V O L K S W A G E N

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Може да ми кажете дали и колку е паметно да се купи голф 5 бензин 1.4 со мнг мала помината километража и неувезуван ?
 
Некако новиов Голф 7 ми делува визуелно лито и неквалитетно. Го ценам брендот и моделот максимално значи секоја им чест тие успеси не се за џабе. Европски и светски автомобил на годината. Само во споредба со Голф 6 и Голф 5 ми делува несериозно. Мое мислење е дека од сите Голфови досега најдобар беше 5-ката во секоја смисла. Исто така не ми се допаѓа и не го разбирам тоа што цела историја Волксваген форсира за што помалку години да се изнесе нов модел поготово кај Голфовите обично тоа го прават брендови кај кои е неуспешна продажбата на моделот а кај нив е тоа непознато во историјата на постоењето... И во делот технологијата воопшто не ми се допаѓа системот на принудно сопирање.
 
сакам да прашам каде може да најдам ребраст за поло 1.4 тди 55 киловати и како е подбро да се смени само каиш или со се затегачи и каде да видам цени како одат по ск ?
 
Јас би ти рекал со се затегачи да си смениш е сеа за Пасатот мене се ме кошташе околу 10-12 илјадарки мислам
 
Може да ми кажете дали и колку е паметно да се купи голф 5 бензин 1.4 со мнг мала помината километража и неувезуван ?
Не е. Кај нас Гољф-овите се преценети. За истите пари ќе купиш далеку поквалитетна и посочувана јапонска кола. Понатаму 1.4 атмосферскиот бензинец е преслаб мотор за таа шасија. Возилото ќе ти биде премногу тромо и нај-неекономично.
 
Јапанецот да е квалитетен но си помислил за делови и одржување како ќе ти биде и повеќето тие твои јапонци се произведени во Турција си помислил малце на тоа ? ;)
 
Јапанецот да е квалитетен но си помислил за делови и одржување како ќе ти биде и повеќето тие твои јапонци се произведени во Турција си помислил малце на тоа ? ;)

Имаш претставници за Јапански возила во МКД,ќе си порачаш од кај нив дел ако не веруваш и готово..
 
Има и во Грчка не е далеку. Во Грчка има огромен избор на делови.
 
Има и во Грчка не е далеку. Во Грчка има огромен избор на делови.

Ако те фатат на царина има газето да ти го изгорат..Ќе ги преплатиш..Треба во гаќите да ги пикаш..
 
Имаш претставници за Јапански возила во МКД,ќе си порачаш од кај нив дел ако не веруваш и готово..
Незнам дали можеш настаро кај нив да земаш, разговорот погоре беше за половни возила ;)
 
Јапанецот да е квалитетен но си помислил за делови и одржување како ќе ти биде и повеќето тие твои јапонци се произведени во Турција си помислил малце на тоа ? ;)
Не сум помислил туку сум одржувал и знам. Помина времето кога немаше делови и/или беа скапи. Барем сега во Скопје на лагер има колку сакаш заменски и оригинални делови. Солид-АС имаат одличен лагер и одлични цени, ретко кога се случило нешто специфично да нема, но истото го набавуваат во рекордно време. За половни делови, нема како за Гољф 'нга Тетова, ама ене го Солун кај е. Во Солун има колку сакаш плацови со расклопени јапанци на влез и излез од град, а и во продавничките за половни афтоделови што се наоѓаат на северниот влез во близина над, за нашинците добро познат, Гиро Вардарис.

Што се однесува до тоа дека се произведени во Турција, не гледам проблем. Се тоа се произведува во фабрики на производителите, под надзор и со контрола на квалитет, па може и на Марс да ја преселат фабриката, квалитетот ќе биде ист. И чисто за информација, не само јапонските, туку сите произвдоители, вклучително и германските, имаат фабрики насекаде низ светот, па така и во Турција. Кога Mercedes може да произведува цели возила во Кина, што правиме муабет за Тојота што произведувала шофершајбни и штопови во Турција...

For the record, според ADAC, кој важи за нај-релевантен извор на технички информации за автомобилизмот во Германија, на направен тест од 8 милиони возила, од листата од 100 најиздржливи и најдоверливи возила произведени во последниве 10 години, 60 се јапонски. Па сега види.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom