Value betting by RebelBetting

Член од
12 ноември 2022
Мислења
840
Поени од реакции
1.206
Мислам дека мешаш value betting со арбитража. И тоа го има во пакетот но огромни уплати треба и огромен е ризикот за лимитирање а ќарот премал.
E da mozno e, jas imam pojma od ovie raboti no ne sum gi proucil dobro.
A za ova rebelbeting znam odamna postoi mozebi desetina godini ?.
Izvestuvaj ne od vreme na vreme kako ti odi rabotata.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Здраво,

Дали некој има искуство со value betting производот на Rebelbetting? Го користам скоро месец и иако бев скептик прилично сум импресиониран од резултатите.
На препорака на другар кој за 4 месеци е 4-5.000 евра ќар, решив да пробам и подолу графикон на профитот за помалку од месец.

Накратко - програмата кошта 220 евра месечна претплата (про верзијата, има и стартер од 80 евра ама про е подобро) и ти дава сугестии на value bets кои имаат поголема вредност од реалната и сугестиите ги играш онлајн. Развиена е од прилично сериозни девелопери и месечните извештаи покажуваат просек од околу 60-100% месечен профит на корисниците. Од лично искуство, одзема саат-два од денот максимум, односно колку повеќе играш, повеќе профит, зависи буквално од корисникот, можеш со денови да не играш, а можеш и цел ден да дремеш и да се обложуваш.

Повеќе инфо на: Value betting - the easiest way to make money on sports
На линкот имате и калкулатор колку ќар би биле зависно од инвестиција и колку бетови дневно би ставале. Јас лично ставам просек 100 бетови во денот, препорачливо е барем 30-40.

Ако има друг кој го користи може да искомуницираме за меѓусебни споделувања на резултати и сугестии и совети.

Најголемиот проблем е лимитирање на кладилниците по одредено време (најсолидна со најмногу бетови е бет365 ама има и други), ама и во најлошо сценарио за 4-5 месеци додека да ве блокираат би направиле солидна пара.

Доколку сте заинтересирани за регистрација, користете го овај registration link со кој ќе добијам некои 50тина евра, па ќе ги испиеме во кафана, верувајте вие ќе ме почестите на крај од искуството. :)

p.s Во животов имам 3 тикети изиграно, абер немам од спортска, си го сфатив ова како инвестиција (влегов со 1.500 евра) и најдобро е кога ви дава сугестии да заборавите се што мислите дека знаете за спортска - simply follow what the program says.

Мои резултати по 3000 бета / 1 месец:

Прегледај го приврзокот 366931

Прегледај го приврзокот 366932
Рачно ги правеше овие 3000 бетови, или имаат автоматизација на нивната страна?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Букмејкериве се поврзани, делат датокети на играчи, не се идиоти. Сега во последниве години и со процедури против перење пари, тераат луѓе да се идентификуваат, законски ти ги држат податоците и до пет години откако ќе ја затвориш сметката. Ако се одлучиш да ја затвориш, или воопшто ти текне дека треба. Ти ги делат информациите со други фирми, маркетинг партнери и сл.
Не е точно ова. Особено делот каде се споделуваат лични информации помеѓу компании.

Вакви сервиси направиле некој софтвер, и може ќе функционира за некого некој месец, за други не. Ако се преплатат доста луѓе, ќе направат они пари.
Ова е точно.
Нема сите играчи да добијат исти натпревари.
Тие 220 евра се профитот на компанијата. Што повеќе корисници, поголем профит.
Самиот факт што даваат 50 евра за реферал говори многу.
 
Член од
2 јануари 2011
Мислења
1.557
Поени од реакции
998
Значи они викаат дека ако не направиш профит наредниот месец ти е бесплатен. Што со парите што ќе ги изгубиш за тој месец?

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Рачно ги правеше овие 3000 бетови, или имаат автоматизација на нивната страна?
Рачно. Излегува сугестија, одиш на бет365, ја играш, се враќаш на сугестијата, стискаш log и така за сите и после имаш прилично детални репорти и автоматизиран приказ на остварен профит. Не е толку споро штом фатиш ритам. Наутро и навечер по 45 минути би логирале околу 50-70 бета easily.
Автоматски споено мислење:

Значи они викаат дека ако не направиш профит наредниот месец ти е бесплатен. Што со парите што ќе ги изгубиш за тој месец?

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
Парите што ги губиш од играње се во кладилница така да тие ти се изгубени. Kelly stake sizing-oт не дозволува да појдеш на 0, ќе има swings на профитот нагоре и надолу особено на почеток но што повеќе бетови толку побрзо стабилизирање на свинговите. Ако немаш стомак да си во минус одредено време, не е за тебе ова. Со 1500 влог, првите 2 3 дена бев минус 100-200.

Најдобро е производов да се сфати како мала side инвестиција со пари кои не ти требаат во догледно време, никако не советувам последните пари ставање на ова.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Рачно. Излегува сугестија, одиш на бет365, ја играш, се враќаш на сугестијата, стискаш log и така за сите и после имаш прилично детални репорти и автоматизиран приказ на остварен профит. Не е толку споро штом фатиш ритам. Наутро и навечер по 45 минути би логирале околу 50-70 бета easily.
Автоматски споено мислење:

Парите што ги губиш од играње се во кладилница така да тие ти се изгубени. Kelly stake sizing-oт не дозволува да појдеш на 0, ќе има swings на профитот нагоре и надолу особено на почеток но што повеќе бетови толку побрзо стабилизирање на свинговите. Ако немаш стомак да си во минус одредено време, не е за тебе ова. Со 1500 влог, првите 2 3 дена бев минус 100-200.

Најдобро е производов да се сфати како мала side инвестиција со пари кои не ти требаат во догледно време, никако не советувам последните пари ставање на ова.
Друже ова е измачување, ако веќе си решил да играш со ова, барај начин да го автоматизираш типувањето, вака излегува како да си работел уште цела недела во месецот.
Дали пробавте да користите ист акаунт повеќе луѓе, да не му давате сите по 220 евра?
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Друже ова е измачување, ако веќе си решил да играш со ова, барај начин да го автоматизираш типувањето, вака излегува како да си работел уште цела недела во месецот.
Дали пробавте да користите ист акаунт повеќе луѓе, да не му давате сите по 220 евра?
Нормално дека треба одвоено време друже, nothing is for free, кажав погоре, зависи од тебе колку време одвојуваш, за мене лично одвоен час во денот вреди за 2.000 евра екстра месечен инкам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Нормално дека треба одвоено време друже, nothing is for free, кажав погоре, зависи од тебе колку време одвојуваш, за мене лично одвоен час во денот вреди за 2.000 евра екстра месечен инкам.
Не се заебавам со коментарот, туку ако навистина сте ги тестирале со месеци, и се добри, размислете како да го автоматизирате типувањата, ако не правиш анализи нема потреба да си го губиш времето со кликање (пример и симнуваш типовите во табеларен приказ (ако немаат опција на страната со scraper), и после со ботови си типуваш.

И не ги гледај бет365 туку betfair, кај овие имам тестирано автоматизирано типување пред 2-3 години (обавезно земи си прокси, не се прескапи, ќе си нарачаш листа и секоја скрипта да користи различен).
Еве гледам имаш и готови ботови: https://apps.betfair.com/automated-betting/

Ќе ја следам темава да видам како ќе се одвиваат работите, ако имаат добар ROI може да ги пробам некој месец, и ќе скоцкам ботови.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Затоа и ја отворив темава, за размена на искуства. Воедно заприметив не можам да го тргнам реферал линкот од 1 пост па ако може модератор нека го тргне, пошто гледам има коментари дека тоа е целта на темава :D
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Затоа и ја отворив темава, за размена на искуства. Воедно заприметив не можам да го тргнам реферал линкот од 1 пост па ако може модератор нека го тргне, пошто гледам има коментари дека тоа е целта на темава :D
Нека има кеш, па 50 евра алал нека ти се :D
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Не е точно ова. Особено делот каде се споделуваат лични информации помеѓу компании.
Во Британија јавна тајна е дека букмејкерите имаат системи со датотеки на сомнителни играчи. Јавни обвинувања имало на оваа тема. Исто како што во Лас Вегас казината делат датокетки на познати мамачи. Во иста индустрија се, па зошто да не си помагаат. Во Британија исто така имаше многу пашина за IESnare spyware што користеа/aт букмејкери да гледаат да не споредуваш коефициенти, чепкаш арбитража, злоупотребуваш бонуси и слично. Законски, 5 години ти ги држат информациите откако ќе ја затвориш сметката, ова е јасно наведно во условите на употреба кај скоро секој букмејкер и мислам дека правило од регулаторот. На истата страна треба исто така да пишува дека може да ги споделуваат информациите со нивни партнери за маркетинг и други потреби. Британија е реално водечки пазар во Европа за онлајн коцка, и се збори дека нивниот регулатор сега ќе бара играчи да докажуваат од кај им се парите за коцка. А, што носат они, други развиени пазари го копираат. Пример, они донесоа систем за само-банирање пред 3 години, кај што ако си фукнеш сам-себе бан, да не можеш да играш/кладиш, нема да можеш никаде да се кладиш во Британија онлајн. Германија, Шведска, Холандија, сите го копираа тоа. Копираат и други регулативи Британската комисија што ги носи. За многу работи се стеснува обручот поради јавен притисок ради масовно ширање на коцка. Од пред некоја година, во Британија мора да се идентификуваш при зачленување (укинаа и коцкање со кредитни картички они), а скоро секаде, па и на Карибиски сајтови ти бараат документи пред да те исплатат. Што не беше така порано, и ради тоа на крипто коцка се свртеа многу, ама и таму сега стана услов тоа, за да не се перат пари.

Јас не работам спортско кладење. Ама, value bet како концепт не е точен, зошто нема пресметлива веројатност во спортски настани. Во пример рулет, европски, операторот секогаш има 2.7% предност зошто има 0 позиција. Па и да се кладиш на црно/црвено, таа позиција секогаш му дава него поголема шанса дека нема да добиеш. Во казино игри, казиното секогаш е во предност, зошто игрите се математички дизајнирани така, инаку немаат да имаат фајде они да ти нудат нешто кај што имаш фер шанси да победиш. Во спорт, 200 работи може да се случат. 200 сценарија во натпревар. Така што, не може да се пресмета вистинската веројатност дека нешто ќе се деси, некој ќе победи, како што може во казино игри. Од ваква несигурност, оператори прават пари во кладење. Они секако си факторираат за да имаат солидни шанси за профит (во крупната слика) кога поставуваат коефициенти, и во зависност како луѓе се кладат, ги подесуваат. Има и оператори кои намерно споро ги подесуваат коефицинетите кога ќе се повреди играч и слично, во надеж дека луѓе ќе пробаат да искористат што мислат дека е прилика и ќе се кладат повеќе. Дали ова функционира, е друг муабет. Нив им е битно на крајот на денот, они да се во плус, се на се.

И да користиш value betting, оператори имаат нешто што они викаат stake factoring, со што автоматски подесуваат кој може колку да се клади. Ако губиш, ќе ти даваат повеќе да се кладиш, ако победуваш помалку. Нив, големата слика ги интересира. Не викам дека нема да можеш да свртиш некоја пара со нешто кладење, ама ако плаќаш даноци, тешко е да си во профит најчесто. А и да си во профит, долгорочно да тераш, тешко. Повеќе пари ќе заработи човек да фати да работи нешто, него да се замара со кладење. Поради тоа и скоро никој не прави кариера од ова. Луѓе само се лажат во млади години. Нема да видиш 40 години човек со фамилија професионален коцкар, зошто нема сигурност, гаранција за долгорочна исплатливост.

Кој што сака нека прави, ама во коцкање, повеќе пари се прават (не од оператори) од продавање софтвери, рефералс, маркетинг и слично него од самото коцкање. Ради тоа и цутат овие сфери, зошто луѓе лесно се лажат за лесни пари. My 2 cents.
 
Фер поента (особено за арбитражата за која се согласувам дека брзо ќе си блокнат и не се исплати) со тоа што сепак се враќаме на мојот став - дека краткорочно можеш да свртиш некоја пара додека да те лимитираат, а во тој случај си правиш withdraw и си се задоволуваш со оствареното - или бараш некои loopholes за долгорочно со VPN-и, користење 4G, динамични IP итн. Мене планот ми е првиот, играј дури не си блокнат. Нејсе, рефералот е тргнат од првиот пост, ако и некој друг го користи концептов можеме да размениме сетинзи, искуства итн. Од аспект на споредбата казино вс. спорт, точно е дека има многу повеќе фактори кои дополнително отежнуваат да се дефинира што е а што не е value bet, но логиката вели дека долгорочното играње најдобри можни коефициенти ќе те носи во плус. Heck, и без валуе бетинг ако играш 10.000 бета на 2 коефициент можеби ќе си плус. Производов не е за 5, 10 или 50 бета, потребни се илјадници пред да видиш реален резултат кој не се заснова на среќа. И да ти дадат 2.50 коефициент на паричка фрлање може да утниш 5 пати по ред па да тврдиш дека играта е rigged и не е профитабилна.

Пак ќе повторам, моето искуство е од 1 месец користење, не дека сум страшен фактор за дека е 100% proof, но јас почнав од причина што близок човеќ веќе 5 месеци е дебело во профит и не е лимитиран, ниту па имало месец кај што не бил солидно во плус. Тоа ми беше доволно да ги ископирам неговите сетинзи и да правам тоа што прави тој.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.117
Поени од реакции
8.906
Во Британија јавна тајна е дека букмејкерите имаат системи со датотеки на сомнителни играчи. Јавни обвинувања имало на оваа тема. Исто како што во Лас Вегас казината делат датокетки на познати мамачи. Во иста индустрија се, па зошто да не си помагаат. Во Британија исто така имаше многу пашина за IESnare spyware што користеа/aт букмејкери да гледаат да не споредуваш коефициенти, чепкаш арбитража, злоупотребуваш бонуси и слично. Законски, 5 години ти ги држат информациите откако ќе ја затвориш сметката, ова е јасно наведно во условите на употреба кај скоро секој букмејкер и мислам дека правило од регулаторот. На истата страна треба исто така да пишува дека може да ги споделуваат информациите со нивни партнери за маркетинг и други потреби. Британија е реално водечки пазар во Европа за онлајн коцка, и се збори дека нивниот регулатор сега ќе бара играчи да докажуваат од кај им се парите за коцка. А, што носат они, други развиени пазари го копираат. Пример, они донесоа систем за само-банирање пред 3 години, кај што ако си фукнеш сам-себе бан, да не можеш да играш/кладиш, нема да можеш никаде да се кладиш во Британија онлајн. Германија, Шведска, Холандија, сите го копираа тоа. Копираат и други регулативи Британската комисија што ги носи. За многу работи се стеснува обручот поради јавен притисок ради масовно ширање на коцка. Од пред некоја година, во Британија мора да се идентификуваш при зачленување (укинаа и коцкање со кредитни картички они), а скоро секаде, па и на Карибиски сајтови ти бараат документи пред да те исплатат. Што не беше така порано, и ради тоа на крипто коцка се свртеа многу, ама и таму сега стана услов тоа, за да не се перат пари.

Јас не работам спортско кладење. Ама, value bet како концепт не е точен, зошто нема пресметлива веројатност во спортски настани. Во пример рулет, европски, операторот секогаш има 2.7% предност зошто има 0 позиција. Па и да се кладиш на црно/црвено, таа позиција секогаш му дава него поголема шанса дека нема да добиеш. Во казино игри, казиното секогаш е во предност, зошто игрите се математички дизајнирани така, инаку немаат да имаат фајде они да ти нудат нешто кај што имаш фер шанси да победиш. Во спорт, 200 работи може да се случат. 200 сценарија во натпревар. Така што, не може да се пресмета вистинската веројатност дека нешто ќе се деси, некој ќе победи, како што може во казино игри. Од ваква несигурност, оператори прават пари во кладење. Они секако си факторираат за да имаат солидни шанси за профит (во крупната слика) кога поставуваат коефициенти, и во зависност како луѓе се кладат, ги подесуваат. Има и оператори кои намерно споро ги подесуваат коефицинетите кога ќе се повреди играч и слично, во надеж дека луѓе ќе пробаат да искористат што мислат дека е прилика и ќе се кладат повеќе. Дали ова функционира, е друг муабет. Нив им е битно на крајот на денот, они да се во плус, се на се.

И да користиш value betting, оператори имаат нешто што они викаат stake factoring, со што автоматски подесуваат кој може колку да се клади. Ако губиш, ќе ти даваат повеќе да се кладиш, ако победуваш помалку. Нив, големата слика ги интересира. Не викам дека нема да можеш да свртиш некоја пара со нешто кладење, ама ако плаќаш даноци, тешко е да си во профит најчесто. А и да си во профит, долгорочно да тераш, тешко. Повеќе пари ќе заработи човек да фати да работи нешто, него да се замара со кладење. Поради тоа и скоро никој не прави кариера од ова. Луѓе само се лажат во млади години. Нема да видиш 40 години човек со фамилија професионален коцкар, зошто нема сигурност, гаранција за долгорочна исплатливост.

Кој што сака нека прави, ама во коцкање, повеќе пари се прават (не од оператори) од продавање софтвери, рефералс, маркетинг и слично него од самото коцкање. Ради тоа и цутат овие сфери, зошто луѓе лесно се лажат за лесни пари. My 2 cents.
odlicen post na temava.

interesen moment e, so za pomali sumi (ili relativno pomali sumi zemjaki soodnos na plati/prihodi zapadna evropa i balkan / istocna),
na zapad se kreva ogromna mediumska prasina, i najcesto naogjaat nacin da izdejstvuvaat nekoi limiti (bez razlika dali se opravdani ili ne). vo britanija tie 2-3ca likovi so gi pratam (vklucuvajki joseph buchdahl, avtor na nekolku knigi na ovaa tematika) postiraat za dosta inicijativi momentalno za ogromno limitiranje ili celosna zabrana na kladenje, so se nadevam nema da se sluci.
kaj nas vockice se dojdeni na nivo na nacionalna epidemija, povekje steta napravija od kovid, nikomu nisto :ROFLMAO:

value bet kako koncept se basira na sporedba na CLV closing line value. ne se soglasuvam jas so toj koncept, ama toa se forsira "gambling twitter" (uglavno ameri, brits i australia) vo site knigi na ovaa tematika, site so se poznati kako sharp bettors.
za niv, ako si stavil 1 na junajted na 1.7, a pred start na mec e 1.6 kvota, imas dobar / value bet, bez razlika na ishod.
ne go negiram konceptot (ima lugje po tviterot koi se poznati deka ogromni pari stavaat na ovoj koncept), ama za da si gi zgolemis sansite za da si plus, treba i da imas bankroll (lugje da vlozuvaat vo sistemot), nacin za uplata (on offshore) i da uspees da ne te baniraat sekade (da imas mreza na lugje da uplakjaat). komplicirano e, ama ima lugje so go turkaat seto.

pocnav da pravam nekoi moi modeli po ovaa logika, ama nikogas ne sum go probal za pari. mi nema logika da uplakjam preku 1000 betovi vo sezona. mesecno imam nekade 20-50 singlovi, i toa mi e taman.

95-99% od igracite se vo minus dolgorocno. ima lugje koi se vo plus. ama treba da se pravi razlika od toa deka nekoj e vo plus i deka zivee isklucivo od toa (profesionalec).
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Во Британија јавна тајна е дека букмејкерите имаат системи со датотеки на сомнителни играчи. Јавни обвинувања имало на оваа тема. Исто како што во Лас Вегас казината делат датокетки на познати мамачи. Во иста индустрија се, па зошто да не си помагаат. Во Британија исто така имаше многу пашина за IESnare spyware што користеа/aт букмејкери да гледаат да не споредуваш коефициенти, чепкаш арбитража, злоупотребуваш бонуси и слично. Законски, 5 години ти ги држат информациите откако ќе ја затвориш сметката, ова е јасно наведно во условите на употреба кај скоро секој букмејкер и мислам дека правило од регулаторот. На истата страна треба исто така да пишува дека може да ги споделуваат информациите со нивни партнери за маркетинг и други потреби. Британија е реално водечки пазар во Европа за онлајн коцка, и се збори дека нивниот регулатор сега ќе бара играчи да докажуваат од кај им се парите за коцка. А, што носат они, други развиени пазари го копираат. Пример, они донесоа систем за само-банирање пред 3 години, кај што ако си фукнеш сам-себе бан, да не можеш да играш/кладиш, нема да можеш никаде да се кладиш во Британија онлајн. Германија, Шведска, Холандија, сите го копираа тоа. Копираат и други регулативи Британската комисија што ги носи. За многу работи се стеснува обручот поради јавен притисок ради масовно ширање на коцка. Од пред некоја година, во Британија мора да се идентификуваш при зачленување (укинаа и коцкање со кредитни картички они), а скоро секаде, па и на Карибиски сајтови ти бараат документи пред да те исплатат. Што не беше така порано, и ради тоа на крипто коцка се свртеа многу, ама и таму сега стана услов тоа, за да не се перат пари.

Јас не работам спортско кладење. Ама, value bet како концепт не е точен, зошто нема пресметлива веројатност во спортски настани. Во пример рулет, европски, операторот секогаш има 2.7% предност зошто има 0 позиција. Па и да се кладиш на црно/црвено, таа позиција секогаш му дава него поголема шанса дека нема да добиеш. Во казино игри, казиното секогаш е во предност, зошто игрите се математички дизајнирани така, инаку немаат да имаат фајде они да ти нудат нешто кај што имаш фер шанси да победиш. Во спорт, 200 работи може да се случат. 200 сценарија во натпревар. Така што, не може да се пресмета вистинската веројатност дека нешто ќе се деси, некој ќе победи, како што може во казино игри. Од ваква несигурност, оператори прават пари во кладење. Они секако си факторираат за да имаат солидни шанси за профит (во крупната слика) кога поставуваат коефициенти, и во зависност како луѓе се кладат, ги подесуваат. Има и оператори кои намерно споро ги подесуваат коефицинетите кога ќе се повреди играч и слично, во надеж дека луѓе ќе пробаат да искористат што мислат дека е прилика и ќе се кладат повеќе. Дали ова функционира, е друг муабет. Нив им е битно на крајот на денот, они да се во плус, се на се.

И да користиш value betting, оператори имаат нешто што они викаат stake factoring, со што автоматски подесуваат кој може колку да се клади. Ако губиш, ќе ти даваат повеќе да се кладиш, ако победуваш помалку. Нив, големата слика ги интересира. Не викам дека нема да можеш да свртиш некоја пара со нешто кладење, ама ако плаќаш даноци, тешко е да си во профит најчесто. А и да си во профит, долгорочно да тераш, тешко. Повеќе пари ќе заработи човек да фати да работи нешто, него да се замара со кладење. Поради тоа и скоро никој не прави кариера од ова. Луѓе само се лажат во млади години. Нема да видиш 40 години човек со фамилија професионален коцкар, зошто нема сигурност, гаранција за долгорочна исплатливост.

Кој што сака нека прави, ама во коцкање, повеќе пари се прават (не од оператори) од продавање софтвери, рефералс, маркетинг и слично него од самото коцкање. Ради тоа и цутат овие сфери, зошто луѓе лесно се лажат за лесни пари. My 2 cents.
Другар 5 поста напиша за реферали и замки за лесни пари. Чил малце, членов е одамна тука, не нуди лајонес картички.
Никој не пробува кариера како коцкар да гради. Читај што ти напишал, интересен начин да се сврти некој денар дур може. Со вишок пари, исто ко да си инвестирал во крипто или некој друга ризична инвестиција. 2000 евра месечно е сериозна сума на пари во Македнија, мало морген дека ќе ги заработиш ако фатиш да работиш нешто.

На темата, искрено изненаден сум порано што некој не смислил софтвер за ова. Од друга страна изненаден сум и кладилниците што не се толку ажурни да те банираат побрзо.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Подолу причината поради која почнав. Скептик бев и му реков нека поминат 4 5 месеци ако функционира ќе почнам и јас. Епа еве од последни 5 месеци, проценете сами дали е среќа/случајност или има логичен патерн графата. BTW, типот вади секој месец по 1000 евра аппрокс и пак се враќа на старото ниво на обложување, во теорија ако не вадиш секој месец и само креваш bankroll а со тоа и влогови, профитот ќе е поголем. Ова подолу е со влез (Bankroll) од 1.000 евра.

1676234805145.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom