Братучед ми има Голф 7мица (~2014та) во Мк, 1.2 TSI и на 70,000 км почна да јаде масло.
Моево 2.0 TSI на 25,000 км почна да јаде, а на една другарка на 40,000 км. Сите 3 коли беа купени нови, редовни сервиси итн.
EA888 Gen 3 моторите TSI што се користат во VW и Audi се проблематични со јадење масло, во ЕУ 2013-2018та година можеш да најдеш, па после свртија на Gen3B и Gen4. Проблемот е со дизајнот на прстените на вентилите, што пуштаат масло во цилиндарот и после тоа моторот го согорува.
Освен потрошувачката на екстра масло, немам други поплаки. Еве 41,000 км без никаков друг проблем освен јадењето масло.
Мислам дека со Gen4 или 4та генерација го решија проблемот со согорувањето масло, ама е сеуште нов дизајн и не е 100% сигурно сеуште.