 5м.
Дали има некаде на друго место во светот, бивша депонија да се пренамени во пазариште.
Нели не лажеа по медиумите дека ќе биде некој тревник или парк или брзорастеќа шума.
На новата локација на Канта пазарот,само е посипано камен и песок (жолт од самиот камен).
Која инспекција дала дозвола за отварање на пазар на ова место. Дали е тоа правилно.
Веднаш до пазарот се наоѓа прифатилиште за бездомни домашни животни и неколку други фирми,кој се во фаза на изградба,а во близина се и повеќе „кванташки дуќани“ а и некој големи Отпади за откуп а веројатно и некоја преработка на разни отпадни суровини.
Тука не се фрла веќе неколку години ѓубре и смет, дали со тоа е веќе е безбедно ова место.
Дали или колку време треба тој смет и отпад да се разложи и да стане земјиштето здраво.
Дали е исправно-здраво и безопасно по здравјето сега на тие лица што се цел ден таму,врз депонијата.
Како ќе биде летно време,дали ќе има некој испарувања или штетни гасови од депонијата.
Па и толку народ под далеководи дали е пожелно - прифатливо.
Ваков Пазар - Бувљак, а овде го нарекуват уште и Канта пазар,постој во сите големи - главни градови, во околните земји а и подалеку, но сигурно никаде над бивша - ЕКС ДЕПОНИЈА.
Не беше решение ни овој пазар што се дозволи да биде неколку години на главна саобраќајница, ама...
ама ... мислам дека и ова треба да се преиспита дали е најдобро решение пазар на ова место.
Постручни лица нека го објаснат ова.................................................................................................................................Picture 2519.jpg Picture 2516.jpg Picture 2518.jpg Picture 2517.jpg
Проблемов заслужува ТЕМА...иако има некој слични на овој пазар(но не е само тука за пазар за здравје ???)
 
Чекај тек кога ќе никнат станбени објекти...
Инаку ме интересира дали од моментално ниво до точка каде проводниците се најблиску до зејма има повеќе од 6 метри? Цел регион треба да се забрани за движење. Мртва зона да е а не таму дополнително се привлекува народ со „некои активности“.
 
тука е правото место за мега камп за мигранти
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom